Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
23 август 2010
Мислења
39.530
Поени од реакции
114.726
Да да Инзаги е крив што не знаат пенал да реализираат. Тој им го пренел лузерскиот менталитет, секако. Значи кажавме дека Инзаги е за аут, ама нема потреба од секоја поединечна грешка на играчите да се врзува со Инзаги
Е ајде де, иди објасни го ова на некој. Што викаш, знаеме дека Инзаги не е кадарен за нешто повеќе, ама вчера што? Да влезе он да даде гол? Он е крив што нашиве не знаат да дадат гол? Што Дамфрис е неинтелигентно теле? Едино му замерувам што тимов нема прв пеналџија, пуца кој стигне, едно време Хакан шутираше, па Лаутаро, па Лукаку, па пак Лаутаро, мизерија невидена. Знам дека му го дадоа пеналот на Лаутаро зашо го брка Осимен за најдобар стрелец ама брате тоа се прави во 35то коло кога е се решено, а не кога стрепиме за пласман во ЛШ. Уште кога го утнавме пеналот му пишав на Урко дека сега следи некој селски гол од страна на Специја и баш тоа се деси, Дамбо кретенот од непознати причини отиде да удвојува, да му ебам дегенот.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.069
Поени од реакции
9.873
Факт е дека многу работи не штимаат. Има видео каде играчиве идат после мечов да отпоздрават кај фановите, Лаутаро и Џеко само поздравија и си отидоа, Брозович и Дамфриз пример не се ни појавија пред навивачите. Инзаги ја изгуби контролата врз тимот и треба да си иде, ама со тоа нема да се решат проблемите, па макар Анчелоти дошол да ги тренира.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.065
Поени од реакции
45.859
Многу ме нервира муабетот тоа е, шанси имале утнале пенал јебига не е до тренерот. Ебате површното размислување.

Ај земи цепидлачи и анализирај го цел натпревар, не први 45 минути каде беа 80% од шансите за гол, зашто да го игнорираме фактот дека во второ имаше огромен пад во играта споредбено со првиот дел, каде и примија 2 гола, и имаа слаба фрекфенција на шанси споредбено со прво, односно беа дното. Не можеш кредит да му дадеш на тренер после само едно добро изиграно полувреме со мртвата Специја против која и се очекуваше Интер да доминира.

Тргам тој податок на страна, Интер вчера во глобала изгуби ради директна одлука на тренерот, како што вели он, оставил на фудбалерите, Луатаро и Лукаку, да се договорат кој да шутира. :ROFLMAO:
Ова е круцијалниот момент зашто Интер вчера загуби, толку, зашто со гол во 18та минута од пенал развојот на настани ќе беше поинаков, секако шансите за победа ќе беа драстично поголеми.

Инзаги нема авторитет чим донел таква одлука, башка тоа е едната грешка, втората, го тренира Интер и многу добро требаше да е запознаен со тоа дека тој експеримент кој Конте го имаше со изведување на пенали кај Интер беше неуспешен, и на крај во втората половина од неговата прва сезона тука, пресече Лукаку да е прв изведувач и да е недопирлив во тој контекст.

И сега Инзаги повторно воведува нешто што во Интер веќе се покажало како неуспех, и тоа баш со истите тие двајца играчи, и сеа ... што ќе се криви Инзаги и за вчера, па за ова ако не е крив тренерот директно, кој е? Негова одлука вчера ги коштатше најверојатно 3 бода, нормално дека треба да се критикува. Што е најтрагично, Лаутаро не е ни прв изведувач и без Лукаку на терен, бар лани не беше, откако утна со Милан, Хакан беше тој што изведуваше што значи у моментов ако е Лукаку на терен, он е прв изведувач, ако не е, а притоа Хакан е тука со Лаутаро, Хакан изведува, и тек на крај Лаутаро кој и онака не е познат ко добар пеналџија.

Нула авторитет, тоа е, а и да не навлагам у муабетот дека кај скоро секој сериозен тим се знае кој изведува пенали а кој не, нема што да остави тренерот играчите да се договараат, ова е тотално несериозно. Всушност и со Конте не беше така туку беше прво едниот, па после другиот и се мењаа на секој следен пенал, а не да се договараат пред да се изведува пеналот. :facepalm:

Елементарна работа е ова, на негов грб иде и вчерашното фијаско.

p.s. Во 2023, со Монца,Сампдорија испаднатите, Специја која до ова коло тонеше и беше пред зона на испаѓање, Емполи, Болоња, Интер све на све од можни 15 поени, освои само 2. ДВА.
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2014
Мислења
7.317
Поени од реакции
11.694
Заборавив да пишам вчера. После промашениот пенал на Лаутаро, се виде дека дечково појма си нема од пенали. На повторената снимка се виде убаво дека претходно има одбрано страна, и ја пуцна таму без да виде како реагира голманот. А голманов веќе беше испружен таму, можеше скрос во спротивна да му ја закопа, па дури и во средина. Ако веќе бираат да шутира некој кој што пред пеналот одбрал каде ќе шутира, нека ги шутира некој друг, Чаланоглу на пример, попрецизен е. Можеби не играл за време на пеналот вчера, ама за наредни нека биде тој шутерот. Прав пеналџија игра покер со голманот, а не да си одбере каде ќе шутира.
За така и Дамбо или Бастони знае да ја оптегне, па што биде, биде.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.069
Поени од реакции
9.873
Пичкарската… тргнаа да задржаваат време у 27ма минута.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Катастрофа.
Се браниме од еден мизерен Порто. Цело полувреме немаме 90 додавања. Инзаги со класичен лузерски менталитет, нема никаква хемија во тимот.

Лукаку и Броз по итно да влезат.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.444
Поени од реакции
7.726
Дали постои поглуп играч од Дамфрис?? Јас поглуп пенал во животот немам видено.
Да му го лапнеш сосе јајца. Сам го доби натпреваров...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.530
Поени од реакции
114.726
Да му го лапнеш сосе јајца. Сам го доби натпреваров...
Друже, неправилно изведе аут дечкото у прво и тоа е се што треба да знаеш за него.

Имавме среќа на крај али ја заслуживме некако затоа што Порто ништо не направи цел меч.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Многу сме за жалење...тим без никакви амбиции, еден куп залутани играчи во составот, остарени и играчи без никаква иднина....не да мириса, туку смрди на Бантер ера...очекувам догодина Рома да се над нас како што тргнало...

Онака го гледам составот и не гледам како би се подобриле со моменталната политика освен ако не влези свеж ќеш
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.657
Поени од реакции
7.305
Muhahahahaha, pominaaa :D
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
6.701
Бонусите од прогресот во четврт финеле нека ги поделат на Онана, Дамфрис и пречката.

Со оваква бледоќа , ако ни се падне Сити има фабрички да не подеси.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.065
Поени од реакции
45.859
Одмерено, смирено, тактички дисциплинирано, рутинирано од страна на тактичкиот маг,господинот Инзаги.

Бек ту риалити, мислам според прикажаното сме убедливо најлошата екипа у топ 8 истовремено и најпосакувана за сите. Ама и такви какви што сме, може да ни се поклопат коцки пак и да ни се падне повторно тим со кој може да се носат некако, ко Милан, Бенфика или Наполи, иако задњиве две само ради име и неискуство тука иначе сезонава се фантастични.

Реално ова е голем успех за ваков тим со ваков тренер и играчи, пишав и кога ги добивме Порто, се надевам на едно Ди Франческо со Рома сценарио кога на ура догураа до полуфинале, со тоа што нив Барса им се падна па Ливерпул во следните 2 меча, нас ако ни се падне една од ѕверките што останаа реално ќе не откажат од фудбал.

Денес физички колапс имаше екипава, изгледаа ко да биле на фронт, пола умреа и беа заменети, тие што останаа молеа господ да нема продуженија и издржаа, на цел неквалитет што го имаме ова ни е само бонус, така да нек ни се поклопат бар уште еднаш коцки и да се надеваме на некое чудо и топ 4 што кур, надреален успех за ваков инфериорен тим у контекст на тоа кои се све фаворити за освојување.

Али и вака, топ 8, бар за ова можам да кажам дека е цел која ја исполнил Инзаги, зашо све ако се земеше у предвид пред сезона ова беше некој поставен максимум за ЛШ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom