- Член од
- 3 јуни 2022
- Мислења
- 1.628
- Поени од реакции
- 3.948
Тутун не се јаде ама обезбедува нешто финансиски средства доволни за основни работи сметки и слДобро но тутун не се јади....
Ако не си во системот пак како би го продал тој тутун или друго не битно....
А да садиш нешто за да имаш преку цела година мора пластеници.
И згора на тоа зеленчук е доста по комплициран за работа и одржување....од жито или тутун.
Инаку да верувај никој не ти иде ако нема есап.
Ако било по исплатливо друг да ти ора и слични услуги не се тепале земјоделциве за зелена нафта и трактори преку субвенции
Не коментирам јас за идеата ако сакаш да си скроз надвор од системот, тоа е скоро невозможно во денешно време рамно на лудост - мене повеќе ми беше во контектс на насловот од темава “живот назад во природа“ да зависиш што малку од системот не и скроз да се исклучиш од него. Еден куп луѓе знам што произведуваат поголем дел од нивната храна со градинарство, не е научна фантастика буквално луѓе со 10 дена школо го прават успешно тоа
Ти со механизацииве од 40-50к зборуваш за производство на големо, ете јас имам површини што не ги работам и ги давам ги изнајмувам под кирија за возврат не ми дава пари туку има разбирање од градежништво човекот па си пребиваме во таа вредност на изнајмувањето..
Еве ти и конкретни примери како тоа функционира на село
Секоја чест @коцкаЛани си купивме со партнерот едно бачило со шума и терен со ваква идеја. Имаме вода, низ земјиштето ни проаѓа, има извор на нашиот терен и од таму правиме до куќата да имаме вода, ќе ставиме фотоволтаици (моментално сме на свеќи и акумулатор од кола), почнавме да садиме некои овошја зеленчуци, сега за сега пробно дека прво куќа треба да направиме после да видиме бавчата да ја организираме. Не сме ин д мидл оф ноувер, ама сме сред шума, немаме комшии. Ако се избалансира се убаво, многу е едноставно јас мислам. На 20 мин пешки има селце (е сега итаљански селца не се како кај нас и мислам дека тоа и те како помага) со школо, кино, 2-3 бара, месарница, продавници за храна, милано е на 50 мин за ако треба било што. Веќе правиме наше пиво, на 20 мин со кола од кај нас живее свекор ми и до сега ја обработувавме неговата бавча и освен свежи јајца, овошја и наши мармалади и слатка, си имаме и зеленчуци еден куп. Често со други соселани се трампавме услуга за услуга, ја ќе ти помогнам со косење ти ќе ми дадеш нешто што произведуваш, ќе помигнеме во собирање маслинки после ќе ни дадат масло, функционира супер и сериозно, едвај чекам да си одам од милано