Во Британија јавна тајна е дека букмејкерите имаат системи со датотеки на сомнителни играчи. Јавни обвинувања имало на оваа тема. Исто како што во Лас Вегас казината делат датокетки на познати мамачи. Во иста индустрија се, па зошто да не си помагаат. Во Британија исто така имаше многу пашина за IESnare spyware што користеа/aт букмејкери да гледаат да не споредуваш коефициенти, чепкаш арбитража, злоупотребуваш бонуси и слично. Законски, 5 години ти ги држат информациите откако ќе ја затвориш сметката, ова е јасно наведно во условите на употреба кај скоро секој букмејкер и мислам дека правило од регулаторот. На истата страна треба исто така да пишува дека може да ги споделуваат информациите со нивни партнери за маркетинг и други потреби. Британија е реално водечки пазар во Европа за онлајн коцка, и се збори дека нивниот регулатор сега ќе бара играчи да докажуваат од кај им се парите за коцка. А, што носат они, други развиени пазари го копираат. Пример, они донесоа систем за само-банирање пред 3 години, кај што ако си фукнеш сам-себе бан, да не можеш да играш/кладиш, нема да можеш никаде да се кладиш во Британија онлајн. Германија, Шведска, Холандија, сите го копираа тоа. Копираат и други регулативи Британската комисија што ги носи. За многу работи се стеснува обручот поради јавен притисок ради масовно ширање на коцка. Од пред некоја година, во Британија мора да се идентификуваш при зачленување (укинаа и коцкање со кредитни картички они), а скоро секаде, па и на Карибиски сајтови ти бараат документи пред да те исплатат. Што не беше така порано, и ради тоа на крипто коцка се свртеа многу, ама и таму сега стана услов тоа, за да не се перат пари.
Јас не работам спортско кладење. Ама, value bet како концепт не е точен, зошто нема пресметлива веројатност во спортски настани. Во пример рулет, европски, операторот секогаш има 2.7% предност зошто има 0 позиција. Па и да се кладиш на црно/црвено, таа позиција секогаш му дава него поголема шанса дека нема да добиеш. Во казино игри, казиното секогаш е во предност, зошто игрите се математички дизајнирани така, инаку немаат да имаат фајде они да ти нудат нешто кај што имаш фер шанси да победиш. Во спорт, 200 работи може да се случат. 200 сценарија во натпревар. Така што, не може да се пресмета вистинската веројатност дека нешто ќе се деси, некој ќе победи, како што може во казино игри. Од ваква несигурност, оператори прават пари во кладење. Они секако си факторираат за да имаат солидни шанси за профит (во крупната слика) кога поставуваат коефициенти, и во зависност како луѓе се кладат, ги подесуваат. Има и оператори кои намерно споро ги подесуваат коефицинетите кога ќе се повреди играч и слично, во надеж дека луѓе ќе пробаат да искористат што мислат дека е прилика и ќе се кладат повеќе. Дали ова функционира, е друг муабет. Нив им е битно на крајот на денот, они да се во плус, се на се.
И да користиш value betting, оператори имаат нешто што они викаат stake factoring, со што автоматски подесуваат кој може колку да се клади. Ако губиш, ќе ти даваат повеќе да се кладиш, ако победуваш помалку. Нив, големата слика ги интересира. Не викам дека нема да можеш да свртиш некоја пара со нешто кладење, ама ако плаќаш даноци, тешко е да си во профит најчесто. А и да си во профит, долгорочно да тераш, тешко. Повеќе пари ќе заработи човек да фати да работи нешто, него да се замара со кладење. Поради тоа и скоро никој не прави кариера од ова. Луѓе само се лажат во млади години. Нема да видиш 40 години човек со фамилија професионален коцкар, зошто нема сигурност, гаранција за долгорочна исплатливост.
Кој што сака нека прави, ама во коцкање, повеќе пари се прават (не од оператори) од продавање софтвери, рефералс, маркетинг и слично него од самото коцкање. Ради тоа и цутат овие сфери, зошто луѓе лесно се лажат за лесни пари. My 2 cents.