Ако некој може да му помогне на Гринвуд сега, тоа се Јунајтед и Тен Хаг. Јунајтед има маркетинг и ПР машинерија шо може да испере секакви лајна. Со години ни продаваат ветар и магла на нас навивачите, па пак како будали сме по клубот. Така да, ќе креираат приказна дека се води интерна постапка, па дека дечкото е невин, поминал низ пекол овој период, сите заслужуват втора шанса, бла бла, и оп на лето Гринвуд на предсезонски припреми. Нормално, ова само АКО во клубот сметат дека има вредност да го вратат Гринвуд „во живот“. Ако увидат дека главата не му е како шо треба, или физички ептен заостанал ово период, или дека нема изводлива ПР ситуација - ќе го пуштат низ вода, раскинат договор на лето и нека бара нов клуб како знае. Меѓутоа, се е во раците на Јунајтед сега.
А за девојката и целата приказна, веројатно никогаш нема да ја дознаеме 100% вистината. Лесно е да се обвини некого од старт, имало слики видеа и слично. Сето тоа може да е извадено од контекст. Практикувале садо мазо и има модрци. Играле игри со улоги и од таму и видеото (пример). Се има низ светот. Тоа што девојката веројатно повеќе време сликала и снимала, и еве сега се повлече од постапката, мене лично ми покажува дека не е баш 100% невина ниту она. Ако има прекршок, одиш го пријавуваш од прва, го оставаш и крај. Зборуваме за УК каде што има цели системи за поддршка на жените жртви на насилство. А она снимала сликала и којзнае што правела со тие материјали у меѓувреме. На крај краева, секој е невин додека не се докаже спротивното.
Иначе Гринвуд си стои на сајтот цело време, не ни бил тргнат. Само на апликацијата беше повлечен. 100% е ова, често ги гледам профилите, повеќе на младинците, ги запознавам. Исто и за составот пријавен за ПЛ, влегува во У21 играчте кои се автоматски пријавени, со самото тоа што е под договор со клубот. Клубот нема преземано никакви дејства сеуште, ете ќе водат интерна постапка, па потоа ќе се изјаснат.