Во меѓувреме, ја започнав Mindhunter и според ревју имав големи очекувања за серијата, некако многу ми е бавна, ама ќе му дадам шанса
Уште не можам да ја прежалам што не ја довршија. Јас пак апла си сакам такви бавни, досадни, ама пак реалистични, тмурни серии. Само уште да најдам правото расположение за нив.
@Zlatikevichius , со години ја зборам по форумов Шитс крик, никој не ја гледа. А баш е забавна, таква топла фамилијарна, смешна серија. После, гледам ја имаш Вип со црвено, може не ти се допаднала, мене ми е во топ комедии евер. И двете се завршени.
Лери Дејвид мораш да го гледаш нормално од овие, па исто во топ ми е и Мрс. Мејзел, која е ко комедија драма, апсолутно се ми се допаѓа во серијата. Последна сезона ќе биде сега во април мислам.
Од другиве, и јас имам бааги на листа за гледање, а не сум ги гледала.
Единствено од попознативе и извикани серии, не ми се допадна баш Флибег. Не знам што очекував, можеби повеќе, но мене ми немаше некој шмек севкупно, онака просек.