Многу ме нервира муабетот тоа е, шанси имале утнале пенал јебига не е до тренерот. Ебате површното размислување.
Ај земи цепидлачи и анализирај го цел натпревар, не први 45 минути каде беа 80% од шансите за гол, зашто да го игнорираме фактот дека во второ имаше огромен пад во играта споредбено со првиот дел, каде и примија 2 гола, и имаа слаба фрекфенција на шанси споредбено со прво, односно беа дното. Не можеш кредит да му дадеш на тренер после само едно добро изиграно полувреме со мртвата Специја против која и се очекуваше Интер да доминира.
Тргам тој податок на страна, Интер вчера во глобала изгуби ради директна одлука на тренерот, како што вели он, оставил на фудбалерите, Луатаро и Лукаку, да се договорат кој да шутира.
Ова е круцијалниот момент зашто Интер вчера загуби, толку, зашто со гол во 18та минута од пенал развојот на настани ќе беше поинаков, секако шансите за победа ќе беа драстично поголеми.
Инзаги нема авторитет чим донел таква одлука, башка тоа е едната грешка, втората, го тренира Интер и многу добро требаше да е запознаен со тоа дека тој експеримент кој Конте го имаше со изведување на пенали кај Интер беше неуспешен, и на крај во втората половина од неговата прва сезона тука, пресече Лукаку да е прв изведувач и да е недопирлив во тој контекст.
И сега Инзаги повторно
воведува нешто што во Интер веќе се покажало како неуспех, и тоа баш со истите тие двајца играчи, и сеа ... што ќе се криви Инзаги и за вчера, па за ова ако не е крив тренерот директно, кој е? Негова одлука вчера ги коштатше најверојатно 3 бода, нормално дека треба да се критикува. Што е најтрагично, Лаутаро не е ни прв изведувач и без Лукаку на терен, бар лани не беше, откако утна со Милан, Хакан беше тој што изведуваше што значи у моментов ако е Лукаку на терен, он е прв изведувач, ако не е, а притоа Хакан е тука со Лаутаро, Хакан изведува, и тек на крај Лаутаро кој и онака не е познат ко добар пеналџија.
Нула авторитет, тоа е, а и да не навлагам у муабетот дека кај скоро секој сериозен тим се знае кој изведува пенали а кој не, нема што да остави тренерот играчите да се договараат, ова е тотално несериозно. Всушност и со Конте не беше така туку беше прво едниот, па после другиот и се мењаа на секој следен пенал, а не да се договараат пред да се изведува пеналот.
Елементарна работа е ова, на негов грб иде и вчерашното фијаско.
p.s. Во 2023, со Монца,Сампдорија испаднатите, Специја која до ова коло тонеше и беше пред зона на испаѓање, Емполи, Болоња, Интер све на све од можни 15 поени, освои само 2. ДВА.