Другарче мое, јас не давам тука каков таков допринос туку несебично секојдневно споделувам последни неколку години про боно анализи и информации кои мене ме прават секоја година подобар од претходната. Колку и смешно и аматерски да звучи овој
,,кајгана форум'', ова е е единствен социјален медиум во нашата земја за капитални инвестиции во земјава и надвор. Мејнстрим медиумиве како Капитал, Денар, Фактор се на аматерско ниво во прибирање на информации у компарација со шизициве тука шо споделуваат. Trust me. Јас сеуште учам од луѓе на форумов и затоа им ќутам на ВокиТоки, Тендо и многу други тука со поголем придонес од мене

Многу луѓе не го ценат форумчево (во деминутив), но кога ќе навлезеш во овој луд свет и те како помага.