Ајде млекото ами месото, ами зеленчукот, скоро сите продукти се горе долу тука со цените и во глобала дури поефтини во Германија отколку кај нас.
Правев споредба буквално на се и се крстев кога ги гледав цените по рафтовите.
За Божиќ и Велигден кај нас ги креваат во небо цените за разлика таму имаш акции буквално на се и сешто за празници.
Тука ако начекаш нешто на акција се е со сумлив рок на траење, ако ти кажам колку работи поминуваат со поминат рок и какви малверзации се прават ќе ти се стемни.
Не трујат свесно и не мрдаме со прст.
Овој жилет го купив на акција евро и пол, тука во дм истата кутија е 370 денари, мислам хелоууу. И некни во коментар му искоментирав на страната ми објаснуваа за некои си регулативи, даноци, ЕУ субвенционирани цени бла бла ...
Прегледај го приврзокот 369798
Еден леб во Германија од 1 кг го јадев скоро една недела, скоро и да не јадам леб, а тука истиот леб кој го продаваат не ни трај ни еден ден, оти е цел шуплив.
Стигнавме да ни се исплати да пазариме до Лерин од Лидл, да му ги оставаме парите на соседите.
Резил сме, блам од држава, не знам како престигнуваат да се преранат оние со една мала пензија, за тие стари и немоќни луѓе ми е најмногу жал, душа ми се кини кога ги гледам во маркетите.