- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 31.021
- Поени од реакции
- 74.397
Треба на сите да им биде јасно дека деновите во кои игравме ЛШ се веќе минато. Каде и да е, Македонија и ќе го изгуби местото во ЛШ. Со вакви спорадични настапи во Европа, максимум уште нареднава година ако имаме место во ЛШ.Ние не сме селски клуб, секој кој сака да гледа утакмица треба да е добродојден.
Тоа што изгубивме од Алкалоид мораше да дојде, едноставно печени бевме за пораз.
А и печени сме да ја изгубиме титулата, се лажеме дека нешто ќе се смени, сеуште живееме во филм дека Вардар е сеуште истиот клуб, на моменти кога е пуна сала има по некој блесок, но далеку од тоа што треба да е Вардар.
И уште живееме со она ќе биде подобро, иако не изгледа така.
И во двата клуба единствена светла точка се Комити, а за пофалба е и обичната публика.
Се друго, за сега според мене не влева надеж.
Вардар живурка со помош на тоа што уште има име и задрживме неколку поискусни репрезрнтативци. За наредна година ниту еден нема потпишано договор и се чека каков ќе биде исходот од сезонава. Клуб што во април нема претставено ниту еден играч за наредна година, се знае какви амбиции може да има во следната сезона.
Долгот не е вратен, казната за Европа останува и финансиската состојба не е сјајна. Михо крпи колку може, ама помош од друга страна нема. Дополнително влезот на Жиле и Кире во ракометот, ќе значи дека може да се опростиме од потпишување добри млади македонски играчи во иднина.
Ние не можеме во ФК Вардар да најдеме спонзор, не па во ракометот. За да имаш приватен спонзор, треба некоја друга придобивка да имаат со влезот во клубот, односно да имаат шеми со власта. Оваа власт нема симпатии кон Вардар, плус реално ДУИ ја води државата, така што нема да видиме спас во скоро време. Вардар не е општински клуб за да добива пари од некоја општина (Аеродром фрли некоја смешна сума до душа), така што се останува на грб на Михо.
Има некои најави за странски спонзор, ќе видиме што ќе излезе. И тоа е благодарение на името и реномето кое се изгради последниве години. Ако влезе странскиот спонзор, ондак нема ни збор дека ќе продолжи доминацијата во иднина.