Здраво! Прв пост и веднаш 2-3 прашања
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Со оглед да на ИТ форумот (каде што сум член од порано) не ми одговорија ништо веќе 2 дена, да се обидам овде, гледам има доста активности.
Последниве 10-тина дена се изначитав по форумиве (Кајгана едно 200 страни и ИТ 50-тина) ама пак да прашам две прашања кај вас искусните:
1. Дали вредат за цената 40-50,000 ден. почетните модели на Мицу Хеви и Мицу Електрик на пр. HR35 или SRK35 (кој лично најмногу ми се допаѓа и со цена и со Еуровент вредности) и од пракса, дали има вистина дека Мицу Хеви имаат збиени елементи/компресор и др. па релативно брзо фаќаат прашина а се потешки са чистење на надворешната?
2. Не знам колку монтерите редовно прават вакуум при инсталација на нова клима, колку е тоа важно (со оглед да се споменуваше дека климите имаат одвлажнувач/сушач кој воглавном ќе ја собере водата од фреонот), и што ако на пр. не сака да прави вакуумирање, да барам друг монтер ?