Многу работи напиша точно на темава, но ете мене друго ме интересира, твое видување како човек што мислам си фатил блиску тоа време, Македонија во рамки на Југославија служеше како две нешта, произведување на храна и отпад на цело ѓубре од неа , од произведувач на храна станавме главен увозник на храна за самите себе, место да извезуваме на големо и од тоа да ќараме пари во тони, ние така сиромашни арчиме на големо за храна.
Земјоделието тотално си го уништвме од 2002 на тука, единствен добар период беше 98-02 и тука таму кај Грујо нешто се правеше некоја култура ќе кркнеше пари една сезона на турбо, овие сегашниве уништија се со нивната зелена мафија.
Многу често потенцираш дека ние страдаме од тоа што сме сиромашен народ, не дека не е така, но по мене ние и сме сиромашен народ не дека немаме услови да сме на средина, туку дека сме прост и неедуциран народ, па кога сакаш да го едуцираш наместо да те слуша и да применува тој те мава со дрва и камења дека се правиш паметен (на форумов па само тоа си ги видел милион пати), место селава да ни работат турбо и да праат пари, ни се испразнија за да се робови на швабите, горе -доле тоа е се што треба да се знае за народецов наш.