Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Секоја акциија посебно се пријавува аконтативно, во прилог сакал несакал кога ке се испринта формуларот realisedgains/non realised gainс по датум од-до вие ке си потполните тие што ви се realised секако намалаени/зголемени за профит/лосс на ФХ пример ако сметката ви е во евра а сте тргувале во долари ке имате добивка или загуба плус од валутите. Ке се ги пријавите нето од тоа и од акциите без разлика на шорт лонг.
Како мислиш другар ова со намалени зголемени профит лосс. Еве конкретно пример од мојот извештај. Се работи за лот од 4 опции кои се играат како една трансакција но системот ми ги вади по ред шо никако не ми одговара ако се не се пребиваат загубите. Како би ги пријавил ти ?

PR.png
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Злато 2020...уште ќе оди горе но очекувам одреден пад кој ќе почне за 2-3 месеци.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Злато 2020...уште ќе оди горе но очекувам одреден пад кој ќе почне за 2-3 месеци.
Highly doubt that. Може претходно да. После ФОМЦ во мај наверојатно веќе ФЕД ќе биде влезен во најмала рака во пауза моуд. За златото било каква нова инфлација, девавлација на доларот, рејт пауз, рејт кат се каписла за катапулт.
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Колку е сигурна оваа информација? Дека треба секоја трансакција посебно да се пријавув?
Без разлика на тоа колку данок се плаќа, само банкарските трошоци за секоја трансакција посебно ќе бидат поприлично висок
Чекајте малку. Заборувате само за трансакции кај кои има капитална добивка и која треба да се прикаже, значи купено-продадено за помалку од 2 години, или сите трансакции, дури и оние со загуба или продадени во рок поголем од 2 години, кај кои нема капитална добивка или по законот не се плаќа?

Едноставна е работата. Ние да поднесеме до УЈП бидејки сме обврзани дека не смееме да ја скриеме добивката. Ако они одбијат на голо пари и ја одбијат пријавата поради незнање тогаш немаа основ да поднесуваат кривични/прекршочни пријави пред судови за непријавена добивка. Ке треба друг основ да бараат.
Работата е секаква само не едноставна и целиот систем е каша-попара со различни толкувања. Замисли ти поднесуваш пријава, со 3.000 усд добивка и 2.000 усд загуба со што ефективно имаш 1.000 усд добивка. Поднесуваш пријава на 1.000 усд и очекуваш да платиш данок од 100 усд. Е сега од УЈП ти ја поништуваат пријавата и ти издаваат службена на добивка од 3.000 усд на која треба да платиш 300 усд данок.
Нема да има потреба да бараат друг основ туку сега топката е кај тебе и ќе треба ти да се докажуваш.

И мислам дека имаше сличен случај со дечко од Битола, мислам дека @El_Duderino беше, каде на пријавена дивиденда од УСА му го признаваат данокот и му ја профаќаат пријавата а потоа ја поништуваат таа пријава и му издаваат нова со која го задолжуваат на 10% на бруто сумата на веќе задржаните 30% во УСА.
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Ги има некаде објавено? Јас колку што видов нема ништо на страната на УЈП.

Сметка во странство не ти го решава проблемот, бидејќи остануваш даночен резидент во МК. Треба да живееш помалку од 6 месеци во последни 12 месеци надвор од МК за да не се сметаш за даночен резидент. Доколку емигираш зависно од државата може да имаш посебни сметки од типот на ISA и SIPP кои се даночно заштитени и државата воопшто не те даночи на приходите и капиталните добивки во овие сметки, дури и ти дава boost со даночни ослободувања и поврат на данок на инвестираните сума.
Малку не ми е јасно. Можеби концептот/замислата ми е различна или не ги разбирам работите до крај.
Идејата ми беше сметка во странство од каде ќе fund-ирам или withdraw до/од ИБКР на пример. Парите/кеш од сметка би подигал преку АТМ кога ке идам во странство. Пример Германија, Аустрија ....
Можеби ова ^^ држи за low volume traderi, каков што се сметам јас.:)
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Чекајте малку. Заборувате само за трансакции кај кои има капитална добивка и која треба да се прикаже, значи купено-продадено за помалку од 2 години, или сите трансакции, дури и оние со загуба или продадени во рок поголем од 2 години, кај кои нема капитална добивка или по законот не се плаќа?

Работата е секаква само не едноставна и целиот систем е каша-попара со различни толкувања. Замисли ти поднесуваш пријава, со 3.000 усд добивка и 2.000 усд загуба со што ефективно имаш 1.000 усд добивка. Поднесуваш пријава на 1.000 усд и очекуваш да платиш данок од 100 усд. Е сега од УЈП ти ја поништуваат пријавата и ти издаваат службена на добивка од 3.000 усд на која треба да платиш 300 усд данок.
Нема да има потреба да бараат друг основ туку сега топката е кај тебе и ќе треба ти да се докажуваш.

И мислам дека имаше сличен случај со дечко од Битола, мислам дека @El_Duderino беше, каде на пријавена дивиденда од УСА му го признаваат данокот и му ја профаќаат пријавата а потоа ја поништуваат таа пријава и му издаваат нова со која го задолжуваат на 10% на бруто сумата на веќе задржаните 30% во УСА.
Сите отворени трансакции после нова година и затворени порано oд две години од денот кога се купени подлежат на ступидниов данок (пример купена акција на 1ви јануари 2023 треба да се чува до 1ви јануари 2025 за да нема данок) . Се пријавуваат сите gains шо ги гледаш во графата засебно. Графата realized losses воопшто не се зема во предвид.
Законот е моделиран со единствена цел, странските тргувања да станат неатрактивни и да му се помогне на овој шо во иста насока крева тарифи за длабочина на цени.
Автоматски споено мислење:

Сите шо имате било какви прашања поврзани со законот и пред се критика кон членот 62 шо ги исклучува загубите можете да напишете мејл до УЈП. Имаат и законска и мандаторна обврска да одговорат професионално на сите мејлови. Напишете си го вашиот телефон на крај на мејот и секако име и презиме. Колку повеќе прешр им се прави толку побрзо ќе се смени работава. Подолу насока за мејл.

to: info@ujp.gov.mk

До,

Услуги на даночни обврзници

Генерална Дирекција - Скопје

Почитувани,.......
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512

Дали си сериозен дека притисокот ќе ги натера да го сменат законот?

Единственото нешто што ќе го смени ова е пад на оваа влада, и по можност тргање на комуњарата никогаш повеќе да не се врати на власт.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Highly doubt that. Може претходно да. После ФОМЦ во мај наверојатно веќе ФЕД ќе биде влезен во најмала рака во пауза моуд. За златото било каква нова инфлација, девавлација на доларот, рејт пауз, рејт кат се каписла за катапулт.
Различно размислуваме. Ако расте инфлација продавам злато. А ќе расте поради тоа не очекувам да го чувам премногу.
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Дали си сериозен дека притисокот ќе ги натера да го сменат законот?
Да, пошо кур ве боли сите. Во УЈП прв пат слушаат од мене дека е проблем шо не се пребивале загубите и во јануари и сеа. Сите благоглаголат а никој не ни пробува пријава да поднесе а камо ли да отиде да се распраша унатре или им напише претставка. Му барав на советникот да го снима службено разговорот за да им укажам на глупостите и да се заштитам себе си. По незаинтересираноста или сум јас луд шо пробувам да не праам евазија или останативе трејдаат пејпер акаунт и се расфрлаат со бројки од учинок.
Автоматски споено мислење:

Различно размислуваме. Ако расте инфлација продавам злато. А ќе расте поради тоа не очекувам да го чувам премногу.
Почитувам шо сме различни но како може да бегаш од злато ако расте инфлација кога единствен традиционален хеџ и замена за доларот шо девалвира е златото у есенција ? Можеби мислиш на мајнериве , пошо они ќе бидат засегнати од пораст на трошоци како сите останати?

Untitled.png
 
Последно уредено:
Член од
11 април 2012
Мислења
4.650
Поени од реакции
5.360
Да, пошо кур ве боли сите. Во УЈП прв пат слушаат од мене дека е проблем шо не се пребивале загубите и во јануари и сеа. Сите благоглаголат а никој не ни пробува пријава да поднесе а камо ли да отиде да се распраша унатре или им напише претставка. Му барав на советникот да го снима службено разговорот за да им укажам на глупостите и да се заштитам себе си. По незаинтересираноста или сум јас луд шо пробувам да не праам евазија или останативе трејдаат пепер акаунт и се расфрлаат со бројки од учинок.
Te gledam si eden od poaktivnite na temava i davas ocigledno nekoj doprinos (iako uste ne go razbiram jer ne sum dovolno navlezen vo ovaa tematika), ama prasanje za zaobikoluvanje na glupostive sto gi ima vo mkd so "grabezot" od danok i problemite so "visoko educiran" kadar vo UJP.

Dali nekogas nekoj od vas razmislil za da raboti preku druga drzava?
Ne moras da se preselis za toa, primer ke ja zemam Estonija. Virtuelno drzavjanstvo (e-citizenship) im bese okolu 100tina evra. Bukvalno ti nosi prava kako da si nivni drzavjanin, pristap do site vladini servisi i slicni gluposti. Da razbiram deka bi ziveel vo mkd i ke si rezident na istata i UJP ke ti se kaci na glava, ama mozes da si otvoris kompanija vo estonija i da trguvas preku nea. So minimalno ucestvo bi dobil pristap do evropski pazar i bi rabotel pod tie regulativi. Celiot ovoj proces bi ti bil znacitelno olesnet bidejki bi podlezel na evropski regulativi kade pretpostavuvam e podobro reseno seto ova.

