Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.771
Поени од реакции
8.389
Реакција на кажаното од господинот Ескобар нема нигде, ни од нив, ни од нивните медиуми, ама затоа кога некој бугарски маргиналец ќе го каже истово, одма ќе изрипаат да ја бранат жална Македонија
Јас реков тие што ја убија Македонија сега ќе ме тераат да се љутам на Бугарите што дошле да мочаат на лешот. Смешно е во најмала рака.

Значи ќе имаме предвремени. Уште да видиме дали ДПМНЕ ќе гласаат за уставните измени или не.
Какви предвремени. СДС оформи влада после последните избори зошто им ветија дека ќе им дадат премиер во последните година дена, година дена од следните избори почнува од април. Година дена ќе си имаат ДУИ премиер па што сака нека биде.

А ако претседателските и парламентарните избори се одвојат, може да се добие и претседател, премиер и претседател на собрание да бидат од ДУИ.

СО 15 ЕБАНИ ПРАТЕНИЦИ

И сетоа ова зошто, зошто на огромен број од членовите на СДС и ДПНЕ не им се работи, ништо повеќе, ништо помалку. Им се живееја удобни животи без работа и заради ова сме на ова дереџе. Држава растурија за зејтин, брашно и можноста да платат мито за детето да го вработат на државно.
 
Последно уредено:
Член од
3 јануари 2020
Мислења
107
Поени од реакции
265
ФИРМА КОЈА ПРОИЗВЕДУВАЛА ДОЛНА ОДЛЕКА И НИКОГАШ НЕ ВРШЕЛА НАДЗОР, ДОБИ 8,3 МИЛИОНИ ЕВРА ОД 22,3 МИЛИОНСКИОТ ТЕНДЕР ЗА ЧЕТИРИТЕ АВТОПАТИ

300 000 € по преговарач, 20 000 € месечно за надзорен инженер!!!

Skenirajte fiskalni, vi e.am toa kurtoni. Najurgentno potrebni se senarodni masovni protesti protiv korupcija.. Brojcanikot od glava da im se mavne
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
642
Поени од реакции
2.076
Тетово-Гостивар (17km) 125 милиони евра.
Гостивар-Гукојчани (30km) 560 милиони.
Прилеп-Бутола (40km) 260 милиони.
Требениште-Струга-Ќафасан (20km) 360 милиона.

Од зладо да го правеа,помалце ќе кошташе :ROFLMAO:
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.168
Поени од реакции
4.316
ФИРМА КОЈА ПРОИЗВЕДУВАЛА ДОЛНА ОДЛЕКА И НИКОГАШ НЕ ВРШЕЛА НАДЗОР, ДОБИ 8,3 МИЛИОНИ ЕВРА ОД 22,3 МИЛИОНСКИОТ ТЕНДЕР ЗА ЧЕТИРИТЕ АВТОПАТИ

300 000 € по преговарач, 20 000 € месечно за надзорен инженер!!!

Skenirajte fiskalni, vi e.am toa kurtoni. Najurgentno potrebni se senarodni masovni protesti protiv korupcija.. Brojcanikot od glava da im se mavne
Немај гајле, во „севернава„ вукојебина нема корупција...тоа комунистите не‘ лажат дека имало...:kafence:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.326
Поени од реакции
81.570
Домашната фирма „Електра солушн“ која до сега не работала надзор туку главна дејност ѝ била производство на долна облека доби најголем дел од 22,3-милионскиот тендер за надзор на автопатите кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“, објави „360 степени“.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.496
Поени од реакции
2.407
Реакција на кажаното од господинот Ескобар нема нигде, ни од нив, ни од нивните медиуми, ама затоа кога некој бугарски маргиналец ќе го каже истово, одма ќе изрипаат да ја бранат жална Македонија
Затоа кога ќе дојдат избори, мнозинството Македонци нема да ги гледа како политичка опција што ги брани интересите на македонскиот народ, туку како политичка опција за тоа ќе биде гласана Левица (анкетите сами си кажуваат).
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.102
Поени од реакции
4.883
Да го кажеше ова Путин, Вучич или Орбан имаше да оди на репит до крајот на нивните животи па и потоа, но во горда демократска НАТО членка и кандидат за ЕУ сосема прифатливо и демократски е Премиерот да каже дека мислењето на народот не е битно.
Немој така детево е достоен наследник на Големиот Црпе,.... Путин, Вучиќ, Орбан се се тоа автократи и диктатори детево е неоткрин талент за квислиншки ред.
(коа ги гледаш сите на куп, мислам на Црпе Таќе и останативе изроди, да се праша чоек што сме му згрешиле на Бога па вака не казнуе...)

СДС оформи влада после последните избори зошто им ветија дека ќе им дадат премиер во последните година дена, година дена од следните избори почнува од април. Година дена ќе си имаат ДУИ премиер па што сака нека биде.
Мисла дека таа работа со “зелен“ премиер е дефокус-маскировка, според даденово се работи за федерализација на Северџганистанов, ... по се изгледа согласноста е за отпочнување на тој процес во таа насока е и овој “француски“ предлог, односно активирање на Бугаристанциве кои подоцна треба да се вклучат во трета фаза.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.771
Поени од реакции
8.389
Мисла дека таа работа со “зелен“ премиер е дефокус-маскировка, според даденово се работи за федерализација на Северџганистанов, ... по се изгледа согласноста е за отпочнување на тој процес во таа насока е и овој “француски“ предлог, односно активирање на Бугаристанциве кои подоцна треба да се вклучат во трета фаза.
Не се сложувам зошто не гледам никаква причина за таков чекор во сегашната ситуација, таков потег се повлекува ако сакаш да си обезбедиш сигурна власт врз одредена територија каде што имаш подршка, они тоа веќе го имаат. Али они во моментов ја имаат шансата да со помалку од 20% од гласовите на избори да ги контролираат сите позиции во државата.

