Чекајте малку. Заборувате само за трансакции кај кои има капитална добивка и која треба да се прикаже, значи купено-продадено за помалку од 2 години, или сите трансакции, дури и оние со загуба или продадени во рок поголем од 2 години, кај кои нема капитална добивка или по законот не се плаќа?
Работата е секаква само не едноставна и целиот систем е каша-попара со различни толкувања. Замисли ти поднесуваш пријава, со 3.000 усд добивка и 2.000 усд загуба со што ефективно имаш 1.000 усд добивка. Поднесуваш пријава на 1.000 усд и очекуваш да платиш данок од 100 усд. Е сега од УЈП ти ја поништуваат пријавата и ти издаваат службена на добивка од 3.000 усд на која треба да платиш 300 усд данок.
Нема да има потреба да бараат друг основ туку сега топката е кај тебе и ќе треба ти да се докажуваш.
И мислам дека имаше сличен случај со дечко од Битола, мислам дека
@El_Duderino беше, каде на пријавена дивиденда од УСА му го признаваат данокот и му ја профаќаат пријавата а потоа ја поништуваат таа пријава и му издаваат нова со која го задолжуваат на 10% на бруто сумата на веќе задржаните 30% во УСА.