Живот назад во природа

Член од
23 септември 2015
Мислења
897
Поени од реакции
448
Незнам јас колку е вистина, можда е и заебанција, на тие што не почитувале полициски час/ковид каранрин.
Ако немале да платат оделе во затвор....
 
Член од
2 април 2023
Мислења
251
Поени од реакции
531
Ajde be ne se zanesvajte, tie na selo ke ziveele, sami ke proizvedvale hrana i neznam so. Vas coek 5 ovci na zidot da vi nacrta ke gi zaginite, so cevce od sok ke se samopovredite, pajak da vi vlezi vo soba trista traumi ke doziveete, deset psihijatri nema da mozat da ve oprat, sakale na prirodata da se vrakjat :facepalm:
Јас само од двоглави орли се плашам
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.743
Поени од реакции
7.258
Автоматски споено мислење:

Не ги рекламирам. Семејството кое ја а води фармата функционира како што е насловот на темава
 
Последно уредено:
Член од
2 април 2023
Мислења
251
Поени од реакции
531
Инаку кој не живеел на село, или немал прилика да работи земјоделие/сточарство, може да продава приказни дека сака да го прави истото. Особено сточарство, како викаат -„жива стока, мртов газда“, треба да ги пазиш како да се дете, плус си оставен на милост и немилост од природата.
[/QUOTE]
А интересно е тоа што како прва причина да те одвратат ти го кажуваат тоа дека си оставен на милост и немилост на природата, а целата човечка историја со исклучок на последните 70 години човекот преживувал баш од таа милост/немилост.

Мислам дека е доста потешко да се прави муабет за ова со некој кој да кажеме не е верник (барем до некој степен), јас до пред 3-4 години бев атеист, али како резултат на многу работи кои ми се случиле последниве години постепено почнав да се менувам и гледам дека и други луѓе во моја околина кои никогаш не биле религиозни почнуваат да ги менат своите ставови. Избегнувам да правам разговор на тема вера и религија затоа што 90% ме гледаат како ненормален, али сега спомнувам зашто видов некој напиша дека единствена можност да успее ова е да бидеш Амиш или да се замонашиш.

Имам размислувано да станам монах али некако не се гледам во тоа(не сум спремен на таква жртва), сакам да имам жена,деца фамилија, али тоа не ме спречува да пробам да направам живот исполнет со тој христијански-православен дух, каде наместо да бидам на милост/немилост од државата која е искрено срање(а и во цел свет се повеќе истото се случува после пандемијата), туку да зависам само од Бог(што би рекле природата). Сум гледал доволно како луѓе се тепаат по рафтови во продавници за брашно и тоалет хартија, никој не ми гарантира дека утре нема да се деси истото само со полоша завршница каде ние обичните ќе гладуваме а овие богатите ќе изграбат се само за нив. Можеби сум наивен, али не до толку.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Пример и легенда за живот во природа - Dick Proenneke

Има и прекрасен документарец за неговиот живот,каде самиот си направи колиба која денес е музеј во Аљаска и сам живееше со природата и животните повеќе од 30 години

Еве ти малку поразлична приказна за сличен подвиг, еве погледни го и види како завршува.
Автоматски споено мислење:

Инаку кој не живеел на село, или немал прилика да работи земјоделие/сточарство, може да продава приказни дека сака да го прави истото. Особено сточарство, како викаат -„жива стока, мртов газда“, треба да ги пазиш како да се дете, плус си оставен на милост и немилост од природата.

А интересно е тоа што како прва причина да те одвратат ти го кажуваат тоа дека си оставен на милост и немилост на природата, а целата човечка историја со исклучок на последните 70 години човекот преживувал баш од таа милост/немилост.

Мислам дека е доста потешко да се прави муабет за ова со некој кој да кажеме не е верник (барем до некој степен), јас до пред 3-4 години бев атеист, али како резултат на многу работи кои ми се случиле последниве години постепено почнав да се менувам и гледам дека и други луѓе во моја околина кои никогаш не биле религиозни почнуваат да ги менат своите ставови. Избегнувам да правам разговор на тема вера и религија затоа што 90% ме гледаат како ненормален, али сега спомнувам зашто видов некој напиша дека единствена можност да успее ова е да бидеш Амиш или да се замонашиш.