Претседател
Премиер
Претседател на парламент
Министер за внатрешни работи
Судство
Министерство за надворешни работи

Три позиции им фалат за комплетна контрола во државата. А тек тогаш ќе видат сите што е понижување и грабеж. За четири години камен врз камен нема да остават, се ќе соберат. Има ние да плачеме и да молиме за федерализација.

А СДС и ДПНЕ членството ќе се кара дали се црвените или плавите подобри и ќе чекаат од партија да им пуштат по едно вработување во водовод кај што не мора да одат на работа за едно 20 000. Што и така старите се пред умирање, па станот што ќе го продадат може еден добар пасат на старо да си земат и долговите од коцкање да ги покријат.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.168
Поени од реакции
4.316
Примател на социјална помош не ќе може да одбие работа што државата ќе му ја најде

Редно беше да се заострат мерките за добивање и сочувување на социјалната помош.
Пред некој ден на шалер, заприметуем припадничка од „другата националност„ која исчекуе примање социјална помош. Ме занима дали оваа одлука ќе важи и за „нусињата„?...:unsure:

И што уопште би работеле, онака навикнати на примање „социјалка без мотика„?...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.696
Поени од реакции
11.947
Примател на социјална помош не ќе може да одбие работа што државата ќе му ја најде

Редно беше да се заострат мерките за добивање и сочувување на социјалната помош.
Тие на кои навистина им треба социјална помош вообичаено примаат мизерија која државата им ја нарекува социјална помош, а им ја укинува доколку заработат мизерни 500 (ПЕТСТОТИНИ) денари од испраќање на рецепт во емисија за готвење. Не дека и сега им е тешко да врзат крај со крај, но во случај на укинување и на таа ситна мизерија која државата им ја нарекува социјална помош, на тие луѓе на кои навистина им треба социјална помош само ќе им стане уште потешко да врзуваат крај со крај.

Ама има и поинакви примери, лично познавав еден рамковнист кој беше примател на социјална помош - и тоа далеку повисока сума во споредба со мизеријата која ја прима мнозинството од луѓето на кои навистина им треба социјална помош - а кој си работеше секојдневно градежни работи: молерај, браварија, лимарија, мали градежни работи, а за кои си наплаќаше директно на рака.

Како што висината на социјалната помош не му беше за жалење по заслуга на неговата партија на амнестирани терористи, уште помалку беше за жалење типот после 2017 година кога плавите жолтици буквално ги избришаа пвеводбениците од изборната мапа после редовните локални избори во 2017 година, па прифати работа преку партијата негова во скопска Комунална хигиена. Ако некогаш отидеше на работа во Комунална хигиена, тоа ќе беше исклучиво и само за да евидентира редовност на работа, не остануваше ниту 2 (ДВА) часа на работа, веднаш откако ќе ја штракнеше службената легитимација за водење евиденција на редовност на работа, фаќаше џаде да си работи приватно, исто како и додека беше примател на социјална помош.

Таквите дами и господа бизнисмен(к)и не се за жалење доколку им укинат социјална помош, но не верувам дека баш тие ќе бидат опфатени од таквите законски измени.

Поголема е веројатноста дека ќе им нудат работа на приматели на мизерија која државата ја нарекува социјална помош, а кои од здравствени причини нема да можат да ја вршат таквата работа, но државата ќе ги прогласи за работоспособни и ќе им ја укине таквата мизерија и ќе ги етикетира како мрзливци.

Еве мој пријател дијагностициран со епилепсија е прогласен за здравствено неспособен да врши тешка физичка работа поради опасност од напад, а се обидуваше едно време да ја игнорира болеста и да работи тешка физичка работа, но не му одеше според планираното. Сега е вработен, но и тој едно време живееше со мизерија која државата му ја нарекуваше социјална помош. Доколку не дај Боже повторно остане без работа и повторно побара социјална помош од државата, а државата го прогласи за работоспособен за тешка физичка работа, со ваквите најавени законски измени најверојатно ќе го изгуби правото на социјална помош доколку одбие тешка физичка работа поради својата здравствена состојба.

Ова е најобично продавање магла за рајата и ништо повеќе.
 
Член од
22 април 2020
Мислења
31
Поени од реакции
104
Доста бе го обвинувате ДПМНЕ за ова што се дешава последните години со Албанците. Па СДСМ им го дозволи ова, никад во време на ДПМНЕ тие ја немале оваа сила. Наредните избори гласајте пак за СДСМ и за курци палци македонски партии, за да пак можат Албанциве да коалицираат со СДСМ и пак да си царуваат.

Сватете дека за Македонија да тргне напред на следните избори мора да има една партија која ќе отскокнува со околу 55 пратеника минимум за да може да ги скроти Албанците со нова влада. А сакале тоа да го слушнете или не единствена таква партија со ваква предиспозиција е токму ДПМНЕ (За жал или не ќе видиме).
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.760
Поени од реакции
9.883
Тетово-Гостивар (17km) 125 милиони евра.
Гостивар-Гукојчани (30km) 560 милиони.
Прилеп-Бутола (40km) 260 милиони.
Требениште-Струга-Ќафасан (20km) 360 милиона.

Од зладо да го правеа,помалце ќе кошташе :ROFLMAO:
80% од тие пари ќе се украдат,ако овој тн проект дојде до финална фаза некогаш.
Какво злато,најшкарт материјали се користат.Пееровец -Велес 5 години неможат да го рехабилитираат идиотиве,пошто неможат да крадат..За Охрид муабет да не се прави..се утепаа од крадење.
Северна моментално е у топ 5 земји по корупција и криминал у свет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom