Premier League - 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?


  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Арсенал освојува.
 
И овие ко Јунајтед со мочка правени, не ми се верува.
 
Не знам што очекуваат повеќето од Арсенал. Прво се прелимитирани во составот, замените се треторазредни играчи. Види го овој Фабио Виеира како игра, дрвар невиден. И првата постава на хартија не е ни во топ 4 во лигата, така што во моментов што се прво место е светско чудо. Не може да се очекува дека ќе газат ко Сити, затоа што Сити има играчи за два состави појаки од Арсенал да склопи.
Константно напаѓаат денес, лош сплет на околности што Рамсдејл ги пресече со грешка за првиот гол кој падна уште во 20-та секунда. Немаат класичен напаѓач, Габриел Жесус е солиден годинава, ама и тој се враќа од повреда. Џабе напаѓаат, нема кој да даде гол. Имаа пех во одбрана со повредата на Салиба, Холдинг и Габриел се многу лош тандем и тука треба да се бара вината за тоа што се нестабилни во последниве кола. Реално Холдинг е штопер за тим ко Борнмут, а Габриел покрај него личи ко за во втора македонска лига да игра.
Прават некои аматерски грешки. На пример Парти откако се врати во игра, се изнаправи клучни грешки кои водеа до голови.
Додатно на тоа, изгубија бодови ради судии. Кој што сака нека каже, многу очајни одлуки имаше против клубот. Да не коментирам што кога послаб противник поведува против нив, судиите константно толерираат задржување време. Види го голманов на Саутемптон, задржува време на секое рогање од гол аут, лежат по терен цело второ полувреме.
 
Сакам Арсенал да освои, сакам и Саутемптон да остане во ПЛ.
Како стојат работите, ни едното, ни другото ќе биде :(
 
Единствен играч со јајца во екипава е само Мартинели, другиве ги напунија гаќите. Јебига, џабе трудот цела сезона кога во најбитните две недели од сезоната потфрлија.
 
Бараш титула, губиш на домашен од најнеефикасниот и последен тим во лигата.

Заслужуваме петарда на Етихад и барем со време да се помириме дека ќе дојдат подобри времиња.
 
Бараш титула, губиш на домашен од најнеефикасниот и последен тим во лигата.

Заслужуваме петарда на Етихад и барем со време да се помириме дека ќе дојдат подобри времиња.

Ајде, ајде, глава горе. Има и нешто бело во црнилото. Мудрик е без гол за Челзи.
 
Ајде, ајде, глава горе. Има и нешто бело во црнилото. Мудрик е без гол за Челзи.
Треба резултатот да те загрижува. Саутемптон ви се приближува.
 
Го чекаме @cholismo да распали со некоја експертиза дека Арсенал се ѕверови и освајаат 100% годинава нели…
 
Ајде, ајде, глава горе. Има и нешто бело во црнилото. Мудрик е без гол за Челзи.
Ќе биде црнило Амеров ко ќе ве преименува во Tottenham Blue Jackets.
 
Сосема очекувано е во фудбалот екипа без искуство да падне под притисок во вакви моменти.

Во овој тим на Арсенал и тие 2ца што се наоѓале во вакви ситуации претходно (Зинченко и Жезус) биле само со споредни улоги во тие моменти. А може и 3ца да се, ако Парти беше дел од тимот на Атлетико што освои Ла Лига пред 2-3 год, да не гуглам сега.

Од друга страна Сити тек се будат, во ненормална форма се последните месец ипол. Едноставно Арсенал (а и никој друг моментално) не се доволно дораснати да се носат со тим што игра на такво ниво.

И нека не ги залажува сезонава, далеку се од комплетен тим и со ЛШ догодина, ако не инвестираат сериозно и паметно на лето, наредна сезона можат многу лесно да се вратат во борба за топ 4.
 
Колку ми е мило шо си ги губат конците Арсенал. :love:
Лиглето Артета со неговиот глумец Хесус ќе освоеле титула, важи :ROFLMAO:
 
Не паметам да имало ваква борба за опстанок, еден куп екипи насобрани во мала бодовна разлика. Гледам скоро сите играат меѓу себе на крајов.

Само како се најде Лестер во ова друштво не знам, до лани цело време во борба за Европа сега последни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom