Пукање во школо во Белград

  • Креатор на темата Креатор на темата Sladoledzija
  • Време на започнување Време на започнување
Детево ако 3 години било малтретирано, секоја му чест за храброста. Многу сме посакувале тоа и ние да го направиме, верувам и сеуште сакаме против одредни личности, како политичари, маалски рекетари и сл, но ете се надеваме ќе фати некоја од клетвите.

Многу родители не ги учат своите деца дека не е во ред да малтретираш други, дека треба да се реагира, а не сеир да се фаќа, вработените во институциите исто. Дел и ги бодрат, да бидат фраери, па нормално било да се челичат итн.

Мирно, интелигентно дете (тоа од Корчагин) си го одзема сопствениот живот, наместо смрдените професорки кои учествувале во малтретирањето со другите ученици.
После излезе информација за друго дете каде и директорката била запознаена па никому ништо.
Зашто па нивните животи не се битни ко на овие што малтретираат... Само зашто се физички послаби, изолирани, нема кој да ги заштити, треба ли со години да живеат во пекол, па после да се празнат на фамилијата или самоуништуваат со алкохол, дрога....

Живеење во заедница, општество, значи дека сите треба заедно да се грижиме секој член во општеството праведно да се третира. Но ние се однесуваме како варвари, а после глумиме цивилизирани и загрижени. Акција и реакција, ако ја нема акцијата, реакцијата нема ни да постои.

Ова е најпаметното и најреално согледување во темава.

Како што е напишано погоре, акција и реакција = позитивна или негативна. Дете кога треба да се оформува како личност секојдневно ќе биде демонизирано, понижувано и физички малтретирано без никаква заштита од системот, или ќе се фрли од катна каража (како детето од корчагин) или ќе земе огнено оружје и ќе
се реваншира на сите кои му ја внеле омразата во него. Да, не е нормално но тоа е тој исход од кој сите се плашиме.
Пред недела дена бев сведок на нешто грозно, морбидно и разочарувачко. Пријател, професор во едно основно училиште во Скопје добива меил од родител со извинување према него зашто нивното дете пропуштило настава (зашто било на психијатар) и прилог видео од причината.
"Другарчиња" од негов клас направиле виде монтажа во кое го демонизираат нивниот другар, каде го претставуваат како дебел и педер кој сака секс со машки и го објавиле на интернет. Детето било под туртура секојдневно подолг период, иако било мирно и дете со висока интелигенција кое било едно од најдобрите во клас. Детево завршило на психијатар, а родителот скршен не знае како да му помогне на своето дете .... ШОК и неверување !!!
Ова што се случи во соседна Србија, се случува и кај нас секојдневно, во големи размери, каде се булираат деца зашто се поинтелигентни и попаметни од другите, а за возврат и љубомора од нивните "другарчиња" добиваат понижување и деградирање во периодот кога се офрмуваат како личности, живеејќи во секојдневен хорор филм.
Прашањето не е дали, туку кога некое дете во некое од нашиве школи ќе го види спасот во крвава одмазта како оваа денеска.
 
Ќе им го почеша психологот само. :D
За онакви лекот е само кршење по некој прст од син/внук на професорката, особено прстот што ѝ го пикуваа во уста.
Нели, насилството со насилство се решава.

Се надевам дека си саркастичен.
 
Дете е, не знае, невино е до одредена граница. Кога ќе ја помине границата, веќе не е дете, туку е во случајов убиец.

проблемот е што децата не сфаќаат што е одговорност од мали, затоа има булинг и вакви случаи. Се третираат како благоретардирани и сите екцеси се толерираат со тој изговор дете е. Што од дома што од школото. А тенка е разликата меѓу дете и злоставувач на други деца.
 
Нели, насилството со насилство се решава.

Се надевам дека си саркастичен.
Никако не влијае разговор на денешниве генерации, ни од психолог, ни од родител. Семејството одамна не ги воспитува децата, туку друштвото и интернетот. Desperate times calls for desperate measures.
 
Ова директно е кривица на родителите, каде побогу го криеле оружјето за да биде на дофат на тинејџер?
Будали родители. Требало како вас на ѕид закачено да го чуваат за недајбоже ако им текне на извршители или инкасатори да дојдат одма да се најде при рака.
Како беше она старо правило кај вас ?!
На 12 год му се дава кама на детето, на 16 му се дава пиштол. На 16год и 1 ден веќе почнува да собира рекет од каури.
 
