Ова што го кажуваш е дека секој што има став (по твое „земал страна“) дека лапа пропаганда а сите со спротивен став се „неразумни“.
Освен што е навредливо, мислењето ти е неточно и по двете точки.
- конкретно @Klinton не е неразумен затоа што има спротивен став, туку затоа што сопствениот став не може да го одбрани со аргументи и спаѓа на банални навредувања
- информирање од незападни извори само по себе може и да се нарече „лапање пропаганда“, кога истото не би можело да се дискутира и да се брани со свои аргументи
Тоа последното ако е критериум, тогаш повеќето овде што сте про-украина (читај про-америка) многу повеќе одговарате на описот за „лапање пропаганда“. Без навреда се разбира, само го употребувам истиот метод на анализа. Независно од изворот на вестите потребни се две работи, прво согледување што се факти а што не се факти во веста, второ способност за анализирање и дискусија на веста и фактите.
Вие прифаќате аргументи, само ако, и исклучиво само ако доаѓаат од ТАСС и од проруските телеграм групи.
Заземањето страна само по себе не е грев, почитувам луѓе кои имаат сопствен став за која и да било тема, тоа е одлика на силен карактер, но најчесто егото некогаш не ви дозволува да прифатите дека не е се вистина во тие проруски страни, како што не е се вистина во снн, ббс, еуроњуз итн. Јас во конкретниов случај како што ме нарекуваш про-украина, да, сметам дека Русија згреши што се одлучи на воен одговор и воен чекор за остварување на цели кои според мене со дипломатија ќе ги добиеше и по мирен пат, со повеќе трпение. Помала штетата ќе беше и за самата Русија и општо за сите, што само по себе не ме прави прозапад како вие што сакате да ги претставите сите што не се согласуваат со воените потези на Русија.
Јас во Сирија бев про-Асад и во Либија, про-Гадафи, за разлика од неколку тука што немате напишано дека Русите во нешто грешат. Па едноставно, нема апсолутна вистина, и апсолутно добро. Јас ја оправдав акцијата на Русија во Сирија против терористите на исис и антиасад воените милиции, но исто така сметам дека ако во Донбас Русите имаат недовршени прашања, не е во ред да се влегува со тенкови во Киев и да се бомбардираат болници и старечки домови таму. И кога ќе го напишам тоа, веднаш ми надофрлате, УСА вака правеше ваму, така правеше таму...Океј е луѓе, во ред. И УСА правеше де. Милион пати имам напишано дека харикирам, Украина да се викаше Мексико, а Русија САД, јас истото мислење ќе го имав и за САД во тој случај, што сега го имам за Русија.
Едноставно, со моите размислувања не можам да оправдам еден од Русија и САД ако вршат агресија. И не ми е јасно, овај вака правеше затоа и тој има право да прај, и тоа е магичен синџир без крај. Ако сакаме да живееме во свет каде не може некој да се дрзни да суверена земја биде нападната поради својата политика, тогаш треба да судиме со исти аршини. Кога викаме дека САД беа окупатори во Ирак, во Либија, во Виетнам, исто така треба да речиме и за Русија во Украина и во Авганистан своевремено.