Живот назад во природа

Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.631
Поени од реакции
3.962
Добро но тутун не се јади....
Ако не си во системот пак како би го продал тој тутун или друго не битно....
А да садиш нешто за да имаш преку цела година мора пластеници.
И згора на тоа зеленчук е доста по комплициран за работа и одржување....од жито или тутун.
Инаку да верувај никој не ти иде ако нема есап.
Ако било по исплатливо друг да ти ора и слични услуги не се тепале земјоделциве за зелена нафта и трактори преку субвенции
Тутун не се јаде ама обезбедува нешто финансиски средства доволни за основни работи сметки и сл
Не коментирам јас за идеата ако сакаш да си скроз надвор од системот, тоа е скоро невозможно во денешно време рамно на лудост - мене повеќе ми беше во контектс на насловот од темава “живот назад во природа“ да зависиш што малку од системот не и скроз да се исклучиш од него. Еден куп луѓе знам што произведуваат поголем дел од нивната храна со градинарство, не е научна фантастика буквално луѓе со 10 дена школо го прават успешно тоа

Ти со механизацииве од 40-50к зборуваш за производство на големо, ете јас имам површини што не ги работам и ги давам ги изнајмувам под кирија за возврат не ми дава пари туку има разбирање од градежништво човекот па си пребиваме во таа вредност на изнајмувањето..

Еве ти и конкретни примери како тоа функционира на село

Лани си купивме со партнерот едно бачило со шума и терен со ваква идеја. Имаме вода, низ земјиштето ни проаѓа, има извор на нашиот терен и од таму правиме до куќата да имаме вода, ќе ставиме фотоволтаици (моментално сме на свеќи и акумулатор од кола), почнавме да садиме некои овошја зеленчуци, сега за сега пробно дека прво куќа треба да направиме после да видиме бавчата да ја организираме. Не сме ин д мидл оф ноувер, ама сме сред шума, немаме комшии. Ако се избалансира се убаво, многу е едноставно јас мислам. На 20 мин пешки има селце (е сега итаљански селца не се како кај нас и мислам дека тоа и те како помага) со школо, кино, 2-3 бара, месарница, продавници за храна, милано е на 50 мин за ако треба било што. Веќе правиме наше пиво, на 20 мин со кола од кај нас живее свекор ми и до сега ја обработувавме неговата бавча и освен свежи јајца, овошја и наши мармалади и слатка, си имаме и зеленчуци еден куп. Често со други соселани се трампавме услуга за услуга, ја ќе ти помогнам со косење ти ќе ми дадеш нешто што произведуваш, ќе помигнеме во собирање маслинки после ќе ни дадат масло, функционира супер и сериозно, едвај чекам да си одам од милано
Секоја чест @коцка
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
897
Поени од реакции
448

Тоа е точно кога имаш мали трошоци стално е полесни, што ако имаш голема плата кога трошоците ти се големи.
Треба на чоек да му е мирна душата и со малку дека никогаш не е доста.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Ако завршивме со Аграр и Бразди, да се вратиме на темата :love:

Член од
14 август 2018
Мислења
4.907
Поени од реакции
10.983
@Corvus @Manga @коцка @Artemisia Vulgaris

Ако го прескокнеме земјоделието во темава…?

Кој е вашиот план за враќање во природа?
Само да ве предупредам дека нема голема заработка во праќање писма-бомби по универзитети, и пишување на анти-технолошки манифести..!
Еве прашајте го Ted Kaczynski…

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.918
Поени од реакции
25.325

Веб дизајнер? Контент криејтор? Има многу опции што можеш да ги работиш од дома.
 
Член од
2 април 2023
Мислења
251
Поени од реакции
531
Еве ти малку поразлична приказна за сличен подвиг, еве погледни го и види како завршува.
Автоматски споено мислење:

Друже, јас израснав со земјоделие, и не би се вратил да го работам, особено не по „старовремски начин“ во никој случај. Најпромашениот период од животот.

Инаку ти може да отидеш и во Мариово, ама ако некогаш се ожениш и решиш да оформиш семејство, на тие деца ќе треба да им овозможиш школување/облека/достап до светот (со среќа во заработка на парите од таму), и истите тие ќе ги доведеш во полоша психичка состојба и од тебе, или пак да те мразат и обвинуваат за ситуацијата во која си ја турнал својата фамилија. Ако живееш во свет движен од пари, прилагоди се на истиот, и најди начин како да ги заработиш.

А тоа дали веруваш или не веруваш, или дали верувам јас во религија, ич ама баш ич не ме интересира, тоа си е твоја приватна работа.
Помалку гледање на копуци како Мирољуб Петрович (кој дреми на интернет по цел ден, а продава муда за бубрези), повеќе работа на себе и учење на работи кои може да ти донесат подобар живот.
Немој да бидеш класично македонче кое чека да го опраи државата, или пак да му даде работа затоа што имал високо образование.
За луѓе кои се тепаат за тоалетна ич да не ти е гајле, ако тргнеш од таа гледна точка додека јас и ти пишуваме на форумов, на друга страна од светот гинат ни криви ни должни. Јбг, во природата преживуваат посилните.
Не си ги троши најдобрите години од животот на сожалување себеси, и цимолење по дома, јајцата на рамо и оди да направиш максимум што можеш, од тоа што те разбрав си во најдобрите години од животот.

И да не се разбереме погрешно, не ти викам да не отидеш да живееш во село, напротив, во Македонија има села кои се далеку побогати од градот, и каде може да се направат страшни пари, битно е како го разбираш концептот, и уште побитно, да го разбереш новиот систем и да се прилагодиш на истиот.
По одговорот гледам дека или не си прочитал се што сум напишал или не си сфатил.
Бидете си вие робови на светот и оставете не нас дивјаците да се снаоѓами и правиме што сакаме.
Кога ќе немаш да се прехраниш затоа што маркетите се празни џабе ќе ти се и милион евра.

Има една многу добра поговорка од еден индијанец(американец/домород)- Кога белиот човек ќе го исече и последното дрво, тогаш дури ќе сфати дека не може да живее од пари.

У превод, од дрвото не ја гледаме шумата(големата слика)

Премногу се курчиме како народ што до пред 1 година купуваше 50кила брашно ко да идеше крај на свет, лесно е сега да продавате муда за бубрези, кога беше кризата беше друга приказна, а ако мислите дека тоа нема да се повтори само уште појако, мислете си.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.907
Поени од реакции
10.983
Веб дизајнер? Контент криејтор? Има многу опции што можеш да ги работиш од дома.
Со ChatGPT и остало АИ, за две-три години тие ќе бидат непостоечки професии…

По одговорот гледам дека или не си прочитал се што сум напишал или не си сфатил.
Бидете си вие робови на светот и оставете не нас дивјаците да се снаоѓами и правиме што сакаме.
Кога ќе немаш да се прехраниш затоа што маркетите се празни џабе ќе ти се и милион евра.

Има една многу добра поговорка од еден индијанец(американец/домород)- Кога белиот човек ќе го исече и последното дрво, тогаш дури ќе сфати дека не може да живее од пари.

У превод, од дрвото не ја гледаме шумата(големата слика)

Премногу се курчиме како народ што до пред 1 година купуваше 50кила брашно ко да идеше крај на свет, лесно е сега да продавате муда за бубрези, кога беше кризата беше друга приказна, а ако мислите дека тоа нема да се повтори само уште појако, мислете си.
Друже, ти влечеш накај doomsday prepper со муабетов..!
Овој другиов со AirBNB у светот на бајките..

Дај више договорете се што е темава.
 
