Фала ви на сите за советите, јасно мие се, и физички сум активен, и функционирам нормално како и претходнo, мене мие преболена повеќето не е како првите месеци, ама се уште не можам целосно да се ослободам од неа, како да сум зависен од неа, како да не можам да замислам свет без неа и затоа се уште ми се јавуваат тие чуства на копнеж, како да кажам се уште имам кризни моменти. Можеби е се уште рано, можеби ми треба се уште време да помини за да прифатам целосно, ама тоа време си врви а сум свесен дека тапкам во место и нема ништо да постигнам ама поинаку не можам.
Со ова најмногу се согласувам. Доживеав длабоки емоции, внимание кон неа, се приврзав многу и затоа не можам да се одрвзам се уште, чуствата се посилни од се. Јас го прифатив тоа дека веќе е вистина тоа, дека сме две различни нешта сега, ама се уште ми гори душата.
Човек еднаш сака вистински со срцето и тогаш е вистинската убавина, сите останати сакања се со мозокот за да не се повтори она што си го поминал.