Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Препорака за SUV во ранг 10-13к еур?
Ќе биде возено и во град и на отворено, потрошњата не е важна и пред се' убаво би било да е бензинец.
Сакаш опел антара 2.4 со плин 2011 год неувезена 4x4
Испод 9к
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.059
Поени од реакции
11.404

Живеам во странство, ме интересираат повеќето кориснички искуства од лично возило или возило од фирма што се возело, не понуди бидејќи нема да ја увезувам МКД.
Ти благодарам сепак што ми одговори.
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Да, сакам да купам Буба во размер мислам дека е 1:43 или нешто слично
Само црвена боја колекционерски во кутија со постоље нови 1500 ден.

Нешто вака, подетално од понеделник ако си/има заинтересирани

1673650394566.png
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Препорака за SUV во ранг 10-13к еур?
Ќе биде возено и во град и на отворено, потрошњата не е важна и пред се' убаво би било да е бензинец.
Најдобро да видиш за кои имаш достапни делови, и споредба прво на одржување, а потоа модели.
Инаку јас би ги гледал: Honda CR-V (околу 2011-2013та) би требало да се најде за таа цена, Mitsubishi Outlander слична година, Peugeot 4008 може да најдеш и до кај 2015та но би требало да се дизели, Nisan Qashqai горе доле околу 2015та би требало да влезат во таа цена, Suziki Vitara веројатно и понова за таа цена само е помала и погрда на изглед, Dacia Duster веројатно ќе најдеш и до кај 2017та во таа цена. Captiva и Antara ретко кој ги пофалил, особено првата.
VW, Audi, BMW за таа цена ќе бидат отепани од возење, сепак ако имаш трпение и време може да бркаш и нешто од нив, или евентуално Skoda Karoq (само овие почнаа да ги прават 2017та, не верувам не-удрена да ја дадат за таа цена).
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.900
Поени од реакции
8.477

Хонда црв 2012 ќе биде отепана од возење иначе најдобра опција од сите овие.
Мицубиши не би погледнал во никој случај. Таму нема контрола на квалитет и тие штедат повеќе и од романците (познавам тројца на кои му пукнал блокот на моторот на 100 000 километри)

Пежо за овие 4008 немам многу инфо, не знам.

Нисанот е јапанска верзија на дастерот, како рено штедел таму немам увид баш.

Дастерот на изглед не е лош, но од далеку сд гледа дека французот енормно штедел кај румунецот (единствен SUV со таква големина, што сум видел да има добоши на задната оска)

Мое мислење дека SUV треба да биде дизел.

Сега со тој буџет, бензин па и SUV, за возење у странство, некако сметката не ми излегува.

За МК можеби, ако сакаш да возиш за до маркет, кафиќ (ако наеш паркинг) и да возиш од време на време на автопат 200 км со 120 km/h низ "пријателство"
 
Член од
27 мај 2016
Мислења
366
Поени од реакции
144
Препорака за SUV во ранг 10-13к еур?
Ќе биде возено и во град и на отворено, потрошњата не е важна и пред се' убаво би било да е бензинец.
Toyota Rav4 III 2012 год 2.2д 150кс имаш за околу 10к€.
Mazda CX-7 2010-2012год 2.2д 173кс малце поголем од Равот4 за 10-12€.
Volvo XC60 2.4д ~200кс 2010/201год 10-12€.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Хонда црв 2012 ќе биде отепана од возење иначе најдобра опција од сите овие.
Мицубиши не би погледнал во никој случај. Таму нема контрола на квалитет и тие штедат повеќе и од романците (познавам тројца на кои му пукнал блокот на моторот на 100 000 километри)

Пежо за овие 4008 немам многу инфо, не знам.

Нисанот е јапанска верзија на дастерот, како рено штедел таму немам увид баш.

Дастерот на изглед не е лош, но од далеку сд гледа дека французот енормно штедел кај румунецот (единствен SUV со таква големина, што сум видел да има добоши на задната оска)

Мое мислење дека SUV треба да биде дизел.

Сега со тој буџет, бензин па и SUV, за возење у странство, некако сметката не ми излегува.

За МК можеби, ако сакаш да возиш за до маркет, кафиќ (ако наеш паркинг) и да возиш од време на време на автопат 200 км со 120 km/h низ "пријателство"
За сите до една што му ги наброив имам слушано добри муабети, не сите имаат бензин верзии, ама и дизелите се ок и без поголеми проблеми.

Се согласувам, за такво големо возило со никаква аеродинамичност дефинитивно треба да е дизел, освен ако не е хибрид со бензин ќе те изеде во гориво.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.900
Поени од реакции
8.477
За сите до една што му ги наброив имам слушано добри муабети, не сите имаат бензин верзии, ама и дизелите се ок и без поголеми проблеми.

Се согласувам, за такво големо возило со никаква аеродинамичност дефинитивно треба да е дизел, освен ако не е хибрид со бензин ќе те изеде во гориво.
Зависи приоритетите како што спомнав погоре. За во Македонија би вршела работа било кое од овие возила за до кафич, маркет, еднаш или два пати месечно за автопат 150 километри.

За на запад малку тешко да ти вршат работа овие возила.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.059
Поени од реакции
11.404
@Lester Freamon @Kadaif @ZardonicMKD фала за препораките и одвоеното време.

За Пежото немам никако инфо, ниту пак имам искуство.
Заради голем бр на километри ги избегнував ауди,бмв и мерцедес, како и огромната цена.

Гледав досега Volvo XC60 2010-12 год., а и Toyota Rav IV исто така, но сакав тука да прашам за исксутва бидејќи едно се видеа на youtube и гуглање спецификации, други лично искуство.

Маздата не знам дали има проблем со потрошња на масло или не, а од сите овие фаворит ми е некако волвото заради безбедност.
Одлука сигурно нема да падни уште месец дена бидејќи ме чека шетање по плацеви, по автокуќи и ако најдам некој зачуван модел по приватни лица.

Во однос на потрошувачката, не ми менува ако троши 10-13 литра градска доколку си имам помалку работа со мајстори и со чести кварови каде кај вака скапи возила ќе ми излезе наопаку математиката на крај.
 
Волвото имаше безбедност поголема од другите до 80 или 90 тите години. Денес се е стандардизирано, така да нема предност поголема од другите автомобили. Плус тоа што волво е во сопственост на кинезите не зборува баш добро.

Треба да знаеш дека бензински мотор има за 100 000 километри пократок животен век од дизелот, плус ако треба да влече и поголемо возило, не сум сигурен колку тоа возило ќе трае на подолг рок особено ако е над 10 години старо.

Сервисот на возилата на запад е енормно скап било за која марка да се работи, но доколку електроника или сензор се заебе, освен да идеш у овластен сервис нема да имаш друг избор. Тука веќе игра улога дали ќе идеш во мерцедес или опел пошто разликата кај нив е огромна.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
@Lester Freamon @Kadaif @ZardonicMKD фала за препораките и одвоеното време.

За Пежото немам никако инфо, ниту пак имам искуство.
Заради голем бр на километри ги избегнував ауди,бмв и мерцедес, како и огромната цена.

Гледав досега Volvo XC60 2010-12 год., а и Toyota Rav IV исто така, но сакав тука да прашам за исксутва бидејќи едно се видеа на youtube и гуглање спецификации, други лично искуство.

Маздата не знам дали има проблем со потрошња на масло или не, а од сите овие фаворит ми е некако волвото заради безбедност.
Одлука сигурно нема да падни уште месец дена бидејќи ме чека шетање по плацеви, по автокуќи и ако најдам некој зачуван модел по приватни лица.

Во однос на потрошувачката, не ми менува ако троши 10-13 литра градска доколку си имам помалку работа со мајстори и со чести кварови каде кај вака скапи возила ќе ми излезе наопаку математиката на крај.
Пежото го има другар, 2018та е неговата, досега не се има пожалено.

Едно да знаеш, не постои ефтин SUV за одржување, големи возила, се е поскапo.
Ако сакаш да не трчаш по мајстори барај помало возило и понова година, и ако имаш услов нова од салон на рати.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.789
Поени од реакции
1.700
Едно прашање, дали правите т.н Rev Matching на автомобилот, односно ускладување на обртите на моторот со брзината на движење на тркалото, при downshifting, менување во помала брзина. Некои велат дека таа транзиција била ппмазна и помалку се троши системот на пренос, ламела и слично. Но не знам дали има ефект на дизел возило, или тоа е само за бензинци. Со ова се избегнува и она неугодно мало поместување нанапред што се осеќа кога се спушта во помала брзина, јас лично никогаш не сум го правел ова, но ете новиве коли имаат автоматски рев мачинг кој се активира софтверски, па да прашам поискусни.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.900
Поени од реакции
8.477
Пежото го има другар, 2018та е неговата, досега не се има пожалено.

Едно да знаеш, не постои ефтин SUV за одржување, големи возила, се е поскапo.
Ако сакаш да не трчаш по мајстори барај помало возило и понова година, и ако имаш услов нова од салон на рати.
Не го зезај со тоа нова. Нека биде 2-3 години максимум стара и нека не се заебава со "гаранции". За 2-3 години што нема да игра по тие правила ќе си купи уште една таква кола гратис. :icon_mrgr:

Може ли 5 години стара кола да се расипе толку гадно? Па едно фиќо се тркалаше од застава 40 години.
Автоматски споено мислење:

Едно прашање, дали правите т.н Rev Matching на автомобилот, односно ускладување на обртите на моторот со брзината на движење на тркалото, при downshifting, менување во помала брзина. Некои велат дека таа транзиција била ппмазна и помалку се троши системот на пренос, ламела и слично. Но не знам дали има ефект на дизел возило, или тоа е само за бензинци. Со ова се избегнува и она неугодно мало поместување нанапред што се осеќа кога се спушта во помала брзина, јас лично никогаш не сум го правел ова, но ете новиве коли имаат автоматски рев мачинг кој се активира софтверски, па да прашам поискусни.
Не те разбирам со прашањево. Зборуваш за рачен менувач или автоматски? За рачен менувач ако си менувал, воопшто нема потреба некој да ти го каже тоа, пошто сам ќе го осетиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom