И која е разликата меѓу едните и другите?
Или ако едните направиле злодела, треба да аплаудираме на злоделата на другите?
Не сфаќам...Која ти е поентата...Нели од новиот светски поредок што го заговарате вие Русофилите тука, треба Русите да се различни од Американците.. Што фајде хегемоните светски дали се викале УСА дали Русија ако практикуваат исти работи?
А како ќе го исфрлиш насилникот од рингот, без сила ли ? Па после ќе си тера новиот светски поредок во мир и просперитет.
Или па ете ти ја Кина, поштена држава. Може ли под нивен систем да бидеме ? Или мора на овие западњаците да им се клањаме.
Таман нов хегемон што не практикува исти погани работи.
Мене Кина ми е, што би се рекло ветената земја, во смисла на културата, дисциплината, почитта, системот кој се грижи за граѓаните.
Русија ги сакам пошто се единствените со муда да им се спротивстави на овој што викаш хегемонот западен, одвратен. Навлечен на смрт, беда и зло за сите освен за "избраните".
Значи никој сем Русија никогаш и никаде нема да им се попречи на нивниот пат, дури ни Кина. Барем не во блиска иднина, а додека Кина чекаат на подобри времиња и калкулираат ќе бидат згазнати како бубашваба.
И ајде оди после не ја сакај и почитувај Русија, уништувачот на светското зло
И сепак неспоредливи се западот и Русија, Русија спрема никого не проектира интернационално зло и беда, како другиве. Не промовира содома и гомора и остало. Барем не на државно ниво.
Ете поентата ми е да се тргне од мапата "западот" под било која опција, и само тоа Русија може да го направи тоа воено (Кина економски), барем се надеваме... ја сфати сеа поентата, зашто сум про Русија/ Кина?