@Lester Freamon @Kadaif @ZardonicMKD фала за препораките и одвоеното време.
За Пежото немам никако инфо, ниту пак имам искуство.
Заради голем бр на километри ги избегнував ауди,бмв и мерцедес, како и огромната цена.
Гледав досега Volvo XC60 2010-12 год., а и Toyota Rav IV исто така, но сакав тука да прашам за исксутва бидејќи едно се видеа на youtube и гуглање спецификации, други лично искуство.
Маздата не знам дали има проблем со потрошња на масло или не, а од сите овие фаворит ми е некако волвото заради безбедност.
Одлука сигурно нема да падни уште месец дена бидејќи ме чека шетање по плацеви, по автокуќи и ако најдам некој зачуван модел по приватни лица.
Во однос на потрошувачката, не ми менува ако троши 10-13 литра градска доколку си имам помалку работа со мајстори и со чести кварови каде кај вака скапи возила ќе ми излезе наопаку математиката на крај.