The Last of Us

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Ели во играта е многу покул, посимптаична и со поише карактер. Оваа што ја глуми у серијава... се спротивно.
Мушкоданка у градба (поише личи на Аби), фаца неспоредлива, и карактерот барем досега у првава серија некако одбивен- дрзок, "со сила паметна праење", неспонтана.
Тотално промашен кастингот за Ели. Другите се наместо, Првата епизода е иста како почетокот на играт и се надевам дека нема да скрејнат од приказната што е во играта.
 
Факт е дека има апсолутно woke и антипатична фаца ама да не претеруваме, се гледа дека се работи за добра актерка, одличен кастинг по мене.
 
MV5BZGUzYTI3M2EtZmM0Yy00NGUyLWI4ODEtN2Q3ZGJlYzhhZjU3XkEyXkFqcGdeQXVyNTM0OTY1OQ@@._V1_.jpg
Ја изгледав вчера епизодата, ПРЕДОБРА, ги имам изиграно игрите и знам што ќе се деси ама пак интересен ми е концептот и не е баш све ко на игрите.. Една од најголемите разлики ќе е начинот на заразување од зомбињата, во играта е преку "spores" , а во серијата преку габи почна да се пренесува вирусот.
 
Ја изгледав вчера епизодата, ПРЕДОБРА, ги имам изиграно игрите и знам што ќе се деси ама пак интересен ми е концептот и не е баш све ко на игрите.. Една од најголемите разлики ќе е начинот на заразување од зомбињата, во играта е преку "spores" , а во серијата преку габи почна да се пренесува вирусот.
Не е вирус, габична инфекција е. И исто и габите имаат спори, па можеби и нема разлика...
 
На HBO Max веќе е достапна втора епизода а на HBO 1 каналот прва тв премиера е понеделник во 03:00 часот ноќта, предходно пуштаат реприза на предходна епизода а тв премиера за луѓе што не се будни касно толку навечер е во нормален термин 20:00 часот понеделник.

Верувам овде повеќето имате HBO Max или преку торент си ја симнувате серијата.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Втората епизода ја изгледав во еден здив, иако трае 52 минути ми се чини дека траеше 10 минути.. Предобра ..
 
A гледам покрај епизодите има и специјали. Некакви Inside the Episode и Podcast епизоди.

Зарем тоа нема на HBO Max?
 
Добра е, добра е. Според мене има три елементи кои ако ги погодат како што треба ќе имаат одлична серија и можеби најдобра адаптација на игра до сега.

1. Атмосферата и сетингот на светот;
2. Веродостојноста на приказната во однос на игрите;
3. Емотивната поврзаност и градењето на карактерите.

Сега за сега првите две точки ги имаат одлично погодено. Светот е предобро направен, доста сцени се до детал рекреирани во серијава. Има атмосфера, се осеќа тензија и страв кај карактерите при влегување во зградите и шетањето надвор од QZ зоните.

Со девојка ми ја гледаме заедно, предобро и залепи серијава во првиве две епизоди. Зашто ги нема играно игрите и појма нема што се дешава, а јас ги имам, јако е да се глеа нејзината реакција на моментите кои мене ме оставале со зината уста додека ги играв игрите.
 
Сцената со Тес е тотално различна во играта, ама поентата е таа.. мене пак ми се допаѓа што не е све исто, слично е ама не е скроз исто.. ентериерите ги имаат погодено ептен, местата ми се допаѓаат. Само Ели што не ми личи на Ели, ама добро ја глуми бар, писка ко неа..
а и спојлер.. Ако не ми ја дадат сцената со жирафата у последна епизода, ќе ме разочараат.
 
Сцената во музејот ме наежи, кога го чув звукот на кликерите ме фркна PTSD. Морам кецот пак да ја играм.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom