- Член од
- 9 мај 2018
- Мислења
- 1.628
- Поени од реакции
- 2.168
Уште нема Белодорр беб страна на нашки?
Колку што барав нема. Мора да одиш Скопје.Уште нема Белодорр беб страна на нашки?
Стигна декантот, се мислев дали и што да пишам после споредбата со "тестерот", не сакам некого погрешно да посочам и залудно да потроши пари.
Ова подолу е мое лично мислење, вие си знаете за вас.
Првин фала за @Redhaze , одличен customer service, му пишав и него дека очекував шишенце во целофан завиткано, ништо повеќе.
Ова, може слободно и за поклон да се даде.
Прегледај го приврзокот 364369Прегледај го приврзокот 364370
Имаше и мало поклоче од негова страна што е голем плус.
При прво прскање на страна со декантот, 100% исти мирис како "тестерот" што искрено ме зачуди, не очекував тоа да се случи со оглед на цената на оригиналот.
Го прснав на мене 3 пати, во 14:00ч, цел ден мирисот ми стоеше во нос, што после неколку саати почна и да ми смета.
Реков дека оригиналот е посилен, но почекав да го испробам уште еден ден, другиот ден, ист број на прскања, на исто место под исти услови, овај пат мирисот го "снема" после пола саат, барем за мене, исто ми се случува и со "тестерот".
Тоа јас имам да го кажам, ајде нека не бидат 100% исти, но 90% се дефинитивно.
Од една страна ме интересира за другите тестери но не можам и не сакам да ги споредувам вака.
Гледав цени на парфеми низ Америка и Европа и со нашите се смешни, се наоѓаат јаки парфеми за 40-50$ додека кај нас се три пати поскапи.
Има и тестери како овие што ги продаваат кај нас на турскиот еквивалент на Ибеј, што ако некој има мрежа може лесно да ги носи кај нас, таму беа дваесетина долари.
Според мене ако оригинал ти го продаваат за 50е може да се дадат пари, додека ако е како Спајсбомб 5-7 илјади вреди да се земе копија за 1300.
И онака 90 посто околу тебе не знаат ни што носиш ни ги интересира.
Е добро ако е постар бач ок, и не е скапо Јас од Бугарија ги купувам од нотино и се поевтини горе долу, за разлика од тука... Али можеш секако да пробаш во групата на Виктор да го стаавиш огласот, пошто има во групата и од Македонија, па можеби некој ќе е заинтересиранИ јас го земав пред едно месец дена Afnan 9pm. Доста е добар е. Би рекол дека е понослива и поподнослива верзија на Ultramale. Ultramale го имав, но почна да ми пречи и го дадов во замена минатата година.
Автоматски споено мислење:
Може, зошто да не може. Во слободна земја живееме. Може и за 200 евра да го продавам ако сакам.
Шала на страна, го платив уште поскапо од тоа што во моментов го продавам, па пред се заради тоа е таа цена. Инаку го купив баш поради тоа што е стар бач, но парфемов мене ми е многу поразличен од бачовите од последниве 2-3 години и од она што го имам прочитано, мислам дека е направена реформулација пред нецели 3 години. Значи овој е многу потежок, позачинет и веројатно поконцентриран парфем. Плус што ми трае многу подолго од денешниве бачови.
Инаку не ја пратам парфемската група на Виктор, но ако добро се сеќавам мислам дека тој (и таа ) беа од Србија, така да споредбата со друга држава и не е баш на место. Освен ако не успеваш некако да нарачаш парфеми од таму по некои малку намалени цени, а бесплатно да ти ги донесат до Македонија, што мислам дека не е случај. Но, не знам, исправи ме ако грешам. А ако имаш некој роднина или пријател во Србија што после ти ги носи или што ги земаш ти од кај него, тоа е веќе сосема друг муабет. Немаме сите роднини и пријатели во Србија. Зборуваме за или да го купиш од кај нас или со достава од странство.
Прегледај го приврзокот 365256
И јас решив малку да ја зголемам колекцијамта со niche парфеми, пофалби за @Redhaze одлично спаковани и доставени како што се договоривме, ептен професионално
Naxos ми е од претходно желба, благи ноти на мед, ванила и тутун одличен за вакво ладно време. Одлични перформанси над 12 часа projection.
Amouage Interlude 53 овај е beast mode парфем трае повеќе од 24 часа, премногу силен две прскaња се доволни за да замириса цела просторија. Има одлични перформанси на отворен простор кога е ладно т.е. перфектен е за зимно време.
Go probav nekni Xerjoff Erba Pura
Ne samo sto trae tuku i intenzitetot posle 12 saati ist! Problemot e sto mi e mnogu silen a go pisuva fruity. Koj bi preporacale niche i vpecatliv za pocetnik a da e na lesnata strana i ne mnogu zimski?
Nekni za valentinskiot popust za rabota si go zemav Channel de Bleu od 50ml za 60 eur.