"Оти не идите да не ни сте скарани" е типичен пример за парола извадена при забрана за гостинска навивачка група. Тоа што го зборев пред некоја страна.
Сите се на наша страна, а за вас Миравци, Шутка и Топана.
Прекрасна креативност, парола со големо значење.
Не е фузија, платформа на градо е. Му го сменивте името на градскиот ривал по кој фрлавте дрвја и камења месец дена претходно, иако игравте плеј аут претходната сезона со нашиот тим, на крај наредна сезона игравте Европа со новиот клуб
Како сте добиле face to face дуел во декември 2021 на фудбал, кога не сме гостувале како група?
Сериозно сте добиле дуел во март на ракомет? Really?
Да те потсетам дека влеговте ко пијани матуранти, ви паднаа два дуксери (ветерани и лозари), дел од вашите фанови што седеа до вас, изедоа ќотек ко магариња ради ваше курчење (тие паднати маици не ги бројам), наши членови успеаја сред ваша трибина да влезат, затоа што имавте организација 0.
Нормално е да ја чекаш таа утакмица, секако за друго гостување ви е научна фантастика да се соберете над 30 луѓе (до душа и оваа граница од 30 е малку голема во последно време, more like 10-20)
Уствари сте гостувале сезонава на ракомет некаде?
Јас да сум на место на Михо би ви дал 100 карти. Т.е. прво ќе се заебавам малку, нема да ви кажувам дали имате дозвола за гостување до 3 дена пред утакмица, па ќе ви речам дека имате дозвола за 75 навивачи, па 150, па 100. Да бидат изедначени условите за гостување
Надвор од дербињата, што сила не тера да одиме на останативе утакмици
По цел ден врне, до два дена пред утакмица не знаеш каде ќе се игра, стадионот за поголем дел од групата е уџум, ко на гостување да одиш. Термин прекрасен, 14:00.
Тимот кој е најтрофеен и ако задржел континуитет од Југославија, сега требало да има барем некој позначителен настап во Европа, не се знае ни дали ќе настапи денеска. И ова не е прв пат во историјата, туку стотици пати се случило играчите да штрајкуваат ради долгови. Играш со Детонит од Радовиш, уште една екипа без (активна) навивачка група. Дали уште некој мисли дека треба да се рамниме со поголемите групи во регионов?
Депресија те убива со македонскава лига.
Пред некое време во Белград гледам цел град облепен со плакати за натпревари на Ѕвезда и Партизан, за обични утакмицо, не за дерби. Па да не сакам да одам, ќе ме привлечат малку со маркетингот. На билборди стојат најави за утакмиците. Стадиони далеку подобри, термините најчесто подобри, па пак земено предвид колку жители имаат, немаат скоро ич обична публика и две навивачки групи (иако Гробари се нула во моментов) кои воглавно се пополнуваат со луѓе од внатрешноста. Таму и за навивачка трибина се купуваат карти на билетара, значи на трибините одат и многу луѓе кои реално не се навивачи, туку сакаат да осетат атмосфера. Преполн паркингот со коли со регистрации од другите градови. Тоа си го наоравил успехот на двата тима. Од осамостојување до денес, САМО ЕДНАШ не бил шампион Партизан или Ѕвезда (Аркан со насилно освоената титула на Обилиќ). Кај нас пола титули се освоени од екипи ко Силекс, Ренова, Работнички...
Будали сме што уште не влеле нешто да навиваме во нашиве лиги.
Ако се боцкаме со Чкембари и другите, секоја чест за сите што се активни навивачи во ова време невреме.