Доброволно приватно здравствено осигурување - искуства/цени/услови

  • Креатор на темата Креатор на темата tigar4e
  • Време на започнување Време на започнување
па не е исто патничко осигурување и здравствено. Патничко ти е само при удес, ова осигурување е како обично здравствено само приватно.

Е сега дали е се како што убаво напишале у рекламата нека пише некој друг што користи па да видиме дали вреди.
Точно дека нема врска со патничкото ама сепак има разлика со државното здравствено. Приватното има доста лимити. Пример операција покриваат до Х сума (мојата полиса 5000 евра). Третман на хронични болести, дијагностика, стоматолошки услуги се тоа си има лимит зависно(правопропорционално) од висината на уплата.
 
Еден стент на срце во приватна болница кошта со се лежарина околу 5000 евра. Обично требаат некогаш и повеќе стентови.

Пусле шупраиме?
 
Еден стент на срце во приватна болница кошта со се лежарина околу 5000 евра. Обично требаат некогаш и повеќе стентови.

Пусле шупраиме?
Има други полиси, има други компании. Колега баш стент праеше скоро во приватна болница со осигурување од триглав. Неговата полиса мислам е до 20000 евра.
 
па не е исто патничко осигурување и здравствено. Патничко ти е само при удес, ова осигурување е како обично здравствено само приватно.

Е сега дали е се како што убаво напишале у рекламата нека пише некој друг што користи па да видиме дали вреди.

Користам веќе некое време. Претходно од Халк, сега од Еуролинк.
Од Халк 2 пати имав побарано рефундирање на средства (помали прегледи) и без проблем ми вратија пари. Од Еуролинк за среќа се уште го немам активирано осигурувањето, но имам слушано и од таму позитивни искуства.
Исто покрај прегледи прекриваат и средства потрошени за лекарства (освен ако не се нешто витамини, додатоци во исхрана и сл). Покрај тоа дел има и буџет за стоматолошки услуги, колку, зависи до полиса.

Тоа што е важно во приватното здравство е дека за стари дијагнози не ви покриваат ништо. При купување на полиса се пополнува формулар каде што ќе треба да се наведат стари дијагнози.
Исто така контролни прегледи не покриваат. За се мора да има причина, болка, поради која си отишол на приватно лекување.

Во првиот месец, или два од купувањето на полисата немате право да користите приватно здавство.
 
Приватно здравствено осигурување без да плаќаш 500 евра на месец, пиши пропало.

Цените на приватниве болници се истите ако не и поскапи од западна европа.
 
1 den vo Bolnica za EU grajgani EUR 991,-
Tolku vo EU
 
штом контролни прегледи не покриваат тури му пепел.
 
1 den vo Bolnica za EU grajgani EUR 991,-
Tolku vo EU
Exe2NAQXMAEpntz.jpg
Кој не си гласал за северна сеа нека му ја мисли. Барем сега сме на прав пат.
Вемереоните сеа ќе си плаќаат приватно здравствено :icon_mrgr:

И тие од ЕУ граѓаните сакаа да гласаат тука за ова, ама прц!
 
штом контролни прегледи не покриваат тури му пепел.
За контролен преглед матичниот ти е секогаш достапен без претходно закажан термин. Проблемот настанува кога ти треба специјалистички преглед. Тогаш матичниот ти вика нема слободни термини месецов, прати на мој термин нареденот месец, кога ќе видиш слободно звони ми одма да не ти фатат. Ако после тоа специјалистот те прати на снимање (пример магнет кој го чекаш уште 2 месеци) си заглавил добри 3 4 месеци само за да се установи дали и што не е во ред со тебе. Јас сум ослободен од партиципација како крводарител и пак размислувам на приватно. Иначе заборавив да напоменам, цензорите од сите осигурителни компании, преку матичен број можат да ти ја проверат цела здравствена историја. Најверојатно преку мој термин можат да видат кај се си идел на прегледи.
 
Уште тоа, џаболебари да замараат за секакви глупости како сега што замараат во јз и пзз.
Ќути барем ги укинаа бесплатните автобуси за пензионерите иначе тоа и приватно здравствено е многу јако комбо.
 
Уште тоа, џаболебари да замараат за секакви глупости како сега што замараат во јз и пзз.

човек мора на шест месеци да прави контролни прегледи и да види крвна анализа, поготово кога влага у години. Сеа плаќаш ова 14 евра, ни тоа не ти го даваат. Тури му пепел.
 
Ќути барем ги укинаа бесплатните автобуси за пензионерите иначе тоа и приватно здравствено е многу јако комбо.

Не бе пак им ги вратија, кај нема термини па и кога има сакаат исклучиво вторник или петок.

човек мора на шест месеци да прави контролни прегледи и да види крвна анализа, поготово кога влага у години. Сеа плаќаш ова 14 евра, ни тоа не ти го даваат. Тури му пепел.

Па тоа веќе можеш беспари кај матичен да го направиш. Плус ако си крводарител и крвната слика ти е беспари.
 
Не бе пак им ги вратија, кај нема термини па и кога има сакаат исклучиво вторник или петок.

Па тоа веќе можеш беспари кај матичен да го направиш. Плус ако си крводарител и крвната слика ти е беспари.

не знаев дека можеш двете да ги имаш, мислев или едно или друго. Пример ако си на приватно, здравствено немаш пример матичен него идеш само у клиники со кои они работат заедно.
 
не знаев дека можеш двете да ги имаш, мислев или едно или друго. Пример ако си на приватно, здравствено немаш пример матичен него идеш само у клиники со кои они работат заедно.
И двете ги плаќаш. Второто е всушност твој договор со некоја осигурителна компанија, со кој тие ти покриваат здравствено осигурување, и не е регулирано од државата. А државното здравствено е солидарно и задолжително, нема opt out.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom