Геополитички размислувања за минатото и иднината на Македонија

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.960
Поени од реакции
5.578
Ако кажуваш дека нешто ти е свето, дека многу ти значи, се китиш со патриотизам, а не мрдаш со прст, лицемер си или глумец.
Не бато (ова не го кажувам за членот кој го цитираш, општо). Не се глумци. Добропресметани се, знаат што прават.

Се смени името, си преседаа дома додека некои протестираа пред Собрание. Убаво им беше дома по папучи да ги гледаат протестите (кои патем освен на фб, во живо не беа пројавени на никоја телевизија како ексклузивен настан), и да почнат да зборваат северџани, вакви такви. Поминаа протестите, дојде референдумот. Излегуваат овие и викаат ќе бојкотираме. Абе чекајте луѓе, да гласавте против и повеќе гласови да имаше против од за..Не, ќе бојкотираме. И бојкотираа...Епилогот добро познат. Мене ми се јаки овие кои уште се палат на Бојкотирам. ТИЕ се само уште една низа од алката виновници поради која ни е променето името. Јас не викам дека ако имаше повеќе гласови против од за, дека немаше да го менат името, ама така јасно ќе им дадевме дознаење дека името не смеј да се чепка. И после се деси што се деси.

Истите тие денеска, тастер патриотчиња ги гледаме тука, ги гледаме по фб насекаде. Нив нивото на патриотизам е кога на неистомисленик и човек кој има различен став и мислење кон некој да го наречат: северџан. А имаш конкретни дела позади себе што си ги сторил колку што си моќен за да не се смени името, а тие единственото нешто што го направиле како бунт е тоа што некому ќе се обратат со северџан.

Дедо ми, велеше „ Е од така, вака..“ Нека тераат, и нека шират пизма меѓусебно. Уште 1.5 милион сме останати тука, кај и да е за 4-5 години уште пензионерите ќе останат тука. Ама битно и најбитно од се е што еден на друг му се обратил со северџан, а другиот со небањат. Ех Македонче, далеку побројни народи од нас немаат држава, ние имаме, и ја дадовме танте за јанте. Овие едните што верглаат еу еу, барем јасно си кажваат ние сакаме се да смениме и сакаме да влезиме во ЕУ...Овие другите патриотите, едино што напрајле е што му викаат на другиве северџани и платеници....И тука се завршува се.....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.422
Поени од реакции
18.360
Нервозен си ми нешто :pos:

Шогебаш, крцкај си во коалиција со шипци и србенди, екипа од соништата, и тоа се скапавте лижење дупе и за тоа :facepalm:

Абе какви 100 долари, за копање канали нема ни 50че, додуша даваат по едно ѕидарско за ждригање
Нервозен? Ах бе абадал еден, ти си промангупен сељак, кој што излегол од село и сега плука врни по тоа што бил :pos:

Тебе само пари те интересираат, нит националност, нит име, нит презиме, нит знаме ти е важно. Исто како што не ти се важни ни уметност ни книжевност.

Иако чисто се сомневам дека си работел за $40 усд на сат од тука, пак не кажа за $100 на сат што ги правиш во АУС што долари се?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Нервозен? Ах бе абадал еден, ти си промангупен сељак, кој што излегол од село и сега плука врни по тоа што бил :pos:
Хахахахахаххаха, абе за тебе сум светски господин, и тоа на секое поле.

Тебе само пари те интересираат, нит националност, нит име, нит презиме, нит знаме ти е важно. Исто како што не ти се важни ни уметност ни книжевност.
Муце, завршивме со националност кога ти и таквите како тебе решивте дека нема потреба од националност, нели одлучивте дека сега ќе тераме по пари?

Нели затоа менувавте име?
Нели затоа продадовте историја?
Нели затоа пола држава се пишаа Татари?

Уметноста и книжевноста ви ја оставам на вас „освестените и опулените“, само прво договорете се со комшиите што е ваше, а што нивно.

Тебе само пари те интересираат, нит националност, нит име, нит презиме, нит знаме ти е важно. Исто како што не ти се важни ни уметност ни книжевност.

Иако чисто се сомневам дека си работел за $40 усд на сат од тука, пак не кажа за $100 на сат што ги правиш во АУС што долари се?
Ах бе тенеќијо, глуп си колку што си тежок. Да си во индустрија која доживеа крик, а на 52 години да рмбаш за друг е пропалитет на векот, хаха па уште и на сатници се радува нубецот :tapp:

Во рубљи се иначе и чат пат по некој јен капнува ;)
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Ништо не разбираш, си прават прикаски како им одговара :D

Бојкотирање, значи премолчена согласност, но ете си наоѓаат оправдување, пу пу не играм и победник сум... :facepalm:
Исто така комитите и партизаните правеа, ги бојкотираа турскиот аскер и германците, па овие видоа не видоа си заминаа :pos: :tapp:.

Добро бе, не ви се срам вакво дебилно оправдување да си наоѓате, за работи кои демек многу ги сакате, свети ви се и спремни сте во бој да идете, па уште врз други да префрлате вина!
Ако кажуваш дека нешто ти е свето, дека многу ти значи, се китиш со патриотизам, а не мрдаш со прст, лицемер си или глумец.
Колку само изговори слушнав зашто не доаѓаат на протести... Сепак не ги толку кривам, медиумска пропаганда градена некоја година , апсења, притисоци, па пуштени на најјако северофиромските комуњари. Еве ги се појавија одма овде, кај бевте 2008ма патриоти да објаснуваат, се чека моментот да напишат кај бевте 2001ва. Па и тенеке што онаму објаснува требало преспански договор и он бил македонец иако северомакедонец. Да тоа пиша дека е македонец иако северомакедонец, 5 години поминаа од договорот уште не разбира што подржувал ама тука објаснува патриотизам за други. Поделбата меѓу народот е отидена предалеку.
Автоматски споено мислење:

Овие едните што верглаат еу еу, барем јасно си кажваат ние сакаме се да смениме и сакаме да влезиме во ЕУ...Овие другите патриотите, едино што напрајле е што му викаат на другиве северџани и платеници....И тука се завршува се.....
За овие првите зарем веруваш дека прават нешто за да се влезе во ЕУ? Па секој во странство се крсти колку може мизирни и без достоинство да сме и да сака да е со тебе да е во унија и да му одат пари од даноци на такви мизерии?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.400
Поени од реакции
33.513
За болдот НЕ.
За остатокот, не провоцирај ко мало дете
Дали ти се јасни геополитичките импликации за Македонија, од влијанието и делувањето на САД во регионов и во државава?
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.826
Поени од реакции
4.532
Дали ти се јасни геополитичките импликации за Македонија, од влијанието и делувањето на САД во регионов и во државава?
кристално јасни, ужасни
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.400
Поени од реакции
33.513
кристално јасни, ужасни
Дали ти е јасно дека сегашната состојба со Шќиптарите е директно поврзана со политиките и агендата на САД во државава?
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.826
Поени од реакции
4.532
Дали ти е јасно дека сегашната состојба со Шќиптарите е директно поврзана со политиките и агендата на САД во државава?
што ти е бре другар, на испит да не сум? јасно ми е не сум дете
ужасно е, не унаказија дебело
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.479
Поени од реакции
41.959
што ти е бре другар, на испит да не сум? јасно ми е не сум дете
ужасно е, не унаказија дебело
па зошто е твојата фиксација со нив? Не разбираме тоа. Ни ја сјебаа државата и направија да се осеќаме како граѓани од друг ред ние македонците. Зошто ти лижеш све што америте какаат? Мислам никот ти е клинтон, опис wanna bomb. :icon_lol:
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.523
Поени од реакции
2.621
што ти е бре другар, на испит да не сум? јасно ми е не сум дете
ужасно е, не унаказија дебело
Не си дете ама си тешка будала, си нашол со кого да се објаснуваш :icon_lol:
Господинот "Во Русија лобирањето е забрането со закон" е најверојатно најдобриот кандидат што може да излезе од шупакот на Г(К)ремлин. Друга варијанта е да е тежок шизофреник, ама не ми делува вака за таков барем горе-доле знае да расудува некои работи коректно, освен кога станува збор за најверојатно неговите работодавци.
Има слични карикатури на форумов како него, пример тенеке го скапаа од зафркавање на темиве, ама никој нема таква константа фиксација за нешто како тој за Мајка Русија.
Не треба многу за да расудиш, ни пак треба да му давате некаков си рапорт ни пак да му се правдате , пошто го гледам и Бафра си ја мачи душата за џабе.

Иако не сум сигурен во која категорија е, повеќе ми влечи а и се надевам дека станува збор за првата варијанта :)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.400
Поени од реакции
33.513
што ти е бре другар, на испит да не сум? јасно ми е не сум дете
ужасно е, не унаказија дебело
Дали ти е јасно дека за САД да престанат да работат против нас (небитно дали индиректно или директно), дека единствен начин е САД да ослабат како хегемон? Или да ослабат барем толку за да не можат да проектираат моќ во регионов, и да престанат да ги користат Шќиптарите кои за возврат добиваат право да не експлоатираат и да паразитираат од нас како народ и како држава.
 
D

Deleted member 53418

Гостин

Да престанат САД да се водечка сила на Балканов, Македонија во рок од 5-10 години ќе биде премија ако е во овие граници како до сега и со ова население.
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
624
Поени од реакции
904
До 2050 САД ќе владеат со Балканот. Евентуално Кина и Русија ќе се вратат,.но долго време ќе помине
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.826
Поени од реакции
4.532
Не си дете ама си тешка будала, си нашол со кого да се објаснуваш :icon_lol:
Господинот "Во Русија лобирањето е забрането со закон" е најверојатно најдобриот кандидат што може да излезе од шупакот на Г(К)ремлин. Друга варијанта е да е тежок шизофреник, ама не ми делува вака за таков барем горе-доле знае да расудува некои работи коректно, освен кога станува збор за најверојатно неговите работодавци.
Има слични карикатури на форумов како него, пример тенеке го скапаа од зафркавање на темиве, ама никој нема таква константа фиксација за нешто како тој за Мајка Русија.
Не треба многу за да расудиш, ни пак треба да му давате некаков си рапорт ни пак да му се правдате , пошто го гледам и Бафра си ја мачи душата за џабе.

Иако не сум сигурен во која категорија е, повеќе ми влечи а и се надевам дека станува збор за првата варијанта :)
немам што да ти вратам, во право си
па зошто е твојата фиксација со нив? Не разбираме тоа. Ни ја сјебаа државата и направија да се осеќаме како граѓани од друг ред ние македонците. Зошто ти лижеш све што америте какаат? Мислам никот ти е клинтон, опис wanna bomb. :icon_lol:
ајде момче стој си на тоа што го тврдиш и цитирај ме да видиме во кој мој пост јас имам фиксација со САД, со среќа барањето
Дали ти е јасно дека за САД да престанат да работат против нас (небитно дали индиректно или директно), дека единствен начин е САД да ослабат како хегемон? Или да ослабат барем толку за да не можат да проектираат моќ во регионов, и да престанат да ги користат Шќиптарите кои за возврат добиваат право да не експлоатираат и да паразитираат од нас како народ и како држава.
уривањето на еден хегемон носи друг. Твојата логика вика дека ако пропадне САД ќе цветаат кокичиња насекаде, еднорози ќе серат виножита, а телото на Џими Хофа ќе биде пронајдено.
патетика
Ти навиваш со надеж дека после падот на Бахмут, САД ќе се самоукине и се ќе биде супер за нас

Ако не е САД хегемон, ќе биде Кина, или Русија, или некој друг....Никој од нив нас, не не сака, пак ќе го јадеме немиен. Дури и по претпоставка дека сите хегемони ќе ги снема, ги нема САД, Русија, Кина и Франција или ВБ, ние пак сме опколени со држави кои не ни мислат баш најдобро, минимум по еден спор имаме со сите моментално, има како хиени да ни се нафрлат.

Не знам која школа тебе те учела дека е убаво да имаш непријатели, или дека непријателот на твојот непријател е твој пријател, ама не се сеќавам во историјата тоа да профункционирало барем еднаш. Ако не учиме од историјата ќе ни се повтори.

Титова клапа нас не учеше дека треба да бидеме пријатели со сите и да балансираме од двете страни, ама тоа функционира само ако имаш што да понудиш, како што имаше СФРЈ, Македонија нема ништо со што може да се ценка, згора на се, ние и тоа малку што го ценевме, си го дадовме по набавна цена.Никој со нула не не множи, а ти сакаш да изиграваме геостратешки играч во некаква си војна на моќ. Затоа сме на ова дереџе, и затоа за коор не не бива.

Пак ќе речам, учи од историјата. На балканот најпаметно изиграа Грција и Албанскиот народ, како народ не како држава.

Грција завземаа страна рано после ВСВ, не здробија нас, ни силуваа цивили, гореа живи луѓе, извршија геноцид, сега имаат државиште. Влегоа во должничка криза и ЕУ ја држеа за јајца, друг им ги плати долговите. Влегоа во НАТО рано и границите им се загарантирани. Да не беа Турција и Грција во ист сојуз, до сега турците ќе ги прегазеа како ФАП жаба.
Грција имаат едно чудо социјална помош дури и за богати, цели острови им се пишани како слепи за пари да цицаат од ЕУ. Живеат како бубрег во лој, оти стратешки паметно изиграа и одбраа победничка страна.

Албанците после падот на комунизмот отидоа all-in со американците, душата си ја даваат за америте, ама во константен подем се 30 години. Направија втора албанска држава за 20 години, нешто што 60 години претходно беше незамисливо. Веќе на наша сметка градат трета држава. Не дупат во здрав мозок како сакаат. Сите знаеме дека Груби е агент, сите знаеме дека Али е агент, сите знаеме дека Таљат е дезертер и агент, каде се они, каде сме ние?

Кои избори ги направивме ние? навиваме за противникот на хегемонот? кој ни е нас крив освен самите ние?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.794
Поени од реакции
4.841
Пак ќе речам, учи од историјата. На балканот најпаметно изиграа Грција и Албанскиот народ, како народ не како држава.
Од кај ти е идејата дека Грците и Албанците „најпаменто изиграле„, кога кај нив нема ниту грам памет?

По што се тие народи познати по Светов: по „узо„, по „брашно„?...

Доволно е да фрлиш дури и површен поглед на поновата Балканска историја и ќе увидиш дека и Грција и Албанија, како држави но и како народи, се туѓи (!!!) проекти (Британски, Германски, Руски, Италијански...) и дека тие проекти, своевремено биле целисходни, но и долгорочно гледано, наведените држави и народи се само орудија за остварување на целите поставени од творците на тие народи и држави.

Водачите на тие народи пак, само ги користат позициите од нивните држави за освојување на што повеќе, секако туѓо, и доаѓаме до состојбата во која се наоѓа Македонија, но и соседна Србија, со која имаме ист проблем, чие име е надалеку познато...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom