- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.110
- Поени од реакции
- 12.687
Ова не боли, ама боцка, а ако се размножат ваквите боцкатори, ќе боцка се` повеќе, се` посилно, се` подлабоко и се` почесто.
https://off.net.mk/vesti/svet/tri-boi-amerika
Три бои Америка
1 април 2023 - 09:33
Имаме три актуелни изјави во врска со политиките на Соединетите Американски Држави, од три различни страни на светот. Од Германија, од Мексико и од Замбија. Никој од присутните не е про-Путин, про-Пекинг или нешто слично. Просто, кога се зборува за семоќната империја им е докурца.
Пратеничка на германскиот Бундестаг ги повика САД конечно да ги повлечат своите војници од Германија и со себе да го земат нуклеарното оружје:
„ После 78 години, време е да си одат дома. Сите други сојузници одамна го направија тоа “ .
„ Американската администрација остава впечаток дека не сака сојузници, туку вазали “, изјави пратеничката на германската Левица.
************
Откако САД почна да му се заканува на Мексико по најавите дека ќе го национализираат литиумот, мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор гласно порача дека Мексико не ни е колонија ни протекторат на Америка:
„ Соработка ДА, потчинување НЕ! Да живее Мексико! “, порача Обрадор по повод 85 годишнината од национализацијата на нафтата.
*************
„ Америка нема морално право да ја учи Африка на демократија “, изјави лидерот на опозицијата на Замбија за време на посетата на Камала Харис:
„ Земја која собори толку многу влади во Африка и направи толку многу пучови во Африка и во другите делови на светот. Земја која уби толку многу наши лидери во Африка и во другите делови на светот. Убијците на Патрис Лумумба, тие кои го соборија Кваме Нкрумах, тие кои го убија Насер, тие кои го убија Моамер Гадафи, денес доаѓаат да нè учат за демократијата. Земја која е изградена на брутална сила, на ропство на други човечки суштества, на понижување на Африканците, на експлоатација на Африканците, грабежот на Африка, денес доаѓа да нè учи за демократија. Ако немате почит за достоинството на другите, ако немате почит за суверенитетот на други земји, не можете да тврдите дека сте "шампион на демократијата" “, изјави Фред М'мембе.