Интересно е како ако се врати човек на постовите од летово, од август-септември, многу членови тука ја фалат екипата како ова е состав со мадиња, како игра како колектив, има тимски дух, браво за управата, за избор на тренерот. Сите оптимистички настапуваат, охрабрени од селекцијата на играчи, како и секоја година. И при крај на сезоната, како секоја година, почнувате со - кај ги најдоа овие, сите да летаат, манекени, управа, стручен штаб, играчи. Немаат муда, гордост, знаат ли кај дошле да играат. Сакате сите да одговараат, а само вие навивачите сакате да се исчистите од ваша одговорност за вашите лоши проценки и глупости што ги зборите и правите.
Ако свртите во постовите назад, ќе видите дека ваши членови тука ги бараат овие судии, се збореше како срамота е што Битола има судии што судат Лига Европа, а не им се дава да го судат дербито. И им се даде, и покрај тоа што едниот на facebook ставал слики од себе со амблемот на Пелистер. Да беше обратно, ќе полудевте. Ама сега, судиите не ви чинеле, со Киро биле поврзани, и не знам се какви теории на заговор. Лошо суделе, ве оштетиле. Ма дај.
Тука 20 страни се збори за инциденти и навивачите, а не се спомнува дека апсолутно ништо не изигравте на теренот, и дека тонењето не ви почна по рестартот, тука минута две пред крај на првото полувреме, и на почетокот на второто. Изгубивте поради тоа што се немаше квалитет. И не знам од кај толку оптимизам кога цела сезона ништо не изигравте. Еден небитен натпревар со Нексе добивте, и одма ко некоја ренесанса да се десило се уфилмавте. Избркавте океј тренер да донесете два, кај што еден тајмаут еден го води, друг друг. Со тоа само се намалува авторитетот на Јовиќ и штета се нанесува. Најверојатно и играчите се збуенти кој каква улога има и кого повеќе да слушаат.
Дајте малку одоговорност. Нема заговор против вас. Тоа е само во вашите глави за да си ги оправдате несупесите. Екипата ви е послаба од таа на Вардар и годинава, и тоа е тоа. Оваа сезона имавте златна прилика, и по моменталната ситуација, најверојтано успеавте да ја оплескате. Сами сте си криви. Прифатете го тоа. И очекувајте следната година најверојатно циклусот пак да се повтори. Подобар пристап ќе ви беше да го оставите Бабиќ да работи, и да му побарате титула во третата сезона од стажот. Наместо вака, екипа, нема титула, целосен ремонт, па пак исто.