Настанов е типичен приказ на тоа каде отиде нашево општество. САД и нејзините вредности кога ни се вредност (на сите во регионов) ова се последиците.
Јас не сум чул во Кина да има пукање во школо. Ваљда зошто таму децата од мали ги учат на работа и труд и дека секој што нема да биде послушен јаде стапови а после тоа иде у гулаг. На запад си кул со вакво однесување. Особено сега кај децата кога Тик Ток ги индоктринира што да прават, не очекувајте за 20 год некој до нив да да биде деловен,успешен човек. Во Кина забранета е светскава мрежа на Тик Ток, па користат своја со длабока цензура. Таму Тик Ток е апликација за " уради сам " и учење хобија и вештини. Па затоа не гледаме 12 годишни кинезинки што тресат газови и 12 годишни кинези со пиштоли, кокаини и шампањи по дискотеки. Целиов настан е првично општествена грешка.
Второ е институционлана грешка. За ова не мора да пишувам сите знаете каде и со какви институции располагаме на балканов.
Трето поради потфрлањето на горниве две работи станува и лична грешка. Прво родителите а после тоа самото дете. Кој е тој родител што 13-14 год дете свесно го учи да користи оружје (секако ако не е шипо) ? Второ пак институциите доаѓаат на ред. Како така стрелиштето каде што вежбало детево дале дозвола 14 годишен да тренира пукање ?!
Нашиве генераци кога Нокија 3310 беше врвна технологија на дете од 12-16 год ги немавме овие проблеми. Интернетот беше ретко и прилично тешко достапен (од финансиски аспект), а ваљда и самиот интернет тогаш не беше преплавен со визуелни представи на масакри и убиства ( Исис имаа свој канал на секоја мрежа каде што објавуваа видеа до " казни " и никој не ги блокираше тие канали. Сега на пример за која сакаш војна во светов имаме буквално лајв стиминг или снимки со дрон од терен. Особено во Украина каде што војната е со огромен медиумски интерес.
Тогаш ако некое од децата се фатеше на мета највеќе беше за физички изглед и за кискови и гафови и тоа траеше неколку саати и после се забораваше.
Немаше смислено и тенденциозно малтретирање. Сите дури се чудевме за такво нешто кога ќе видевме на филм.
Она што го спомна
@Ne_sum_ja со Јана е easy mode. Па на крај сите се сеќавате како почна јавна соба ?!
Малолетници си делеле слики од соученички. После тоа се увалиле педоманијаци.
Дете и слобода на интернет не се паметна комбинација.