Член од
2 април 2023
Мислења
251
Поени од реакции
531
Лани си купивме со партнерот едно бачило со шума и терен со ваква идеја. Имаме вода, низ земјиштето ни проаѓа, има извор на нашиот терен и од таму правиме до куќата да имаме вода, ќе ставиме фотоволтаици (моментално сме на свеќи и акумулатор од кола), почнавме да садиме некои овошја зеленчуци, сега за сега пробно дека прво куќа треба да направиме после да видиме бавчата да ја организираме. Не сме ин д мидл оф ноувер, ама сме сред шума, немаме комшии. Ако се избалансира се убаво, многу е едноставно јас мислам. На 20 мин пешки има селце (е сега итаљански селца не се како кај нас и мислам дека тоа и те како помага) со школо, кино, 2-3 бара, месарница, продавници за храна, милано е на 50 мин за ако треба било што. Веќе правиме наше пиво, на 20 мин со кола од кај нас живее свекор ми и до сега ја обработувавме неговата бавча и освен свежи јајца, овошја и наши мармалади и слатка, си имаме и зеленчуци еден куп. Често со други соселани се трампавме услуга за услуга, ја ќе ти помогнам со косење ти ќе ми дадеш нешто што произведуваш, ќе помигнеме во собирање маслинки после ќе ни дадат масло, функционира супер и сериозно, едвај чекам да си одам од милано
Па и како оди работата, се повеќе ќе се враќа старото, услуга за услуга, или еден производ за друг, еве дедо ми ни пари имал ни трактор, ореле со волови, немало тогаш пари и продавница да одиш нешто да купиш.
Татко ми израснале 3 деца во куќа со 2 соби без струја, фрижидер, канализација и трактори, па ништо не му фали, 100пати е поспособен од мене, само што кога правам со него ваков муабет тој нон стоп ми вели дека живот има само во град, али кога ќе дојде падни стани друга е приказната.

Ако мислите дека тој живот е беден и сиромашен, тоа е веќе различно кај секого.

Иначе мило ми е што сподели твое искуство,се најдобро ви посакувам.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.569
...промените се видни,
тие од село бегаат во град не можат веќе да поднесат селски живот и обврски околу куќата и имотот, продаваат да се вселат во кутија од стан без двор без природа, а пак тие од град им се скурчи градски живот, смог, турканици, два со три стан со луди комшии и бегаат во провинција купувајќи стар имот низ селските атари.
...со еден збор тој што не знае да се прилагоди секаде ќе најде незадоволство и причина зависи која страна ја гледа дали позитивната или негативната која го има и градското и селското живеење.

...но правилото е да тој кој не е роден и пораснат во село никогаш нема да се прилагоди се додека не влезе во старосна доба, па да се врати на природата, тишината и осаменоста.

....односно вакво нереално замислување на живеење во куќата од чоколади и колачи на Марица и Ивица како подобро, а во вените врие крвта (младост), тоа е еден знак на можна ансиозност, депресија, меланхоличност, тага и незадоволсто, а може и разочараност од нешто или поточно од некого.
 
Член од
2 април 2023
Мислења
251
Поени од реакции
531
Друже, ти влечеш накај doomsday prepper со муабетов..!
Па затоа и ја спомнав верата како клучен фактор, само ти изгледа не сфаќаш.
Верувам дека ќе има крај на светот(секој христијанин што читал малку Библија и ВЕРУВА во Неа, знае какви кризи ќе дојдат во иднина, пандемијата беше само старт) и дека у иднина се потешко ќе се живее, ќе се нема ни најосновни работи како храна, затоа и ми е битно да знам и да произведувам сам, а тоа у сред град не се постигнува.

Кога ќе биде тој крај нормално никој не знае, тоа не значи треба да чекам Игри на Глад да се дешаваат за да сфатам колку сме у курац.
Заборавивте ли дека на вести требаше да го смируваат народот да кажуваат дека Србија ќе ни дала брашно?

За жал денешниот човек има капацитет за памтење како златна рипка (7 секунди)

Некој 2018 да кажеше дека ќе има вирус у цел свет и сите ќе бидат затворени дома и полицијата нема да им дозволува да се движат слободно кога сакаат и дека ќе треба да примаш вакцина за да можеш да влезеш у обична продавница,ќе кажеа тие како тебе, Брат ти си прснал оди бела кошула да ти дадат, епа истото е и сега, баш затоа што се деси такво нешто верувам дека ќе се деси некоја таква криза пак, порано или подоцна.
 
