Фан клуб - РК Вардар

Ние не сме селски клуб, секој кој сака да гледа утакмица треба да е добродојден.
Тоа што изгубивме од Алкалоид мораше да дојде, едноставно печени бевме за пораз.
А и печени сме да ја изгубиме титулата, се лажеме дека нешто ќе се смени, сеуште живееме во филм дека Вардар е сеуште истиот клуб, на моменти кога е пуна сала има по некој блесок, но далеку од тоа што треба да е Вардар.
И уште живееме со она ќе биде подобро, иако не изгледа така.
И во двата клуба единствена светла точка се Комити, а за пофалба е и обичната публика.
Се друго, за сега според мене не влева надеж.
Треба на сите да им биде јасно дека деновите во кои игравме ЛШ се веќе минато. Каде и да е, Македонија и ќе го изгуби местото во ЛШ. Со вакви спорадични настапи во Европа, максимум уште нареднава година ако имаме место во ЛШ.
Вардар живурка со помош на тоа што уште има име и задрживме неколку поискусни репрезрнтативци. За наредна година ниту еден нема потпишано договор и се чека каков ќе биде исходот од сезонава. Клуб што во април нема претставено ниту еден играч за наредна година, се знае какви амбиции може да има во следната сезона.
Долгот не е вратен, казната за Европа останува и финансиската состојба не е сјајна. Михо крпи колку може, ама помош од друга страна нема. Дополнително влезот на Жиле и Кире во ракометот, ќе значи дека може да се опростиме од потпишување добри млади македонски играчи во иднина.
Ние не можеме во ФК Вардар да најдеме спонзор, не па во ракометот. За да имаш приватен спонзор, треба некоја друга придобивка да имаат со влезот во клубот, односно да имаат шеми со власта. Оваа власт нема симпатии кон Вардар, плус реално ДУИ ја води државата, така што нема да видиме спас во скоро време. Вардар не е општински клуб за да добива пари од некоја општина (Аеродром фрли некоја смешна сума до душа), така што се останува на грб на Михо.
Има некои најави за странски спонзор, ќе видиме што ќе излезе. И тоа е благодарение на името и реномето кое се изгради последниве години. Ако влезе странскиот спонзор, ондак нема ни збор дека ќе продолжи доминацијата во иднина.
 
2 натпревара на домашен без публика и 150.000 денари казна за Вардар и Пелистер... Суспензијата на домашен ништо не менува, против Еурофарм 2 и Охрид нема да е хендикеп, добро е што последно коло со Алкалоид дома ќе играме пред публика, под претпоставка дека ќе мора да тепаме за титула :D
Реално да сакаше РФМ да направи штета на Вардар, ќе им изречеше поголема казна и плус тој дуел со Алкалоид без публика. Ама па верувам дека баш сакаат полна сала за таа утакмица, за да можат децата од Алкалоид и да играат во таква атмосфера (и Кире исто) и да искусат нешто такво. Така да одлукава, освен парично што не репнаа, не менува нешто како што кажа.
 
Какви се амбициите на клубот поддотераниот Расадник ќе ни легне ко шамар на будала. Цело трибинче со навивачи, малкуте позери карши на терасата и враќање во крајот на 90-те.
 
„РК Вардар се враќа дома“, а во текстот апсолутно никаде не се споменува нешто такво, освен изјавата на градоначалникот каде вели дека почетокот на успесите на клубот биле таму. Модерно новинарство. :toe:
 
Не знам ни што има за реконструкција во салава кога све е уништено, скршено, скапано, мувлосано. Освен ако под реконструкција не подразбираат рушење на постоечката сала и градење на потполно нова во стилот на Јане Сандански или Борис Трајковски тогаш во ред.

Да иде клубот од Јане Сандански која се смета за една од најубавите сали во Европа, во некоја реконструирана лименка, изградена во минатиот век, која по неколку години ќе ги покаже истите проблеми што ги има сега е како да се симнеш од коњ на магаре.
 
Ќе останат ваљда надворешните ѕидови само, ќе заштедат на тоа :D Салата е ужасна, ако не бутнат све од 0, дупла работа ќе им биде. Тоа таму за да го чисти и средува некој алал му вера.

Ако не им е избрзана еуфорична изјава, баш би сакал да видам за колку години ќе ја завршат.
 
Популистички работат малку за пред медиуми, ама не се сомневам ако Орце реши да ја среди, дека ќе се закрпи малку.
Инаку, Јане Сандански не е наша сала, туку е под концесија на МОК или како и да одеше тоа (Самс ја доби од општина Аеродром на 20-тина години, па ја даде на МОК). Лесно може како на фудбал да ни ги удрат клоците, па да молиме да играме по школскиве сали. РК Вардар ја даде Кале на КФМ, што по мене беше најголемата грешка. Едина сопственост на екипите на СД Вардар е малата Кале на КК Вардар.
Да не коментирам дека автоматски ти се распаѓаат младите категории затоа што немаат каде да тренираат.

ФК Вардар тренира во Кадино, игра во Маџари/Железара, младите категории не знам ни каде тренираат, а натпреварите оваа полусезона ги играат во Пржино на Славија.
Сакаш да развиваш млади играчи, а ти играат на терен на екипа од општинска лига, на кој патем играат сениорските екипи на Славија и Текстилец, ЖФК Скопје, младите екипи (по2-4 категории на ЖФК Скопје и ФК Вардар).
Еден Градски не можат да го оправат до една утакмица месечно во просек, не па маалски стадион на кој во еден викенд може по 5 натпревари да има.
 
Која мизерија сме. Со прв тим (без Столе само), губиме 4-5 разлика од истиот тим на Војводина од Скопје.
Прекраток состав имаме, не можеме да си дозволиме да земеме некои младински бекови (затоа што не ни имаме замени за првотимските бекови), затоа што со младински бекови би загубиле едно 30 разлика.
Пелистер и да загуби во Автокоманда, не 8, 18 разлика може да не победат во Битола.
 
Војводина игра со фул деца, ова е тешка местенка бидејќи играте со цел прв состав цело полувреме.

Не го гледај овој резултат не е реален секако.
Автоматски споено мислење:

Која мизерија сме. Со прв тим (без Столе само), губиме 4-5 разлика од истиот тим на Војводина од Скопје.
Прекраток состав имаме, не можеме да си дозволиме да земеме некои младински бекови (затоа што не ни имаме замени за првотимските бекови), затоа што со младински бекови би загубиле едно 30 разлика.
Пелистер и да загуби во Автокоманда, не 8, 18 разлика може да не победат во Битола.

Ти реков... Второто е реалната слика
 
Последно уредено:

Бутин за претседател!
 
Бутин за претседател!
Ја имал пишано вечер кец затоа.
 
Уште се прашувам како можевме да загубиме од ваква дечурланска екипа. Какво прокоцкување на сезоната :D
Epa kako ke se vratea od bojkot? Uzuvaj si podobro ke bese da zagubat denes vaka poloso ke im bide pak doma da go jadat.
Neka ne se Palat mnogu nisto nemozat da naparavat ko kutrinja mirni ke si bidat u ledena dvorana :)
 
Има треба било каква победа, нас нерешено или победа... Ќе биде ептен тешко, настрана што овде ги згазивме. Од друга страна и да бидеме шампиони нема да играме ЛШ.
 
Слааби се, ќе ги тепаме во Битола. Не му ја мислам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom