Користам веќе некое време. Претходно од Халк, сега од Еуролинк.
Од Халк 2 пати имав побарано рефундирање на средства (помали прегледи) и без проблем ми вратија пари. Од Еуролинк за среќа се уште го немам активирано осигурувањето, но имам слушано и од таму позитивни искуства.
Исто покрај прегледи прекриваат и средства потрошени за лекарства (освен ако не се нешто витамини, додатоци во исхрана и сл). Покрај тоа дел има и буџет за стоматолошки услуги, колку, зависи до полиса.
Тоа што е важно во приватното здравство е дека за стари дијагнози не ви покриваат ништо. При купување на полиса се пополнува формулар каде што ќе треба да се наведат стари дијагнози.
Исто така контролни прегледи не покриваат. За се мора да има причина, болка, поради која си отишол на приватно лекување.
Во првиот месец, или два од купувањето на полисата немате право да користите приватно здавство.