Normalno ne znam kako ova bi idelo celosno kako trader poedinec ama veruvam deka postoi nekoja moznost za istoto. Mozebi ova da e dopolnitelni komplikacii od kade da znam, ama pa od druga strana da trejdam so zaguba i pak da plakam danok mi e vo najdobar slucaj smesno.
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Сите отворени трансакции после нова година и затворени порано oд две години од денот кога се купени подлежат на ступидниов данок (пример купена акција на 1ви јануари 2023 треба да се чува до 1ви јануари 2025 за да нема данок) . Се пријавуваат сите gains шо ги гледаш во графата засебно. Графата realized losses воопшто не се зема во предвид.
Законот е моделиран со единствена цел, странските тргувања да станат неатрактивни и да му се помогне на овој шо во иста насока крева тарифи за длабочина на цени.
ОК. Јас од начинот како беше пишано дека треба да се пријавуваат сите трансакции се добива впечаток дека треба да се пријавува секое купување и продавање а не само оние каде се остварува обврската за капитална добивка, значи покрактко време од 2 години и само каде си добивка.

Иначе се согласувам со тебе дека сите измени ги дестимулираат странските тргрувања.

Малку не ми е јасно. Можеби концептот/замислата ми е различна или не ги разбирам работите до крај.
Идејата ми беше сметка во странство од каде ќе fund-ирам или withdraw до/од ИБКР на пример. Парите/кеш од сметка би подигал преку АТМ кога ке идам во странство. Пример Германија, Аустрија ....
Можеби ова ^^ држи за low volume traderi, каков што се сметам јас.:)
Па јас би рекол по малку од двете :). За да имаш сметка во странство, треба да имаш двојно државјанство или регулирана виза. За да ја фундираш имаш две опции, или да внесуваш кеш на сметката, или да направиш трансфер на пари од наша банка. Според МК законот не смееш да имаш сметки во странство ако не живееш таму (што во тој случај значи дека си даночен резидент во таа држава и ова воопшто не те засега) или не е од сметка во земја во која имаш двојно државјаство. Ако пробаш да префлиш средства истите ќе бидат блокирани (така барем имам слушнато). Можеш да префрлаш во кеш но сепак си ограничен колку смееш во кеш да внесиш во странснска банка.
И ова пак не ти го решава проблемот со даночната резидентност. Даночната резидентност ти е комплексен проблем, но за обична индивидуа во 99,9% од ситуациите даночен резидент си таму каде поминуваш, повеќе од 6 месеци во последните 12 месеци.
Дури и да најдеш начин ефикасно да ја фундираш сметката пак ти останува обврската за пријавување на данокот во МК.

Да, пошо кур ве боли сите. Во УЈП прв пат слушаат од мене дека е проблем шо не се пребивале загубите и во јануари и сеа. Сите благоглаголат а никој не ни пробува пријава да поднесе а камо ли да отиде да се распраша унатре или им напише претставка. Му барав на советникот да го снима службено разговорот за да им укажам на глупостите и да се заштитам себе си. По незаинтересираноста или сум јас луд шо пробувам да не праам евазија или останативе трејдаат пејпер акаунт и се расфрлаат со бројки од учинок.
Кога јас разговарав добив впечаток дека се прилично запознати со проблемите, степенот на нелогичности и со незадоволството, само на крајот одговорот беше дека, сега за сега тоа е, да се почека можеби со правилниците и подзаконските акти ќе се дообјаснеле поголем дел од конфликтните ситуации.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.650
Поени од реакции
5.360
Даночната резидентност ти е комплексен проблем, но за обична индивидуа во 99,9% од ситуациите даночен резидент си таму каде поминуваш, повеќе од 6 месеци во последните 12 месеци.
Дури и да најдеш начин ефикасно да ја фундираш сметката пак ти останува обврската за пријавување на данокот во МК.
Bas poradi ova go navedov primerot so otvaranje na kompanija, kompanijata ke bide danocen obvrznik vo dadenata zemja, dodeka ti vo mkd ke si gi prefrlas parite na osnov plata/honorar i ke podlezis na drugi danoci.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Да, пошо кур ве боли сите. Во УЈП прв пат слушаат од мене дека е проблем шо не се пребивале загубите и во јануари и сеа. Сите благоглаголат а никој не ни пробува пријава да поднесе а камо ли да отиде да се распраша унатре или им напише претставка. Му барав на советникот да го снима службено разговорот за да им укажам на глупостите и да се заштитам себе си. По незаинтересираноста или сум јас луд шо пробувам да не праам евазија или останативе трејдаат пејпер акаунт и се расфрлаат со бројки од учинок.
Друже, корпорации кои имаат инвестирано страшни суми во Македонија се мачат веќе неколку години да променат друг закон (во тек сум апла многу затоа што ми се клиенти и ми виси цел проект на конец поради тој мочан закон, се плашат да инвестираат ако не се промени), и нема абер за истото. Јас ти гарантирам дека и сите 10мина што сме активни на форумов да отидеме во УЈП, нема да мрднат со прст.
Автоматски споено мислење:

