Парфеми

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Ми стигнаа амбалажи за деканти денес, па можда перформансите одат во втор план со оглед на тоа дека ќе имам во џеб деканот па ќе можам да се прскам на 3-4 сати.

Иначе, има дизајнери што се рамо до рамо или чак подобри од ниш, но ги нема многу. Не ти треба тест за да сфатиш дека ниш парфем ти е за класи подобар, доволно е само да мирисниш, барем од мое скромно искуство. :)
Ако е така тогаш е ок, само некако таа линија на Roja не е каде лежи правиот квалитет, имај во предвид дека не е само до брендот него и до колекцијата на истиот, па така Enigma или Amber Aoud наспроти Elysium е голема разлика во квалитет, како скроз друг бренд да е.

Јас би ти ги препорачал Xerjoff Nio, Kobe, Creed Aventus, AC Cedrat Enivrant, Byredo Bal d Afrique, Creed Spice And Wood, како подобри опции од Elysium.
 
Член од
26 октомври 2020
Мислења
44
Поени од реакции
28
Има кај нас Roja Elysium, во Белодоре можда? И дали има некој деканот? Го меркам Mefisto Casamorati, го прашав Виктор за мислење, ми го предложи Елисиум за кој има поделени мислења па не ми се даваат 200+ евра за џабе.
Јас имам декант од Elysium, ако си заинтересиран повели линк - https://extravagance.mk/index.php/product/elysium-pour-homme-parfum-cologne-roja-dove/.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.897
Поени од реакции
37.010
Морам да напишам за едно убаво искуство и воедно да го пофалам @Psyside за огромната професионалност и љубезност. :zver: Барав парфем сличен по мирис на една тоалетна вода која одамна веќе не е на пазарот. Во основата беше дрвенест и со мирис на смола од бор, зачини и цимет. По разговорот со @Psyside го пробав од кај него Xerjoff Alexandria II (декант). Искрено, далеку е од тоа што го барав, иако е прекрасен парфем, уникатен и екстремно елегантен. Единствено нешто што ми сметаше е што е премногу силен и подоцна има мирис на пудра и ванила. Буквално го осеќав на мене и после туширање. Значи ако барате нешто такво, ова би бил совршен избор за вас.

Е сега: добив бесплатен примерок од Creed Spice and Wood кој сметам дека е чиста десетка! Помалку трае од Alexandria, ама мирисот е совршен. Парфемот е исто дрвенест, но има и свежи цитрусни ноти, што за мене го прави многу впечатлив. Од Creed го знам и Aventus кој исто ми беше многу погоден, па така, верувам дека што и да одберете од Creed, нема да зажалите.

Но реков, најмногу од се сум задоволен од услугата на @Psyside :love: , со кој не сме се запознале лично, но ова не е му прв пат како несебично ми помогнал (при изборот), иако првиот пат беше сосема друга работа.

Екстремно професионално! :bravobe:
 
Фала ти најмногу батко, да добијам пак семплови ќе ти пратам уште некој. Иначе како и секогаш да се спомне дека најголемиот ќеиф е кога ќе се погоди препораката, за Alex II, препорака да пробаш да го користиш пред да искочиш од дома, и тоа по 1 спреј, парфемот е во екстракт концентрација, EDC<EDT<EDP<Parfum<Parfum Extract, или во превод 30% од содржината на шишето е во форма на есенцијални масла и смоли, на облека трае со МЕСЕЦИ. Бидејќи сеуште не си имал искуство со вакви парфеми, првите носење практивкувај повеќе кога си во движење или искочен да го користиш, ако си во затворена просторија и е на тебе, ја полни цела соба и знае да биде силен, сепак за ова има решение со помала апликација, но нема решение ако земеш некој слаб :D

Со здравје да се прска и мило ми е дека барем Spice & Wood беше полн погодок, мада јас сметам дека ќе ја засакаш уште повеќе Alexandria II, само е прашање на време, во затворена посторија ако го мирисаш често знае да стане интензивен. Мене Alex II & Richwood ми беа добри тек после 2/3 обида, во случајот на Baccarat Rouge 540 над 10-на апликации, па така не се секирај за тоа, има голема шанса да го научиш и да ти праи ќеиф уште повеќе.
 
Parfum и Extrait de Parfum (или Parfum Extract, како што го викаш ти) е едно исто, 20-40% на есенцијални масла. А Alex II е претежок парфем, и никогаш не би го препорачал на некој што нема искуство со Niche парфеми. Подобри опции за некој што почнува со Niche се, PDM Layton, Creed Aventus, Xerjoff Naxos, Nishane Hacivat, Roja Elysium итн.
 
Зависи од брендот, дадов површно објаснување за концентрациите, некои ги класифицираат како парфем екстракт тие што се над 30% или еве Amouage се најлуди и идат и до 53%, иначе има уште една разлика, одредени состојки може да бидат дел од формулата само ако истиот парфем е во "екстракт форма" (супер висока концентрација на масла/смоли) има разлики додатни во тоа кои смоли/CO2 екстракти се додаваат во формулата, некои од нив се многу слабо растворливи во парфемски алкохол, и бараат повисока концентрација на масло за да биде воопшто возможно да бидат дел од формулата и истата да биде стабилна.

За препораката, во Македонија, најуспешен парфем по - препорака (интерна статистика) е Alexandria II, исто така е и парфем со најмногу комплименти по апликација, над ~80% од препораките за него се за почетници, со него се трка Naxos, Richwood, пред се, како и Carlisle.

Alexandria II ги воодушеви 92% од тие што ја пробале (семпл или декант) и грото од нив и дале 9 или 10 оценка, над 7 од нив - почетници купија цела флаша од 500 евра, до толку е добар и нослив за скоро сите, единствен проблем на Alexandria II не е тоа што е премногу niche, него што е пресилен, секој јак парфем може да стане тежок во одредена ситуација.

Alexandria II, воопшто не е хардкор niche парфем за да треба некое големо искутво, за разлика од неа, LDDM, Interlude, XXV, Overture, Emarati Oud како први што ми текнаа, се парфеми на кои треба да се внимава. Иначе сум свесен и точно е дека тие што ги наброја се подобри за почетници, ама јас препорачувам тоа што мене најмногу ми се допаѓа, и сум добил најдобар feedback, воедно @Zlatikevichius ми објасни за преференца за дрвенаст парфем, а Alex II е топ 3 дрвенасти за мене и добар дел на други луѓе што го пробале парфемот.

За крај рано е за @Zlatikevichius, ако бројам колку луѓе имале исто искуство (со други парфеми а и Alex II) па се премислиле, нити прв нити последен ќе почекаме, ништо страшно.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.897
Поени од реакции
37.010
Creed Aventus сум го имал. Барав нешто поразлично.

Имаше една тоалетна вода на Oriflame, уште пред повеќе од 20 години, која престана многу одамна да се продава. Deep Woods. Не дека беше којзнае што по перформанси, сите знаеме што продаваат компаниите како нив, но мирисот беше совршенство. Ако некој би ми рекол да посочам пример за елеганција, тоа е прво што ми текнува, а врзан за сентименталност... Е па најдов и нешто слично (само што не можев да го најдам кај нас) - Cartier Declaration. Ама проверив кај тебе, прашав кај @Psyside - и двајцата го немавте. Го нема ни во Shatze, Еликсир, Cosmo, прашав во сите до една парфимерии во City Mall и East Gate... (сега гледам дека fragrance.mk го имаат, па следниот месец :D ). Советот кој @Psyside ми го даде не беше базиран врз тоа што го барав. Тој ми го понуди Alexandria II, зашто во основа е сличен парфем. Но не беше тоа тоа - мирисот е далеку поразличен, иако пак ќе речам - прекрасен, не е тоа што ми смета кај него.
 
Со среќа во потрагата, одговорот повеќе се однесуваше на концетрациите, и грешната информација дека Parfum Extrait е поголемо од Parfum. Се исто само ствар на терминологија. А во врска со препораките за некој што почнува со Niche, ти беа генерални, не се однесуваа стриктно на тебе, верувам дека сте направиле муабет и некако сте дошле до Alex II, кој сепак спрема ноти не гледам сличност со тоа што го бараш. Да спрема фрагрантика Declaration Cartier е најблиску, па би ти препорачал ако сакаш таков парфем, него да си го земиш, а со деканти ќе си испробаш други парфеми.
Имајте убав ден,
Поздрав.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Psyside бач од која година имаш за Александрија? Предобар парфем ама сите велат дека е ослабен и нема проекција
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.897
Поени од реакции
37.010
Фала ти бијонсче, можеби си во право до некаде, ама не ми беше тоа намерата. Ете, едитирано! ;)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Фала ти најмногу батко, да добијам пак семплови ќе ти пратам уште некој. Иначе како и секогаш да се спомне дека најголемиот ќеиф е кога ќе се погоди препораката, за Alex II, препорака да пробаш да го користиш пред да искочиш од дома, и тоа по 1 спреј, парфемот е во екстракт концентрација, EDC<EDT<EDP<Parfum<Parfum Extract, или во превод 30% од содржината на шишето е во форма на есенцијални масла и смоли, на облека трае со МЕСЕЦИ. Бидејќи сеуште не си имал искуство со вакви парфеми, првите носење практивкувај повеќе кога си во движење или искочен да го користиш, ако си во затворена просторија и е на тебе, ја полни цела соба и знае да биде силен, сепак за ова има решение со помала апликација, но нема решение ако земеш некој слаб :D

Со здравје да се прска и мило ми е дека барем Spice & Wood беше полн погодок, мада јас сметам дека ќе ја засакаш уште повеќе Alexandria II, само е прашање на време, во затворена посторија ако го мирисаш често знае да стане интензивен. Мене Alex II & Richwood ми беа добри тек после 2/3 обида, во случајот на Baccarat Rouge 540 над 10-на апликации, па така не се секирај за тоа, има голема шанса да го научиш и да ти праи ќеиф уште повеќе.
За ова потврдувам, често се случува некоја кошула што сум ја носел пред повеќе месеци и сум ја оставил кога ќе ја извадам уште да "корне" на парфемот во пределот на вратот. Да се надоврзам на пофалбите иако веќе имам пишано одлични се прафемите штои сум ги земал од Psyside, за Александрија 2 и колега го примети ме праша кој парфем го користам му дадов број и тој го нарача :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom