- Член од
- 9 мај 2018
- Мислења
- 1.628
- Поени од реакции
- 2.168
Очекував повеќе од диорот искрено. Мирисот е СОВРШЕН ама перформанси за ова време слаби. За потопли пролетни денови и летни вечери мислам дека ќе брка страшна работа со оглед на тоа што е реформулиран (ослабен) неколку пати одкако има почнато да се произведува. Втора мана, многу брзо се троши. Ако си во можност доплати за 150 ml.Мала ама топ колекција. Како си задоволен од Dior Homme Intense? Еден од ретките вакви почешитни парфеми да речам што ми се бендисува ептен. Ми мириса на шминка/кармин ради ирисот, ама у исто време има нешто у парфемов што многу ми се свиѓа.
Иначе Прадата е топ, јас ја меркам некое време и кај и да е ќе ја земам ама кај нас е многу скапа. Ја имаше у Италија кога бев у еден аутлед за 70 евра 100мл што е горе долу океј цена ама не ја зедов... Нема промаш со ниедна Прада, многу ми се по укус и Лом и сите Луна Роса.
Со Кирке малку избрзав, мирисно мене ми е убав(овошна салата) најмногу осеќам праска. Перформанси страшни, не повеќе од две прскања и само едно околу вратот зошто боли глава колку е јак. Жените ми велат дека е машки а мажите женски. Влечи малце повеќе на женска страна. И за мене е подобар да го осетам кај друг одколку кај мене, затоа на мајками му го дадов. Ако набавам за брзо амбалажи, можам да ти декантирам 5, 10ml да го тестираш.Прашав неколку страни наназад за Кирке, ама никој ништо не кажа. Сега гледам ти го постираш.
Збор, два за него? Тој и Том Форд тобако ванила ми се следни на ум за земање. Том Фордот веќе го знам, овој не сум го мириснал до сега.
Иначе, нешто што можам да ви препорачам е Afnan in Oud, за 4000 денари не знам дали има подобар парфем. 6 сати проекција, колегите ме велат дека има облак од мирис на едно метро од мене. Елегантен, зимски, за кошула, капут, сако...