Пејат скопски пички, тројцата најдобри играчи вчера им се скопјани, ниту еден битолчанец во тимот немаа
Кизиќ од Драчево, Пешевски од Илинден и Атанасијевиќ од Бутел (ајде браќава се по татко со битолско потекло). Останатите стружани
Реков дека една од екипите ќе тепа со голема разлика и погодив. Потајно се надевав дека тоа ќе бидеме ние, иако сепак мислев дека ќе загубиме, поради мотивацијата од смената на тренерот, големиот број играчи, тоа што они се предизвикувачи за титула, ситуацијата кај нас итн.
Како што кажав и вчера, инцидентот ги реши работите, затоа што странците кај нив се испичија. Имаат среќа што ние теравме фудбалско навивање, ако им свиревме на сите напади, уште повеќе ќе ги тепавме. Од раце им паѓаше топката.
Ама во секој случај, џокерот беше Дутра. Со Карапале се изнамачивме, до инцидентот ниту една акција немавме, на индивидуален квалитет се форсираа влезови.
Кај нив Пешевски не растури, фали тука Лазаревски да го тресне од земја. Голема штета е што се повреди, палачиште е и он, ќе одиграше топ. Мене ме плашеше да не играме со Атанасовски, ама Столе се чувал за оваа утакмица.
Сите беа за пофалба вчера, Манасков и Гоце згазија, Моралес како одигра во одбрана, ќеифот ми го направи кога го лупна Каспер Кисум од земја при крајот
Велко со партија ко на времето.
Прво они се курчеа, играа грубо, Атанасијевиќ и по судиско свирче не ги пушташе играчите, храбро до крај.
Заебано е што константно првата се игра кај нас. Така гостинот доаѓа психолошки порастеретен, бидејќи притисокот е на твоја страна за да бркаш повисока победа. Ама добро се износивме и со тоа.
Пак ќе повторам, да не се лета многу. Долг е патот до титулата, многу работи ќе се разјаснат со гостувањето кај Алкалоид во сабота, до тогаш не смее да има никакво опуштање.
Имаме и тешки гостувања во Кавадарци и со Бутел. Далеку е од решено првенството, а и не значи дека и ние нема да може да изгубиме 8 разлика кај нив.
Тенки сме со играчи, една повреда на поважен бек и отиде сезоната.
Сезонава секако ја сметав за преодна, да видиме дали ќе се исполнат некои најави за нови спонзори. Тешко дека во ситуацијава би добиле настап во Европа...