Барем тоа нешто добро им беше, ама рака на срце и САД истото го рекоа и ЕУ, дека нема правна рамка да се конфискуваат тие пари коа државата ги вложувала со свој капитал. Мислам дека ни е економски не е ни изводливо, што ќе и праиш на таа обврзница ќе ја препродадеш ли? Е овде стварно незнам која би била шемата.
Ама назад на темата, сепак ооогромна историска грешка им беше тоа на Швајцарија со замрзнувањето на финансиските средства на Русија и приклучувањето на санкциите и особено нарушување на традиционалната неутралност, држава која и во двете светски војни била неутрална, дури во втората и го финансира Хитлер со заеми и сл. Да сега каква и да е хегемонијата на чело со САД ( а знаеме кои алатки ги имаат тие да ги закопаат навек швајцарците ако не играат по нивни ноти) сепак попуштат и направат таква грешка.
Сеа ти можеш да вртиш до утре, теории, филмови, равенки и сл. Ама чим ти вика мулти милијардерот од Арабија нема више мои пари таму... нешто смрди. Пази, они да сакаат така ќе им ги дадат тие пари што им требаа, филантропски, еве ние сме тие што ќе ве спасат, во фондовите незнаеме колку нули имаме. Ама...
И пак ќе нагласам, огромни пари се извлечени од остатокот од светот* надвор од западот. Тоа се осеќа и те како, ако си прав економист знаеш убаво што значи тоа. Мислам дека е најлошото нешто. Баш она чиста најава за пропаст. Кога некој ти го секнува изворот.
Турли тава пост.Класика обид да се извадиш од глупостите што ги тврдеше, ама катастрофален ти е обидов.
Види од каде почна муабетот, дека твоето тврдење поради санкциите банките пропаѓале, што врска нема, прочитај си го постов уште 3 пати и дај опрај се.
Првин збореше за САД и санкциите врз Руски капитал дека биле причина за пропаѓање, тоа ти покажав врска нема. После магично се префрли за Кредит Свис, каде самиот арап ти кажува дека нема да вложува дополнителни пари, ти кажав дека Швајцарците одбија да замрзнуваат Руски капитал туку така, а ти во вториот пасус еден куп невистинити глупости. Арен ли си?
Третиот пасус, демек се мои теории, филмови уште повеќе се закопуваш што врска немаш како функционира една банка, бидејќи тоа се факти, реалноста, плус дополнително самиот потврдуваш дека нешто смрди во Швајцарија, иако според
твојата логика, штом нема санкции, таму треба да иде капиталот, а ти сега тврдиш дека смрди. Арен ли си?
Што пак ќе нагласиш, огромни пари биле извлечени надвор од западот,
за кој запад збориш сега, за ЕУ или за САД... по логиката на нештата бидејќи се пуваше врска пропаѓањето на банките во САД, значи сметаш дека од САД бегаат огромни пари. Ај не мора да покажуваш бројки (не e ни точно твоево тврдење) туку дај кажи
каде идат тие огромни пари, во која држава, на кој пазар, иако за сега не постои друга алтернатива од САД... ни за тоа немаш одговор, туку само нафрлаш празни реченици.
Многу многу лош спин