Не бидете како битолчаниве што мислат дека Михо е масон, со моќ како на крајот од минатиот милениум.
Не знам како не ви е јасно, Михо годинава полни 76 години.
Зарем мислите дека до 90 години ќе се замара со Вардар?
Човекот треба да си ужива во пензионерските денови или максимум да биде некој почесен претседател во клубот.
Човекот од љубов кон Вардар го презема клубот од Самс за да не пропадне. Очекуваше како и сите нас дека лесно ќе се најдат спонзори кои ќе го одржуваат клубот на некое ниво како што е сегашното.
Не само што тоа не се случи, туку ни се натопори и уште еден клуб со сериозни влогови како директен конкурент покрај Пелистер. Четири години се обидува да најде стабилен спонзор, ама истиот го нема.
Ни во фудбал, ни во ракомет.
Политичката клима во државава е таква што македонците сме клинички мртви, луѓето бегаат по целиот свет, млад македонец не остана тука.
Долговите се користат како кочница за секое потенцијално вложување. Никој не сака клубови со нечисти сметки.
Имаше муабети дека од крајот на сезонава можно е да добиеме добар странски спонзор во ракометот, ама со последните муабети изгледа ништо не биднало од тоа.
Последно што се знае е дека идна година ќе играме со млади играчи, без никакви амбиции.
Мислам дека треба да се има еден голем протест пред тоа мртвата општина, затоа што сите клубови се општински, колку толку бар ќе склопиме нешто со тие пари. На крајот од денот, тоа се наши пари матер им ебам.