29.jpg

аааааа штом од вакви побуди сакаш да се изолираш во природен амбиент на шумска идила со сопствен опстанок на обезбедување на храна, вода и огрев,

laponija-2.jpg

ќе те разочарам дека нема место каде нема да те стигне тоа што сакаш да избегнеш.

13.jpg

...како што си верник би ти го предложила местото каде живее Дедо Мраз, но со влегување во НАТО на Финска, ни тој дел како Лапоноја веќе не е безбеден.

8.jpg
 
Последно уредено:
Член од
23 септември 2015
Мислења
897
Поени од реакции
448
Па затоа и ја спомнав верата како клучен фактор, само ти изгледа не сфаќаш.
Верувам дека ќе има крај на светот(секој христијанин што читал малку Библија и ВЕРУВА во Неа, знае какви кризи ќе дојдат во иднина, пандемијата беше само старт) и дека у иднина се потешко ќе се живее, ќе се нема ни најосновни работи како храна, затоа и ми е битно да знам и да произведувам сам, а тоа у сред град не се постигнува.

Кога ќе биде тој крај нормално никој не знае, тоа не значи треба да чекам Игри на Глад да се дешаваат за да сфатам колку сме у курац.
Заборавивте ли дека на вести требаше да го смируваат народот да кажуваат дека Србија ќе ни дала брашно?

За жал денешниот човек има капацитет за памтење како златна рипка (7 секунди)

Некој 2018 да кажеше дека ќе има вирус у цел свет и сите ќе бидат затворени дома и полицијата нема да им дозволува да се движат слободно кога сакаат и дека ќе треба да примаш вакцина за да можеш да влезеш у обична продавница,ќе кажеа тие како тебе, Брат ти си прснал оди бела кошула да ти дадат, епа истото е и сега, баш затоа што се деси такво нешто верувам дека ќе се деси некоја таква криза пак, порано или подоцна.

Искрено од системот шанса нема да избегаш нема врска дали е земјоделие или друга дејност, инаку парче земја никогаш не е на одмет.

Член од
2 април 2023
Мислења
251
Поени од реакции
531
Искрено од системот шанса нема да избегаш нема врска дали е земјоделие или друга дејност, инаку парче земја никогаш не е на одмет.

Не можеш да избегаш, али е многу полесно системот да те заебава у сред Скопје него ли у некое село у некоја вукојебина каде нема толку лесен пристап.

Чист пример тие што не беа зависни од системот како други кои мораа да примат вакцина да обезбедат влез у маркет и да не изгубат работно место, само утре условот нема да биде вакцина туку нешто трето, верувам дека 80% од народот да му кажат дека треба да прими полов орган у гз(да не бидам вулгарен) ќе прифати, ако тоа препорачува Светската така наречена Здравствена Организација.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.334
Поени од реакции
7.699
Некој 2018 да кажеше дека ќе има вирус у цел свет и сите ќе бидат затворени дома и полицијата нема да им дозволува да се движат слободно кога сакаат и дека ќе треба да примаш вакцина за да можеш да влезеш у обична продавница,ќе кажеа тие како тебе, Брат ти си прснал оди бела кошула да ти дадат, епа истото е и сега, баш затоа што се деси такво нешто верувам дека ќе се деси некоја таква криза пак, порано или подоцна.
А ти си фантазираш дека тебе туку така ќе те остават на страна да си тераш по свое?
По некоја случајност ете системот да те остави на раат, мислиш дека тебе или Коцка, нема да ви дојдат "ајдуци", да ви го соберат трудот или да им слугувате ....

На планетава, нема повеќе каде да се бега. Порано, од самоволието на високата каста народот бегал во САД. Сега кога цела планета е покорена, со среќа на младите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom