- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 4.962
- Поени од реакции
- 11.245
Остај тоа “карактери се повторуваат”..!Знам, но сепак голем дел од карактерите се повторуваат уште од кецот, па сакав од почеток да видам како го развиваат плотот.
Не би можел ништо да кажам за тројката, т.е не смеам... имам само демо играно а тоа беше премалку. Но ја имам моментално фул верзијата и секако ќе ја играм после двојката.
Не знам зошто толку ја ругаат, не ми е јасно. Вака изгледаше фантастично. Ваљда ако ти се играни и претходните тогаш почнуваш да правиш некои паралели и да наоѓаш маани (пр. зошто не ја претставуваат причата како во двојката и кецот, зошто не е тешка како двојката и кецот и сл. - критики кои ги сретнувам за тројката)
Би рекол нешто слично како јас со Дарк Соулс бе... Почнав со 2, тука се заљубив со светот, тука научив да ролам и сите тие работи. Фактички го доживував како прозор од кој за првпат го доживеав „видикот„. Па без разлика колку беше матно стаклото и колку беше стара и искршена рамката.
Иначе... Д3- Анимации и графика си вриштат, стори- не знам, али со намера сум да дознаам.
т.е ваљда нешто слично како кецот бе. Кецот само што го завшрив. Тоа е, го тепаш ѓаволот и го спасуваш светот само во различни паковања од серија во серија јбг.
Врска немаат една со друга.
Второ, можеби грешка ти било што си ја фанал тројката прво…
Додуша не можам да те кривам за тоа! Ние “постарите” сме немале избор, тие биле игрите… Вие имате далеку поголем избор..
Ама па баш ради тоа нас, коа испадна тројката ни беше како WoT, што у ствари и беше!! Кеш граб на Близард што го искористи името и универзумот на Диабло за да профитира од хајп трејнот со вот!
Веруј, кецот и посебно двојката се ненадмашливи класици!
Сеа да не испадне дека пишувам ривју или споредба.. ама како хард-кор фан на Диабло се осеќам повикан да објаснам некои работи…
Не е до графиката(!) иако за времето имаа одлична графика… колку што добра атмосфера имаат! Музика врв што те прати у чекор! Ти прави језа! Знаеш дека нешто гадно се спрема..! Кога ќе олабавиш и ќе си речеш “добра е, поминав”, нареден момент локаш напивки и кликаш како луд да спасиш глава..!
Фаќаш цело време item-и и не знаеш што се додека не ги идентификуваш! Во исчекување си како да гребеш сречка! Па да не навлегувам каков само систем на ајтеми има!
До ден денес се висхитувам на тој што го смислил сето тоа..! Па уште сто работи фаќаш, де руни, де костурски глави, де злато, де џемс, …крај нема!
Рецепти, крафтинг, ролање, сокети, рунвордс… лудница!
Па ако забегаш како што јас сум забегал.. до ден денес ги памтам имињата на unique ајтемите, сетовите, рецептите(повеќето), рунвордс.. нема крај!
Секој карактер си има посебен гејмплеј и стратегија, иако на прва играта е поинт-енд-клик! Да не зборам па каков систем на поени и развој има, што во комбинација со разни оружја и ајтеми, од еден карактер може да изградиш 7-8 сосем различни под типови, со скроз различна игра…
Ај многу забегав со објаснувањево.. ама двојката е поим за игра! Десет мауси имам сјебано со неа!
И најјако од се, е што нема енд-гејм!! Нема крај! Игривост бесконечна! И тоа е дел од нејзината магија…. Ако завлезеш, толку е!
П.С. последен пат ја баталив(за тие што знаат) со Френзи Барб, со Енигма, BotD, CtA, торч и анилиус, +Greed!
И го имав цел сет Имортал Кинг за ладење кога ми беше досадно…