Пишете вие вака како искусни вежбачи мислење и троа некој совет, не се стегајте.
И јас како тебе забушавам со теретана, принудно, па затоа ретко ја отворам темава, ме нервира
Во врска со твоите прашања:
Дали да го вежбам најпрвин цело тело неколку недели или одма уште прв ден да ги поделам вежбите по групи?
Дали да купам некаков суплемент уште на самиот почеток или после некоја недела?
Ако треба да купам суплемент, вака како за почеток што да земам, протеин?
1. Мој совет ти е да почнеш полека, цело тело 3-4 пати неделно, или ако не си уплатил веќе теретана тогаш почни дома некоја програма со своја тежина.
Еве ти за дома неколку примери, види која ти фаќа око, за ниедна не ти треба опрема:
Кога ќе ги надминеш овие, почни во теретана, ќе имаш барем основа и брзо ќе прогресираш.
Доколку веќе имаш уплатено, тогаш цело тело, не би ти давал стрикна програма - најдобро е да се прилагодиш тоа што имаш на располагање/слободно во тој момент. Идејата е по една серија за секоја група, со тежина на која ќе можеш да направиш 12-15 повторувања, и ако е можно од различен агол (пример: рамен бенч Понеделник, Кос бенч Среда, Разбој со Летање во Петок), со ова ќе се опоравуваш полесно и побрзо. И најбитно, дај му на телото време од неколку недели пред да смениш некоја потешка програма, и да се спремни мускулите ќе им треба повеќе време на лигаментите и тетивите.
Еве ти некој пример на слична програма:
2. Не ти треба никаков суплемент, гледај во тие недели да ги вратиш навиките за исхрана, не летај по приказните за 1.5-2 грама протеин на телесна тежина во наредните 5-6 недели.
за 3то види второ.
Фала ти и на тебе. Како што гледам по нет тоа пуш пул легс е правење чучњеви, дедлифт и такви некои вежби со шипка кои мислам дека овде у теретанава не верувам да ги имаат и тие олимписки шипки и тегови со кој што ќе можеш да ги правиш тие вежби. Е сеа тие пуш пул легс вежби што се, можам наместо на шипка јас на справи (машини) да ги правам како за почеток наместо на шипка?
Немаш потреба од големи шипки, дедлифт можеш да направиш и со бучици, или рандом шипка, не се сили на големи килажи.
Чучањ исто, почни со своја килажа, после тоа може да правиш со бучици.
Со среќа!
Инаку на темава, дали некој од вас има земено HMB, и дали е навистина толку добар суплемент како што е рекламиран?