Wizz Air летови од/до Македонија

Член од
15 јуни 2020
Мислења
249
Поени од реакции
922
Dali e dozvoleno eksteren hard disk gore vo kabina ili mora dolu vo cekiran bagaz?
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.474
Поени од реакции
24.713
Види ја не ги споредувам со други авио превозници достапни кај нас. Како што кажав, алтернатива неаме и затоа ги пцуеме. Да имаше алтернатива ќе се заебеш еднаш и тоа е, ќе прекинеш да ја користиш нивната услуга. Инаку ја сум немал некој значаен проблем, ама задње време ко да зачестија со глупостите.
Пример ова со overbookingot, не сум сигурен ни доплатата за седиште или доаѓањето порано дали ќе те заштити. Ти секако коа чекираш имаш седиште. Не ми е баш јасно како бираат кој ќе се качи кој не.
koj prv dojde obicno, ne veruvam wizz da klasificra musterii ko legacy sto pravat
Автоматски споено мислење:

Прашањето е дали и тоа букирање на седиште ќе те спаси. Ако има некој искуство нека сподели :icon_lol:
ke te spasi ali pak teba da si bar saat vreme pa i malku poveke za popularnite destanacii pred letot na aerodrom. ako ostavis posledna sekunda i imaat prodadeno se ke ti gi dadat sedistata so pretpostavka deka nema da se pojavis.

ova ne vazi ako nekoj let od iks pricini bil celosno otkazan pa ste na primer 2 leta nacukani u eden... togas treba da si mnogu rano tamu...
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.861
Поени од реакции
23.257
WizzAir ретко кога картата е 200 евра правец, тоа може ако е на ден два пред летање, или е е за некој празник или шпиц сезона. Еве чолисмо рече дека и Тирана и е блиску, па од таму има 50 дестинации каде што можеш да леташ, а и за доста мала сума.

Треба да се планира, да се следат попусти, промоции, да си купите визз дискаунт и да си летате на раат.

Јас во Октомври летав Скопје-Болоња за 1250 денари со приорити. Во Февруари летав Скопје-Дортмунд за 2300 со приорити. За Лондон, Стокхолм може се поскапи, ама па тоа си повлекува и други трошоци, повисок стандард на патниците, поголеми трошоци за аеродромот во Шведска/Англија и слично.


Ако е така, за Братислава/Будимпешта се наоѓа карта со ранец за 3000 денари максимум повратна, што мислам дека е фер. Виена ви е на саат време :)

А ако не си флексибилен со време и планирање, плаќаш тоа што ти е најевтино во моментот на одлука. Ако треба да патуваш утре итно за Франкфурт, и имаш летови за 200, 400 и 600 евра, тогаш најевтиното е 200 евра, и не се буниш дека си можел да леташ за 10 евра од некаде на друго место.
Визер се гомна невидени.
Денеска е први Април и ако сакаш да букираш карти за во Септември за Малта-Скопје, еве колку чини за тројца со 20 кг куфер за 10 септември. Значи 5 месеци однапред зборам...

Screenshot_20230401_093436_Wizz Air.jpg

Screenshot_20230401_093441_Wizz Air.jpg


А еве колку ќе ме чини да летам до Атина за истиот период со 30 кг куфер.
До Солун е слична цена - 430€ за 10ти до 20ти Септември.

Screenshot_20230401_093712.jpg

Без куфер Визер е 220€ додека Рајанер е околу 80-90€.
На страна фактот што едните летови се до тотално неатрактивна туристичка дестинација како Скопје а другите до Атина, и тоа што овие летовите Малта-Скопје се во ниедно време навечер додека до Атина се денски летови.

Мора што побрзо да се дозволи влез на Рајанер на скопскиот аеродром.
Визер се тешка катастрофа последниве две-три години. А и со самото тоа што ќе имаат конкуренција би размислиле за цените. Море да дае господ банкрот да одат да ги снема од планетава. Последни три летови со нив дите беа одложени по саат и 45 минути. Рајанер летав 3 пати во последниве 6 месеци - никаков проблем.
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.390
Поени од реакции
4.352
Може да се ВизЕр станати многу лоши и скапи, ама правете споредба на исти летови, на исти дестинации со две различни компании.

Како прво релацијата Скопје-Малта има многу гастарбајтери од Македонија и Србија, и во тој период одат/се враќаат многу патници од одмор.

Грција има многу повеќе аеродроми и повеќе авиокомпании, а со тоа многу повеќе избор.

Затоа и цените се пониски, а и тоа не значи дека е правило.

Направи некоја паралела тогаш со туристичка/гастербајтерска линија во Грција. Цените ќе бидат приближно исто високи.

На крај краева, летај од Софија, или пак од Ниш, или преку Италија, или пак смени дестинација.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
WizzAir ретко кога картата е 200 евра правец, тоа може ако е на ден два пред летање, или е е за некој празник или шпиц сезона. Еве чолисмо рече дека и Тирана и е блиску, па од таму има 50 дестинации каде што можеш да леташ, а и за доста мала сума.

Треба да се планира, да се следат попусти, промоции, да си купите визз дискаунт и да си летате на раат.

Јас во Октомври летав Скопје-Болоња за 1250 денари со приорити. Во Февруари летав Скопје-Дортмунд за 2300 со приорити. За Лондон, Стокхолм може се поскапи, ама па тоа си повлекува и други трошоци, повисок стандард на патниците, поголеми трошоци за аеродромот во Шведска/Англија и слично.


Ако е така, за Братислава/Будимпешта се наоѓа карта со ранец за 3000 денари максимум повратна, што мислам дека е фер. Виена ви е на саат време :)

А ако не си флексибилен со време и планирање, плаќаш тоа што ти е најевтино во моментот на одлука. Ако треба да патуваш утре итно за Франкфурт, и имаш летови за 200, 400 и 600 евра, тогаш најевтиното е 200 евра, и не се буниш дека си можел да леташ за 10 евра од некаде на друго место.
Летен/зимски период за Стокхолм картите достигнуваат и до 400 еур. Отвори уште сеа Стокхолм-Скопје за летово и види ги цените. Без куфер, без ранец. Додади ги и тие трошоци плус фактот дека Виз секогаш лета од подалечни аеродроми, кога ќе ја вкалкулирам и таа цена плус времето поминато додека да стигнам до аеродромот, плус катастрофалните времиња на летање ( или 6 сабајле или 9 навечер ) никако, ама баш никако не ми се исплаќа да летам со нив. Ако веќе ја трошам таа сума, ќе летам со културна компанија кај шо има нормален простор за седење и авионот не е динга преполн. Минатата зима, крај на јануари летот Скопје-Стокхолм стигна цена од 300 еур. Цел месец ја пратев цената, на крај рипна на 400. На крај за 200 еур летав Скопје-Виена, Виена-Стокхолм со вклучен багаж. Ни преседувањето не ми беше проблем пошо временски пак стигнав исто. Виз слетува на аеродром 2 саати од Стокхолм, додека Аустриан на главниот аеродром од кој за 30 мин сум дома.
Дека шведскиот аеродром има повисоки такси, апропо повисока цена на картите чисто се сомневам, пошо од истиот аеродром лета и Рајан со дупло пониски цени. Едноставно си држат монопол врз македонскиот пазар и тоа е тоа. Да, голем дел од времето се наоѓаат карти за разумна цена, но во последно по сите групи читам за откажани летови на еден час пред тргнување, па оставање на патниците сами да пребукираат, или пребукиран лет па некој останува итн. Но тоа е дел од ризикот кога купуваме карта за 15 еур нели :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.861
Поени од реакции
23.257
Може да се ВизЕр станати многу лоши и скапи, ама правете споредба на исти летови, на исти дестинации со две различни компании.

Како прво релацијата Скопје-Малта има многу гастарбајтери од Македонија и Србија, и во тој период одат/се враќаат многу патници од одмор.

Грција има многу повеќе аеродроми и повеќе авиокомпании, а со тоа многу повеќе избор.

Затоа и цените се пониски, а и тоа не значи дека е правило.

Направи некоја паралела тогаш со туристичка/гастербајтерска линија во Грција. Цените ќе бидат приближно исто високи.

На крај краева, летај од Софија, или пак од Ниш, или преку Италија, или пак смени дестинација.

Ок, гастарбајтери од Македонија и Србија, да речеме има врска.
Ама како ќе објасниш ова? Малта - Белград со Визер 1140€ а Рајанер до Ниш 520€ (избрани се истите пакети како и оние претходните до Грција и Македонија)

1680348245538.png

1680348140326.png



И каков е овој муабет? Kас ти викам скап е Визер дури и пет месеци однапред да планираш, ти ми викаш патувај преку Софија или Ниш па ебавај се уште 100 евра и 3-4 часа плус, за да стигнеш до Скопје. Или па преку Италија со два лета... :facepalm:
Остај ме ти мене, јас знам како да стигнам до Скопје, ама ако сака трочлена малтешка фамилија да лета некаде на Балканот зарем стварно мислиш ќе одат до Скопје за 1000€ а не хотел и авион до Атина за 1000€?
Два пати сум патувал до Атина и да ти кажам ако некој туриста плати 1000 за да лета до Скопје ќе му биде најголемата грешка во животот и никад нема да помисли на истото кога ќе се симне на она малечконо аеродромче во пустелија надвор од Скопје без организиран превоз до центарот и поскапи пијалоци од Фиумичино во Рим. Не се заебавај, оваа цена е преголема за било која компанија која се промовира себеси како нискобуџетна. Џабе сите паралели, комбинации фактот е тој, Визер е ефтино само ако си сам и со ранче едно на 2-3 дена. Ништо повеќе.



100 pati e probano, rajaner ne e zainteresiran
Не сум запознат со овие муабети. Не сум знаел дека воопшто не е заинтересиран. Особено што сега гледам влегоа и во Сарајево, а и во околните земји е позастапен. На пример Малта-Софија имаше само Визер претходно, сега е само преку Рајанер а најверојатно и Малта-Букурешт ќе биде исто во блиска иднина.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.217
пуштија тендер за субвенции и мислам никој не се јави освен wiz air.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.861
Поени од реакции
23.257
Гледај сега комбинациите на Кава. Малта нема поврзување со Италија преку Визер и комбинацијата е Малта-Будимпешта-Скопје-Будимпешта-Малта ако сакале гастарбајтерите да си дојдат дома.
(комбинацијата не е возможна затоа што летовите не се поклапаат па така ќе мора да се преноќи во Будимпешта ако сакаш со Визер да стигнеш до Скопје од Малта, ова го поставувам чисто само споредба на цена доколку би имало можна комбинација)
Тотал - 1850€ - слоганот им гласи Cheap Flights - Book Direct for Best Deals :facepalm:

1680349789366.png 1680349926755.png



Од друга страна, Туркиш Еирлајнс за 1180€ - 38 кг куфер и јадење на двата лета со вкупно време од 9 часа.


1680349644101.png
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.390
Поени од реакции
4.352
@SK-92 добро, ВизЕр е поскап од РајанЕр. Значи имаш избор со РајанЕр, летај со нив.

Малтежани нема да се запнат до Скопје да летаат, тоа се е од гастарбајтери.

Им се може на ВизЕр, штом се единствени на пазарот кај нас. Ако има 2-3 нискобуџетни компании, ќе си стават поконкурентни цени.

Другите опции ти се преку најблиските аеродроми, во соседните држави. И не гледам ништо лошо да леташ од други аеродроми, се додека заштедуваш солидна сума на пари.

Јас многу пати сум заштедил летајќи од/до други аеродроми. Ако ВизЕр ми бил скап, сум се снаоѓал.


На страна парите, Скопје нема што да понуди на турист. Охрид е едина светла точка во МК, иако за угостителите према МК туристи не можам да кажам ништо позитивно.

Другите убави места во МК не се добро развиени, нема што да се прави, т.е изборот е многу мал, а и не се доволно изрекламкрани.

Многу време губиш за да ми докажеш нешто што не е баш релевантно. Си се запнал за една дестинација. Сезона е, одат луѓе и затоа се цените толкави. Ако ти е толку скапо, нема да одиш таму.

Можеш да најдеш евтина рута, и не мора да е преку ВизЕр.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.474
Поени од реакции
24.713
Ок, гастарбајтери од Македонија и Србија, да речеме има врска.
Ама како ќе објасниш ова? Малта - Белград со Визер 1140€ а Рајанер до Ниш 520€ (избрани се истите пакети како и оние претходните до Грција и Македонија)

Прегледај го приврзокот 373916

Прегледај го приврзокот 373915



И каков е овој муабет? Kас ти викам скап е Визер дури и пет месеци однапред да планираш, ти ми викаш патувај преку Софија или Ниш па ебавај се уште 100 евра и 3-4 часа плус, за да стигнеш до Скопје. Или па преку Италија со два лета... :facepalm:
Остај ме ти мене, јас знам како да стигнам до Скопје, ама ако сака трочлена малтешка фамилија да лета некаде на Балканот зарем стварно мислиш ќе одат до Скопје за 1000€ а не хотел и авион до Атина за 1000€?
Два пати сум патувал до Атина и да ти кажам ако некој туриста плати 1000 за да лета до Скопје ќе му биде најголемата грешка во животот и никад нема да помисли на истото кога ќе се симне на она малечконо аеродромче во пустелија надвор од Скопје без организиран превоз до центарот и поскапи пијалоци од Фиумичино во Рим. Не се заебавај, оваа цена е преголема за било која компанија која се промовира себеси како нискобуџетна. Џабе сите паралели, комбинации фактот е тој, Визер е ефтино само ако си сам и со ранче едно на 2-3 дена. Ништо повеќе.





Не сум запознат со овие муабети. Не сум знаел дека воопшто не е заинтересиран. Особено што сега гледам влегоа и во Сарајево, а и во околните земји е позастапен. На пример Малта-Софија имаше само Визер претходно, сега е само преку Рајанер а најверојатно и Малта-Букурешт ќе биде исто во блиска иднина.
avio biznisot ne funkcionira bas ko sto si zamisluvas. ryan gi brakme poveke od 10 god ama ednostavno ne gi interesira MKD. oni se svesni deka protiv wizz ke im bide tesko i deka wizz veke ima i baza vo skopje. plus nie sme pomal i pospecificen pazar koga ke vidis kade im se glavnite bazi i kade imaat najveke letovi nie ednostavno ne im odgovarame. glaven fokus niv im e UK i Spanija. Od glavnite viena, milano i eventualno bolonja moze da ogovara mada za toa ke ima konkurencija. mislam deka oni porado preku pristina bi rabotele...
 
Член од
23 август 2015
Мислења
245
Поени од реакции
437
пуштија тендер за субвенции и мислам никој не се јави освен wiz air.
Сеуште не е објавено кој се имаат аплицирано..Мислам дека во понеделник ке се отвараат понудите.
Не знам зошто им требаше на владата да се брукаат со поништување на првиот тендер. Мислам дека и на претходниот тендер кој го доби Визер имаше едно или две поништувања. Па не сме ние Истанбул, Дубаи или Лондон па да се тепаат компаниите да влезат на нашиот пазар. Требаше малку полабави критериуми и да се разговара и со Рајанер за конечно да влезе на македонскиот пазар, а и Изиџет да воведе уште некоја рута.
Со вакво ебавање не верувам дека сериозна компанија ќе си губи време 10 пати да аплицира за некои ебани субвенции
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.390
Поени од реакции
4.352
И сега, по твојата логика, кој е поевтин? Така ако гледаш, ќе најдеш и таков и таков пример. Се согласувам дека ВизЕр за од Скопје имаат доста скапи летови, ама тоа е за тоа што немаат конкуренција, а и сме мал/сиромашен пазар. А мислам дека мнпгу мали субвенции дава државата, па така и за тоа ни се толкави цените. Ама за ова последново не сум сигурен.
 

Attachments

Член од
23 август 2015
Мислења
245
Поени од реакции
437
Не знам како Визер ги формираат цените, конкретно за Малта за септември се доста нереални за толкав долг период и мислам дека ке бидат корегирани.
Пример гледав пред неколку недели летови Скопје-Милано за во мај и немаше поевтина карта од 130 евра во еден правец, за сега да се корегирани и најскапата да е околу 50 евра. Сепак е нискобуџетна команија и се што е над 130 евра карта за еден паравец е веќе нереално
 

Kajgana Shop

На врв Bottom