Јас мислам ќе ги казнат, имам таква некоја надеж, па ќе видиме....
За такви работи службена победа на Пелистер не, таков филм не гледајте, можеше да побара господинот од кај нас после цел циркуз шо се деси, да бара празнење на трибините, ама и тоа ќе беше тотален хаос, 6000+ публика, плус само шо влеговме +400 од Битола и така џандарите беа изгубени во просторот како сваекогаш, не пак да справат толкава толпа на луѓе да напушти сала, значи тој беше максимумот шо можеше да го побара председателот, ама изгледа како шо пиша погоре сакаше регуларно и на чесен начин да ги победи, ама од старт се виде дека така работата нема да оди, иако до моментот пред да биди инцидентот ко влеговме резултатот беше 6:6 и претходно имавме водство од по 1 гол, после то како шо даде Јовиќ изјава како да излезе друга екипа и така е, после трчањата во соблекували, скршена врата, шипки во рака, влезе стравот во нив, пример ќе ги земам данците од тимот, види го Кисум му се секоја двете нозе, се изгуби после тој инцидент, Ханенберг седеше под делот кај Чкембарите, цело време си снимаше со телефонот во рака, ко му здожежи и него почна да трча, немат ваква атмосфера доживеано сите играчи кај нас, едино можи постарите македонски играчи како Ојлески, Пеше, Танкоски, другите не, тие куртоните во Данска му дават во сала онакви гумени дувала и со рацете тапшат цело време, прав театар....
Добро е шо кружи видеото речиси сегде, па ќе стигни до ЕХФ, максимум шо би ги казниле е да му одземат -3 бода, да ги казнат празна сала 2/3 утакмици и нормално парична казна да си јади клубот, не е будала и Жика ќе гледа максимум да искористи шо можи, допрва ќе има трето полувреме овде....
Исто и ние би испиле казна, само парична во моментот, не сме организатори на мечот за да добиеме друга казна, само нашата казна би била двојна од таа на вардар, зошто се внесе цел арсенал на пиротехника внатре, се чудеја, тотален пропуст на мвр за оваа утакмица исто како и лани, сега барем безбедноста беше повеќе насочена надвор, премногу полиција, пиле не можеше да прелета на секој дел, раскрсница, булевар имаше специјалци, за разлика од лани каде си трчаја покрај автобуси кој стигни.
А за во сала повторно кикс и лани и сеа, не ми е јасно како нема полиција во делот кај со граничи обична публика со гостински навивачи, па и пред домашните навивачи, му прескокнува ограда и влегва во терен дел од навивачите

каде бе вака Битола, по
МИЛИОН ПАТИ се докажа дека полицијата во Битола и Скопје за спроведување на ова е разлика како ден и ноќ, врапче не можи да прелета ко ќе идите Битола, цел парк затворен, кружат ебр, кордон до сала, внатре исто, приватни фирми обезбедување ангажирани, два реда по назад за домашната публика од ограда, за гостинска нг ако има преку 10 реда празни, овде башибузок Скопје, безбедноста 0, ниту за обична публика, ниту за играчи....
Пиротехника се внесе колку САД шо даде оружје во Украјна

Најавата за влез беше стилска, само шо влеговме стандард испровоцирани од делот кај обичната публика од навивачи да не се именуват кој си ги знајте, фрлаја со столчиња, па тогаш се возврати со баклите и настана хаосот (не го оправдувам потегот наш, напротив не требаше да дојди до то, не беше во ред, но кај ќе исконтролираш толкава бројка, па леташе се шо ќе стигнеше и бидна то шо бидна)
Пак ќе речам ние во ск сме на праг да очекуваме се и сешто, вие во бт си идите како господи небаре Бајден го носат, не ја добиваме истата тортура, то е факт и за ова можи да се објаснуваме уште цела недела !
За нивната нехуманост и непотребна сила во копот каде се изгазија 50тина души, за полесно да дојдат до апсења, не сакам да коментирам.... дојде дури до несвестици и припаѓања, 2 саати да те држат после утакмица, не знам дали било на друго место до сега.(толку околу овај дел).
За делот околу претседателот избрза со две работи, првата заедничата слика т.н пружење рака со Михо за наводно повиквање на мир во дербито, уште да речеја елате заедно навивајте, нормално е да има тензии, притисоци сите тие работи, Пелистер-Вардар е најголемо ракометно дерби на балканот и сеа кога двата клуба се тука негде околу борбата за титула неккој повиква на мир, небаре Пролет - Радовиш играт.
И другата работа со изјавата на фб шо излезе, тотално се разочарав, вината да ја префрлиш кај некој е најлесно, кога сме секогаш со клубот, еве ден Недела 13 саати да се дрнкаш, некој одвоил време, нерви, повеќето фамилија, притисоци, за да возвратиш ти вака дека "некои од навивачите" биле на штета на клубот и сакале само да бидат штетници и ред други работи нема терезија некако, во работни денови некој се ослободува и од работа, одвојва пари, за прескапите дресој шо ги продават и останатата опрема, тренерки, поло маици, шалови никој не рекол не продавајте толку скапи, за вака да возвратиш не е ок.
Проблемот е кај нас, пак ќе речам изборот на играчи кој ги бира треба да си одговара, не можи Вардар со Манасков и Георгиевски кој двата заедно имат 67 години, да ти продават ракомет на толку странци во екипата.
За вгодина пак ќе биди јово на ново, нова гарнитура на играчи, само да се надеваме дека ќе бидат по избор на тренерот, па ако згреши тој, тогаш тој да го јади по уши.
Околу судењето срамота е да збораме, имаше грешки да, ама се неколку и се бројат на една рака, на +7 разлика не можи да речиме судиите се криви, да се разбериме, секогаш ние вината ја бараме кај тие шо не играт со топка, место да видиме кај грешиме ние.
Пораз до 2 гола разлика за мене беше рамно на победа, фаворити беа вардар секако цело време то го зборав, ама како и секогаш ептен не крева еуфоријата шо е нормално, па и со таква негатива ќе беше лесна да се анулира во Битола, вака +7.....шо е многу, многу е и двајца Чкембари да го судеја мечот пак ќе изгубевме
п.с. Останва да видиме шо ќе пресудат до крај, дава малку надеж ситуацијата, ама Михо си го лади сеа, ние си ги стегаме главите....