Не е проблемот дали Русија направила кикс или не. Туку премисите со кои се почнува се дека Русите се буквално малоумни. Чисто како чек поинт.
1. Разознавањето им кикснало, во држава во која што имаат неколку милионски наклонет народ, спремен да војува и војува за нив 8 години.
- Ова не ни сакам да го коментирам колку е смешно да се тврди.
Од причина што не сакаш да го коментираш и не успеа. Украинците, силно потпомогнати од америте ги надиграа русите во нивен спорт.
ФСБ си ја заврши работата во Херсон и Запорожје. Киксна во Киев, Чернихив и Харков.
Знаеја дека има џавелини на пат, па имаа кафези на тенковите, ама не знаеја колку многу ги има.
2. Сакале да направат воздушен мост, на 100 километри од граница ? (воздушна линија)
- Рачунај на почеток на војна да сакале Туполевите да ги спуштаат при целосно функционална С300 ПВО, еве ајде и да ја средиле Русите ПВО-то, со рачни стингери партали ќе летале, МАЛОУМНО
А што те буни тука?
Па самите Руси имаа објавено видео со Тупољеви наредени на аеродром и припреми за десант. Кој го спори ова?
Првичниот удар на Хостомел со хеликоптери не успеа да ја сопре украинската ПВО на подолго време, па главниот удар беше откажан. Што е паметно, продорот од север изгледаше ветувачки, додека не заглави, ама беше помал ризик.
3. Им снемало бензин на 100км од граница, па се створила гужва од 40 километри, која BTW преку ноќ ја снема.
Тоа се 3 различни настани, и нема врска со реалноста да се еден настан. Не знам зошто си ги споил.
Има видео докази и од конвојот, нема докази дека бил баш 40км ама проценка е тоа.
Кај Суми и Чернихив имаше најмногу возила без гориво снимани од фармери или т. Одврана. Различно место, различна област.
Конвојот не го снема, едноставно стаса каде што тргнал со задоцнување.
4. Битката на Хостмел е најблиска битка да до Киев, нема нешто поблиску до Киев, нема никаква проба да се влезе во Киев.
Не знам кој го тврди ова ама кој и да е греши.
Ирпин и Буча се појужно, Украинците сами си кажаа дека има инфилтрација во сам Киев
Не е некоја тајна ова, има едно чудо снимки
5. Дали мислиш дека 9К војници или еве најголема естимација од 30К е доволна да се завземе Киев, ако ги знаеме непријателствата и антируското расположение што го имаше 8 години.
Не сум сигурен, можно е теоретски
Русија настапува со 160К војска на доста широк фронт. Реално кажано никогаш во тој момент не се знаеше каде и беше главнината, и тоа и беше целта, додека доле се работеше, вниманието на западот беше свртено кон Киев и естимираа за колку време ќе падне Киев. Акцијата на Киев не ни требаше да постигне нешто повеќе, од тоа што го постигна. Тоа што тие што направија лоша оперативна проценка (САД инсистираше дека Русија ќе удри на Киев), после тоа го прикажаа како тежок пораз на Русија, не значи дека било пораз, туку дека си ја сокриле САД бруката.
Болдот
Таму беа три операции
Продорот од север, преку Чернобил
Продорот од североисток, преку Чернихив
Десантот на Хостомел
Што постигнаа?