Еве да речеме дека не зимал цело време 4.5 милиони по сезона, еве просек нека му биде по 3 милиони по сезона, тоа се 36 милиони фунти за 12 години во клубот, од кои сигурен сум дека 5-6 години ги има буквално одлежано.
На италијаниве да им дадеш 36 милиони фунти буџет, ќе ти напраат шампионски тим, а во Јунајтед ги даваат на Фил Џонс, човек кој не можам повеќе да го наречам ни играч.
По лошо воден клуб во изминативе 10 години, а верувам и дека се повеќе, само што поради големината на Сер Алекс тоа толку не се приметувало, нема во сите големи лиги низ Европа.
Последна надеж полагам во Тен Хаг дека човекот ќе направи нешто, и дека во наредниве 2-3 трансфер рокови ќе го смени целосно тимот, со продавање или бркање на вакви играчи кои паразитираат цела декада.