Te gledam si eden od poaktivnite na temava i davas ocigledno nekoj doprinos (iako uste ne go razbiram jer ne sum dovolno navlezen vo ovaa tematika), ama prasanje za zaobikoluvanje na glupostive sto gi ima vo mkd so "grabezot" od danok i problemite so "visoko educiran" kadar vo UJP.

Dali nekogas nekoj od vas razmislil za da raboti preku druga drzava?
Ne moras da se preselis za toa, primer ke ja zemam Estonija. Virtuelno drzavjanstvo (e-citizenship) im bese okolu 100tina evra. Bukvalno ti nosi prava kako da si nivni drzavjanin, pristap do site vladini servisi i slicni gluposti. Da razbiram deka bi ziveel vo mkd i ke si rezident na istata i UJP ke ti se kaci na glava, ama mozes da si otvoris kompanija vo estonija i da trguvas preku nea. So minimalno ucestvo bi dobil pristap do evropski pazar i bi rabotel pod tie regulativi. Celiot ovoj proces bi ti bil znacitelno olesnet bidejki bi podlezel na evropski regulativi kade pretpostavuvam e podobro reseno seto ova.

Normalno ne znam kako ova bi idelo celosno kako trader poedinec ama veruvam deka postoi nekoja moznost za istoto. Mozebi ova da e dopolnitelni komplikacii od kade da znam, ama pa od druga strana da trejdam so zaguba i pak da plakam danok mi e vo najdobar slucaj smesno.
На берза ова е скоро невозможно, ќе ти бараат при регистрација тукашни документи.
Јас еве живеам во друга земја, но сеуште сум само со Македонските документи и нема како да отворам втор акаунт на Интерактив.
Доколку постои опција за правење депозит со крипто, тогаш има начин УЈП да не пипне ни денар (под услов Интерактив да не им праќа податоци). Ги вадиш во крипто, си пушташ оглас на телеграм по групите, и ги шиткаш за кеш без провизија, или преку посредник со 1-2% провизија за големи суми.
 
Pricina zasto ja navedov Estonija, dobivas nivna licna karta, kompletna dokumentacija izdadena od nivnata vlada i slicno. Taka sto dokumentite ke gi imas.
Mozebi ke treba da go zatvoris mkd akauntot ama toa e kompletno drugo prasanje.

Da ne bidam pogresno razbran, ne vikam deka ova e vozmozno prasanjeto mi bese dali nekoj nekogas go razmislil :)
Iskreno sansite se 50-50 (ili moze ili ne), go formulirav samo kako idea zasto odnapred potencirav ne sum tocno zapoznaen so se sto ti treba za trguvanje i zatoa ne mozam da ocenam dali vakva idea e vozmozna ili ne.

Eve za sto zboruam: https://www.e-resident.gov.ee/become-an-e-resident/
 
Член од
30 април 2018
Мислења
258
Поени од реакции
510
Bas poradi ova go navedov primerot so otvaranje na kompanija, kompanijata ke bide danocen obvrznik vo dadenata zemja, dodeka ti vo mkd ke si gi prefrlas parite na osnov plata/honorar i ke podlezis na drugi danoci.
Не компанија, само инвестициски фонд.

Да, пошо кур ве боли сите. Во УЈП прв пат слушаат од мене дека е проблем шо не се пребивале загубите и во јануари и сеа. Сите благоглаголат а никој не ни пробува пријава да поднесе а камо ли да отиде да се распраша унатре или им напише претставка. Му барав на советникот да го снима службено разговорот за да им укажам на глупостите и да се заштитам себе си. По незаинтересираноста или сум јас луд шо пробувам да не праам евазија или останативе трејдаат пејпер акаунт и се расфрлаат со бројки од учинок.
Те гледам попизден, а уствари ова е она што го знаеме и што го збориме уште од декември.
Пишување допис до УЈП во врска со ова е апсолутно без потребно. УЈП е орган е кој ги СПРОВЕДУВА законите, а овде немаме проблем со спроведување на Законот за данок на личен доход, туку со одредбите во истиот. За да се смени нешто треба да се смени самиот закон. Закон може да се смени само во собрание, а тоа ако добро знам може само ако:
1. Министерство за финансии иницира промена (ако сакаш да пишуваш писма, пишувај им на нив)
2. Пратеник или пратеничка група од собрание да поднесе амандмани за измена на законот
 
Kajgana Shop

На врв Bottom