Нека пуштаат по Србија
Задруга
Фарма
Кристијан Голубовиќ
Кнеле
Бака прасе
И други идиоти и после нека се чудат зошто се сите покварени...
Свесен си дека ова и за нас важи..?
(Бтв, тој е шаблонот на идиократијата која ја донесе ген Z)
 
Нема да одговара нема наполнето 14 години, закон не го фаќа, е сега ќе се чека да го повтори делото па да одговара. А дека е булинг гадно нешто тоа си држи, зашто луѓето се гнасен род и најсурови од секогаш биле децата а зашто? Зашто се најискрени и не се устручаваат да си ги покажат правите лица и да се однесуваат монструозно према другите, не се ни они криви кога таков е човечкиот род, тоа преправање е само одлика на возрасните. Сакале ние да си признаеме или не, злото е основната материја од која е составена човечката душа, доброто се учи во школо, т.е како да бидеш добар или како добро да глумиш.
 
Не може да му судат како на возрасен за дело што го направил кога имал 13 години.
Ne znam, ama nema da se izvlece vo sekoj slucaj. Ili sega ke mu sudat, ili na 18, bitno ke go okrka posto i mediumskiot pritisok e jak.
 
Никако не влијае разговор на денешниве генерации, ни од психолог, ни од родител. Семејството одамна не ги воспитува децата, туку друштвото и интернетот. Desperate times calls for desperate measures.
Ете го резултатот - убиени другарчиња.
 
Дали е предалеку отидено све и нема назад - не знам, ама мора општеството да најде сили и да реагира. Нејќам да бидам како стрина од комент секција на точка.мк со банални прогнози и нагаѓања, ама многу е можно со ова семето да е посеано.
На милион деца на кои вакво нешто на крај памет не би им паднало, чучи едно како овоа што во моментов добива инспирација.

Србија си живее во психоза и морален и културолошки распад во степен кој кај нас сеуште не е стасан, ама како и за се друго што ни доаѓа од таму, многу брзо фаќаме приклучок.
Како кај нас ова не е стигнато ?!
Кој го закла Ангел од Ѓорче за точакот ?! Кои и колкави колат низ автобусиве ?!
Или ова за што го пиша за шипци неважи зошто се рамковно заштитени ?!
 
Ете го резултатот - убиени другарчиња.
Да им скршел нос на некој од "другарчињата" кои го малтретирале, можеби немало да дојде до таков резултат, можеби ќе имале повеќе почит кон него и немало да го гледаат како плен за малтретирање.
 
Ова е најпаметното и најреално согледување во темава.

Како што е напишано погоре, акција и реакција = позитивна или негативна. Дете кога треба да се оформува како личност секојдневно ќе биде демонизирано, понижувано и физички малтретирано без никаква заштита од системот, или ќе се фрли од катна каража (како детето од корчагин) или ќе земе огнено оружје и ќе
се реваншира на сите кои му ја внеле омразата во него. Да, не е нормално но тоа е тој исход од кој сите се плашиме.
Пред недела дена бев сведок на нешто грозно, морбидно и разочарувачко. Пријател, професор во едно основно училиште во Скопје добива меил од родител со извинување према него зашто нивното дете пропуштило настава (зашто било на психијатар) и прилог видео од причината.
"Другарчиња" од негов клас направиле виде монтажа во кое го демонизираат нивниот другар, каде го претставуваат како дебел и педер кој сака секс со машки и го објавиле на интернет. Детето било под туртура секојдневно подолг период, иако било мирно и дете со висока интелигенција кое било едно од најдобрите во клас. Детево завршило на психијатар, а родителот скршен не знае како да му помогне на своето дете .... ШОК и неверување !!!
Ова што се случи во соседна Србија, се случува и кај нас секојдневно, во големи размери, каде се булираат деца зашто се поинтелигентни и попаметни од другите, а за возврат и љубомора од нивните "другарчиња" добиваат понижување и деградирање во периодот кога се офрмуваат како личности, живеејќи во секојдневен хорор филм.
Прашањето не е дали, туку кога некое дете во некое од нашиве школи ќе го види спасот во крвава одмазта како оваа денеска.

Треба да се разговара со родителите на другите деца и да се побара да се свика родителска. Ако тоа не вроди со плод ќе разговараш со родител на поттикнувачот и ќе му кажеш дека ако ова не прекине, ќе ти ја скршам главата од тротоар и ќе ти се исерам во черепот.
Автоматски споено мислење:

Мое дете да стигне до психијатар поради булинг во школо, јас ќе бидам Коста Кецмановиќ. (Така иде зборот, не се палете одма)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom