Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 43.639
- Поени од реакции
- 79.950
Tакви работи се за осуда и не смее да се случуваат, а ако се случат мора да се санкционираат. А кога судски би се спровел настанов, мислам дека Латас може да биде и жртва (не сум правник).Да, пошо мора да каже експлицитно дека ја силувал за да се квалификува како силување во очите на баграта. Иначе не важи.
Не сфаќам како некој може да го занемари исмејувачкиот тон на двајцата кон целосната ситуација и да застане во нивна одбрана со еден куп мизерни изговори.
Можи нишо да не било? А можи и да била некоја претепана, насилно принудена на секс со којзнае колку лиглиња ко Латас.
Можи била пазарена курва? Можи и да било невино 14-15 девојче.
Можи и да не се десило? Можи ( а и голема е веројатноста ) и да се десило на некој многу близок околу тебе, дали тогаш ќе размислуваш поинаку?
Немам толку голем проблем во сфаќање на карактерот на Лазаров и на Латас, едноставно тој им е максимумот на двајцата. Повеќе ме загрижува ваквата реакција на публиката, оваа неможност да се увиде што е погрешно во целава ситуација. Некои застанаа во нивна одбрана од чисто политички причини, со кукавичко и селективно премижување на овој одвратен настан и девалвација на делото со некој глупи, малоумни споредби. Интервјуто било дефокус. Од што дечки? Државава нема фокус последниве 30 години, кој дефокус? Чудно е да нема недела без некое ново срање.
Некои заминаа уште подалеку, со одобрување на постапките. Шамарањето не било насилство. Девојката била курва. Морал така да реагира Латас на времето за да не јаде ќотек. Разочарувачка неможност да увидат каков тренд на однесување на младите носат вакви дискусии.
Прво од шамарањето пред однос, ко тоа да е некоја мачо особина, нешто шо треба да се пренесе на идните генерации. Второ, одвратниот, исмејувачки речник упатен кон девојката во крајно неповолна ситуација, згужвана, сиротиња, ишамарана. Трето, тонот и начинот на кој ја водат дискусијата, како да го глорифицираат моментот, ко да така треба да биде.
Капак на целава ситуација е публика која ова го поддржува и не гледа нишо лошо во постапките. Секако, додека нешо вакво не се случи во нивна блиска околина. Тогаш крива ќе е полицијата, судството, спротивната партија која е на власт ( додуша не ни мора да е на власт, крива е ), медиумите, се по ред. Сите освен тие самите.
Во емисијата, загрижува тонот со кој дискутантите (Латас и другиот) зборат за настанот.
Сепак, случајов, во моментов, е искористен за обично замајување на јавноста, да не се занимава со други настани кои имаат многу поголем општествен импакт.