Имам размислувано да станам монах али некако не се гледам во тоа(не сум спремен на таква жртва), сакам да имам жена,деца фамилија, али тоа не ме спречува да пробам да направам живот исполнет со тој христијански-православен дух, каде наместо да бидам на милост/немилост од државата која е искрено срање(а и во цел свет се повеќе истото се случува после пандемијата), туку да зависам само од Бог(што би рекле природата). Сум гледал доволно како луѓе се тепаат по рафтови во продавници за брашно и тоалет хартија, никој не ми гарантира дека утре нема да се деси истото само со полоша завршница каде ние обичните ќе гладуваме а овие богатите ќе изграбат се само за нив. Можеби сум наивен, али не до толку.
Друже, јас израснав со земјоделие, и не би се вратил да го работам, особено не по „старовремски начин“ во никој случај. Најпромашениот период од животот.

Инаку ти може да отидеш и во Мариово, ама ако некогаш се ожениш и решиш да оформиш семејство, на тие деца ќе треба да им овозможиш школување/облека/достап до светот (со среќа во заработка на парите од таму), и истите тие ќе ги доведеш во полоша психичка состојба и од тебе, или пак да те мразат и обвинуваат за ситуацијата во која си ја турнал својата фамилија. Ако живееш во свет движен од пари, прилагоди се на истиот, и најди начин како да ги заработиш.

А тоа дали веруваш или не веруваш, или дали верувам јас во религија, ич ама баш ич не ме интересира, тоа си е твоја приватна работа.
Помалку гледање на копуци како Мирољуб Петрович (кој дреми на интернет по цел ден, а продава муда за бубрези), повеќе работа на себе и учење на работи кои може да ти донесат подобар живот.
Немој да бидеш класично македонче кое чека да го опраи државата, или пак да му даде работа затоа што имал високо образование.
За луѓе кои се тепаат за тоалетна ич да не ти е гајле, ако тргнеш од таа гледна точка додека јас и ти пишуваме на форумов, на друга страна од светот гинат ни криви ни должни. Јбг, во природата преживуваат посилните.
Не си ги троши најдобрите години од животот на сожалување себеси, и цимолење по дома, јајцата на рамо и оди да направиш максимум што можеш, од тоа што те разбрав си во најдобрите години од животот.

И да не се разбереме погрешно, не ти викам да не отидеш да живееш во село, напротив, во Македонија има села кои се далеку побогати од градот, и каде може да се направат страшни пари, битно е како го разбираш концептот, и уште побитно, да го разбереш новиот систем и да се прилагодиш на истиот.
 
Последно уредено:

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.757
Поени од реакции
5.032
Еве ти малку поразлична приказна за сличен подвиг, еве погледни го и види како завршува.
Автоматски споено мислење:
Сум го погледнал и знам за дечкото,ако бараш трагични примери ќе ги најдеш еден тон,сигурно има многу други шо загинале а не се овековечени како тој за да му напраат филм. Ако идеме по логикава не треба раскрсница да поминеме во Скопје оти некој од Батинци без возачка ќе не собере до трета лента со нивните подвизи.

17 сезони со примери од светот за луѓе што успеале да живеат така,дали сами ,дали парови,дали цели фамилии
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Сум го погледнал и знам за дечкото,ако бараш трагични примери ќе ги најдеш еден тон,сигурно има многу други шо загинале а не се овековечени како тој за да му напраат филм. Ако идеме по логикава не треба раскрсница да поминеме во Скопје оти некој од Батинци без возачка ќе не собере до трета лента со нивните подвизи.

17 сезони со примери од светот за луѓе што успеале да живеат така,дали сами ,дали парови,дали цели фамилии
Не бе друже, ти дадов само еден спореден пример на тоа што го опиша ти.
Зошто мислиш дека те разубедувам да се преселиш?
Времето што ќе го изарчиш да ги гледаш овие 17 сезони, потроши го во градење на некоја колиба во планина и ете ти ;)
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
897
Поени од реакции
448
Сум го погледнал и знам за дечкото,ако бараш трагични примери ќе ги најдеш еден тон,сигурно има многу други шо загинале а не се овековечени како тој за да му напраат филм. Ако идеме по логикава не треба раскрсница да поминеме во Скопје оти некој од Батинци без возачка ќе не собере до трета лента со нивните подвизи.

17 сезони со примери од светот за луѓе што успеале да живеат така,дали сами ,дали парови,дали цели фамилии
За во село ти треба повеќе технологија него за во град.

Основните работи :
Струја,телефон,телевизор,кабелска,вода,канализација,колектор.
Автомобил,навта,бензин.

Додатно што ти треба за во село а не ти треба за во град :
Трактор,комбајн,фурна,млин,мултикултиватор, косилка ,разни алати и опрема,систем за наводнување,црева,да вложиш во пластеник и слично...
Па и на крај краева можда паметно е да се има и некоја пушка...

А ако не си дел од системот и не земаш субвенции не можеш мотика да си купиш не па нешто поголемо....

Дека имај на ум цените на машините за обработка на земја се прескапи....

А во град со тие пари да купиш место за паркинг ке спечалиш солидна пара скоро без влог и без никаква мака.
А како што гледам се поскапо и поскапо е паркинг место од саат се итешко се наоѓа паркинг и неизбежно е да платиш.
Па некогаш дури и за пари не се наоѓа место
Дури по исплатливо е и од стан.
Јас имам 2-3 тројца другари едвај во живот/реалност ги вративме од тој Мирољуб Петровиќ :ROFLMAO: :ROFLMAO: :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.631
Поени од реакции
3.962
Elami be druze, mozi komsi ke bidime, kukja do kukja, od kaj znajs kaj ke te odnesi patot ;)
Имам веќе и куќа и место ако прочита погоре, не барам нова локација таман ми е оваа

За во село ти треба повеќе технологија него за во град.

Основните работи :
Струја,телефон,телевизор,кабелска,вода,канализација,колектор.
Автомобил,навта,бензин.

Додатно што ти треба за во село а не ти треба за во град :
Трактор,комбајн,фурна,млин,мултикултиватор, косилка ,разни алати и опрема,систем за наводнување,црева,да вложиш во пластеник и слично...
Па и на крај краева можда паметно е да се има и некоја пушка...

А ако не си дел од системот и не земаш субвенции не можеш мотика да си купиш не па нешто поголемо....

Дека имај на ум цените на машините за обработка на земја се прескапи....
Не претерувај и ти сега повеќето градови имаат превоз што сообраќа до селата, барем оние блиску до градот што не се скроз изолирани..
Инаку 90% од механизацијата што ја наброја погоре може да си платиш услужно да ти завршат работа, немаат сите по селата комбајни трактори млинови па дури и земја не мора да имаш/купиш - едноставно можеш да ја изнајмиш па ако тргне во ред ако не едноставно ќе се откажеш и готово.

Ако некој реши да продаде просечен стан во град и се пресели во село, ќе има има и за куќа и за се набројано погоре
 
Во село без сопствена машинерија ништо не правиш....
Орање, прскање,фрезирање,трапење, превоз,утовар за све ако плаќаш човек што домаќин си в село ке оди за амал да биди ?
90% имаат барем трактор ако не друго.
А во случај да сакаш све сопствено производство да ги имаш повеќето машини е скоро не избежно.
Еден трактор 40.000 Евра.
За тие пари да купи паркинг во град без работа и без расход ке извади многу повеќе.
50 денари саат, 24 саати 1500 расход 0.
Влог само го купуваш местото ни градење ни реновирање ништо не ти треба.
Немаш ни струја ни интернет никакви давачки.

Земјоделец без трактор е исто како мајстор без мистрија.

ПС. Муабетот ми беше кола е неизбежно да се има.
Без разлика дали и како има превоз.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Во село без сопствена машинерија ништо не правиш....
Орање, прскање,фрезирање,трапење, превоз,утовар за све ако плаќаш човек што домаќин си в село ке оди за амал да биди ?
90% имаат барем трактор ако не друго.
А во случај да сакаш све сопствено производство да ги имаш повеќето машини е скоро не избежно.
Еден трактор 40.000 Евра.
За тие пари да купи паркинг во град без работа и без расход ке извади многу повеќе.
50 денари саат, 24 саати 1500 расход 0.
Влог само го купуваш местото ни градење ни реновирање ништо не ти треба.
Немаш ни струја ни интернет никакви давачки.

Земјоделец без трактор е исто како мајстор без мистрија.

ПС. Муабетот ми беше кола е неизбежно да се има.
Без разлика дали и како има превоз.
Затоа ќе си земеш IMT539 или Tafe 42, за 4 бона постар и од тебе :D
 
Последно уредено:

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
За во село ти треба повеќе технологија него за во град.

Основните работи :
Струја,телефон,телевизор,кабелска,вода,канализација,колектор.
Автомобил,навта,бензин.

Додатно што ти треба за во село а не ти треба за во град :
Трактор,комбајн,фурна,млин,мултикултиватор, косилка ,разни алати и опрема,систем за наводнување,црева,да вложиш во пластеник и слично...
Па и на крај краева можда паметно е да се има и некоја пушка...

А ако не си дел од системот и не земаш субвенции не можеш мотика да си купиш не па нешто поголемо....

Дека имај на ум цените на машините за обработка на земја се прескапи....

А во град со тие пари да купиш место за паркинг ке спечалиш солидна пара скоро без влог и без никаква мака.
А како што гледам се поскапо и поскапо е паркинг место од саат се итешко се наоѓа паркинг и неизбежно е да платиш.
Па некогаш дури и за пари не се наоѓа место
Дури по исплатливо е и од стан.
Јас имам 2-3 тројца другари едвај во живот/реалност ги вративме од тој Мирољуб Петровиќ :ROFLMAO: :ROFLMAO: :ROFLMAO:
И во куќа да живееш ти се потребни многу многу повеќе алати, како и техника него ли во стан. На пр. косилка за трева, фреза/машинка за орање (ако си садиш бавчичка), пумпа за вода или па бунар (секако ако имаш бавча), потоа секири, тесли, чекани, вили, ашови, лопати, мотики, пили, бонсеци, ножици за кастрење гранки, метли, црева, лопати за снег и уште миљон останати тракатанци... кои скоро и воопшто не му се потребни на пр. на едно домаќинство/семејство кое живее во стан и нема воопшто двор, туку само паркинг место таму доле пред зграда и толку, па сега направи споредба, сите овие ствари погоре споменати вредат бајаги пари, а тек па денес да ги купиш се многу поскапи него ли во минатото !
Автоматски споено мислење:

Да додадам,многу луѓе тука некаде после 30-та година од нивниот живот почнуваат да развиваат параноја од системот во кој живеат,дека се шпионирани,дека системот е непријателски настроен спрема нив,дека се кова заговор спрема нив...
Уствари главна причина поради ваквата параноја е токму нивниот неуспех во системот,неуспех баш поради причините кој ги наброја погоре,импулсивно трошење,мегаломанија,интерпретации од типот"Ајде бе баце,еднаш се живее",итн итн...
Темелот на се е ниската интелигенција.
Па нормално, бидејќо тогаш и започнува реалниот живот. До 20ина години чоек е буквално копиљ(така да се изразам), периодот од 20 до 30 години е како една следна етапа т.е. транзиција од тој копиљизам/тинејџериум кон нешто друго, а веќе после 30 год. доаѓаат реалните срања и проблеми т.е. накратко кажано реалниот живот, па и од тука произлегуваат тие незадоволства, разочараности од се и сешто, од народ, околина, држава, систем... Разочараност од економската/финансиската состојба, љубовно-сексуални проблематики, здравствени проблеми, меѓучовечки односи и.т.н. и.т.н.
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.250
Поени од реакции
30.511
Додатно што ти треба за во село а не ти треба за во град :
Трактор,комбајн,фурна,млин,мултикултиватор, косилка ,разни алати и опрема,систем за наводнување,црева,да вложиш во пластеник и слично...
Па и на крај краева можда паметно е да се има и некоја пушка...
Traktor i kombajn ne e neophodno, bidejki ima nekoj vo neposredna blizina vo seloto sho ke mozes da go platis da ti ja izora nivata za 1000ce.
Isto i za kombajnot.
Toa od navedenive e "najskapo" da receme.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Traktor i kombajn ne e neophodno, bidejki ima nekoj vo neposredna blizina vo seloto sho ke mozes da go platis da ti ja izora nivata za 1000ce.
Isto i za kombajnot.
Toa od navedenive e "najskapo" da receme.
Значи пак ќе зависиш од околината :D
Ако му текне на тој со комбајнот дека нема есап да вози до твојата нива, остана без леб :D
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.250
Поени од реакции
30.511
Значи пак ќе зависиш од околината :D
Ако му текне на тој со комбајнот дека нема есап да вози до твојата нива, остана без леб :D
Mislam deka clenot nikade ne spomna deka saka apsolutno sam da zivee kako pustinjak, spomna deka saka da zivee vo zaednica.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom