Тие на кои навистина им треба социјална помош вообичаено примаат мизерија која државата им ја нарекува социјална помош, а им ја укинува доколку заработат мизерни 500 (ПЕТСТОТИНИ) денари од испраќање на рецепт во емисија за готвење. Не дека и сега им е тешко да врзат крај со крај, но во случај на укинување и на таа ситна мизерија која државата им ја нарекува социјална помош, на тие луѓе на кои навистина им треба социјална помош само ќе им стане уште потешко да врзуваат крај со крај.
Ама има и поинакви примери, лично познавав еден рамковнист кој беше примател на социјална помош - и тоа далеку повисока сума во споредба со мизеријата која ја прима мнозинството од луѓето на кои навистина им треба социјална помош - а кој си работеше секојдневно градежни работи: молерај, браварија, лимарија, мали градежни работи, а за кои си наплаќаше директно на рака.
Како што висината на социјалната помош не му беше за жалење по заслуга на неговата партија на амнестирани терористи, уште помалку беше за жалење типот после 2017 година кога плавите жолтици буквално ги избришаа пвеводбениците од изборната мапа после редовните локални избори во 2017 година, па прифати работа преку партијата негова во скопска Комунална хигиена. Ако некогаш отидеше на работа во Комунална хигиена, тоа ќе беше исклучиво и само за да евидентира редовност на работа, не остануваше ниту 2 (ДВА) часа на работа, веднаш откако ќе ја штракнеше службената легитимација за водење евиденција на редовност на работа, фаќаше џаде да си работи приватно, исто како и додека беше примател на социјална помош.
Таквите дами и господа бизнисмен(к)и не се за жалење доколку им укинат социјална помош, но не верувам дека баш тие ќе бидат опфатени од таквите законски измени.
Поголема е веројатноста дека ќе им нудат работа на приматели на мизерија која државата ја нарекува социјална помош, а кои од здравствени причини нема да можат да ја вршат таквата работа, но државата ќе ги прогласи за работоспособни и ќе им ја укине таквата мизерија и ќе ги етикетира како мрзливци.
Еве мој пријател дијагностициран со епилепсија е прогласен за здравствено неспособен да врши тешка физичка работа поради опасност од напад, а се обидуваше едно време да ја игнорира болеста и да работи тешка физичка работа, но не му одеше според планираното. Сега е вработен, но и тој едно време живееше со мизерија која државата му ја нарекуваше социјална помош. Доколку не дај Боже повторно остане без работа и повторно побара социјална помош од државата, а државата го прогласи за работоспособен за тешка физичка работа, со ваквите најавени законски измени најверојатно ќе го изгуби правото на социјална помош доколку одбие тешка физичка работа поради својата здравствена состојба.
Ова е најобично продавање магла за рајата и ништо повеќе.