saskon
☺
- Член од
- 22 август 2008
- Мислења
- 2.231
- Поени од реакции
- 5.465
Гледам само препукување кој е подобар, Надал или Ѓоковиќ.
Надал ќе го изгубеше мечот и без онаа повреда. Удари високо над мрежета со многу топспин. Се жалеше на судијата дека топките се меки. Кажаа и Барбара и Матс дека топките на АО се ужасни бавни. Висок топспин удар по траекторија е подолг од рамен удар, а со самото тоа топката е уште поспора. Противникот лесно ги стига, а ако тој е агресивен и само чека да распали успехот е неизбежен.
Недостаток на Надал е што едноставно не знае да изведе силен и рамен удар.
Од друга страна Ѓоковиќ. Кажаа уште во првиот меч, Новак во просек удирал за 10 км посилно отколку тоа го прави вообичаено. На тој начин ја компензира бавноста на топките.
Главна карактеристика на Надал. Единствен бекенд и форхенд удар со многу спин кој го нема ниту еден тенисер во светот.
Ѓоковиќ, истрајност, упорност и темпо. Повторно карактеристики кој ретко кој тенисер ги има.
Дали Ѓоковиќ ќе го освои АО. Мислам дека нема, физички со онаа повреда нема да издржи.
Каде се движи машкиот тенис. Во насока накај женскиот, ќе се покави некој релативно непознат, ќе го изигра турнирот на животот и потоа толку од него.
Дали е подобар Надал или Ѓоковиќ, работа на вкусот односно кој како мисли. И двајцата се величина каква тешко да видиме во иднина.
Треба и двајцата + Мареј да размислуваат за повлекување. Едноставно телото повеќе не издржува.
Не гледам кај помладите величина од типот на Федерер, Надал, Ѓоковиќ, Мареј, Сампрас, Агаси, Бекер ...