Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Ти благодарам за одговорот.

Ти благодарам и на твојот одговор, каде иначе можам да ги најдам овие програми? Гледам на нет ми отвара повеќе различни.
Автоматски споено мислење:

@Lester Freamon @GavolRulz @martin01

Пишете вие вака како искусни вежбачи мислење и троа некој совет, не се стегајте. :D
Full body генерално поголемите мускулни групи по 2 вежби, помалите можеш и една. 2 серии од вежба за почеток.

Push pull legs барај на интернет и ќе си направиш комбинација на вежби според твоето тело, флексибилност, повреди и слично.

Суплементи можеш да користиш од првиот ден, не разбирам која е разликата да почнеш да користиш протеин после 3 месеци и одма? Купи си протеинче и не му ја мисли.
 
Push pull legs барај на интернет и ќе си направиш комбинација на вежби според твоето тело, флексибилност, повреди и слично.
Фала ти и на тебе. Како што гледам по нет тоа пуш пул легс е правење чучњеви, дедлифт и такви некои вежби со шипка кои мислам дека овде у теретанава не верувам да ги имаат и тие олимписки шипки и тегови со кој што ќе можеш да ги правиш тие вежби. Е сеа тие пуш пул легс вежби што се, можам наместо на шипка јас на справи (машини) да ги правам како за почеток наместо на шипка?
 
Не мораш да правиш чучњеви и дедлифт ако не сакаш. ППЛ нема врска ни со чучњеви ни со дедлифт. Мускули што влечат, мускули што буткаат и нозе.
Затоа ти кажав, направи си комбинација од вежби што тебе ти одговараат.
Пример, чучњеви ако не сакаш со шипка, прави со еднорачен. Прави хак.
Не ги прави ич. Ти си одбираш вежби.
 
Ти благодарам за одговорот.

Ти благодарам и на твојот одговор, каде иначе можам да ги најдам овие програми? Гледам на нет ми отвара повеќе различни.
Автоматски споено мислење:

@Lester Freamon @GavolRulz @martin01

Пишете вие вака како искусни вежбачи мислење и троа некој совет, не се стегајте. :D
После долги паузи стално почнувам со Upper Lower 2 недели.
Помалце воспаление на мускули и подобар опоравак. Не очекувај одма да имаш апетит.
Почни со машини пошто ќе имаш подобра концетрациа и подобро движење.
Втора метода ти е гради рамо и трицепс во еден ден,нареден ден нозе и следен ден грб и раце. Рацете во супер сериа. 3 дена пауза па после пак исто повторуваш.
По 2 вежби со по 3 серии е сосема ок за старт.....од суплементи од старт нема некоја потреба мо можиш да си земеш веј протеин па после отом потом.
 
Искрено ако зборуваме за суплемент за вежбање креатин > протеин.
 
Не мораш да правиш чучњеви и дедлифт ако не сакаш. ППЛ нема врска ни со чучњеви ни со дедлифт. Мускули што влечат, мускули што буткаат и нозе.
Затоа ти кажав, направи си комбинација од вежби што тебе ти одговараат.
Пример, чучњеви ако не сакаш со шипка, прави со еднорачен. Прави хак.
Не ги прави ич. Ти си одбираш вежби.
Благодарам многу друже :)
После долги паузи стално почнувам со Upper Lower 2 недели.
Помалце воспаление на мускули и подобар опоравак. Не очекувај одма да имаш апетит.
Почни со машини пошто ќе имаш подобра концетрациа и подобро движење.
Втора метода ти е гради рамо и трицепс во еден ден,нареден ден нозе и следен ден грб и раце. Рацете во супер сериа. 3 дена пауза па после пак исто повторуваш.
По 2 вежби со по 3 серии е сосема ок за старт.....од суплементи од старт нема некоја потреба мо можиш да си земеш веј протеин па после отом потом.
Фала ти за одговорот и советите Мартин.
 
Nikakva pridobivka od kreatin iskreno. Nitu od bcaa,eaa i taka natamu...Osven whey drugo nisto ne bi zel.
Само од креатин има ефект и затоа е еден од најкористените и нај истражувачите суплементи.

3-5 грама креатин не можеш во еден ден да внесеш.

Протеин можеш 25грама одма да ги внесеш.

Протеин од храна > whey anytime.

Инаку да протеинот е лесен за конзумирање и баш поради тоа е толку популарен.
 
После долга пауза сум имал навика да почвам полека додека се вратам на старие тежини, но, после неколку такви циклуси, најдобро според мене е одма враќање со што потешки тежини, еден шок за мускулот и потоа само нагоре.

Ама седум години не се пауза, седум месеци да, години не.

Така да ти треба да почнеш од нула.
 
@Lester Freamon @GavolRulz @martin01

Пишете вие вака како искусни вежбачи мислење и троа некој совет, не се стегајте. :D
Битно ти е да почнеш, а како е најмалку битно. Секако е подобро отколку лежење дома :)
Ама ајде, како што пишаа и неколку члена погоре, почни full body 1-2 недели, осети ги справите, не форсирај на тежини, чекај да помине воспалението и продолжи со PPL или по една мускулна група на ден, како мислиш дека ти одговара така.
Ако би почнувал одново јас ќе земам суплементи уште од првиот ден (веј протеин + креатин), даваат и екстра мотивација (ова за почетници важи) :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Пишете вие вака како искусни вежбачи мислење и троа некој совет, не се стегајте. :D

И јас како тебе забушавам со теретана, принудно, па затоа ретко ја отворам темава, ме нервира :D

Во врска со твоите прашања:

Дали да го вежбам најпрвин цело тело неколку недели или одма уште прв ден да ги поделам вежбите по групи?
Дали да купам некаков суплемент уште на самиот почеток или после некоја недела?
Ако треба да купам суплемент, вака како за почеток што да земам, протеин?

1. Мој совет ти е да почнеш полека, цело тело 3-4 пати неделно, или ако не си уплатил веќе теретана тогаш почни дома некоја програма со своја тежина.

Еве ти за дома неколку примери, види која ти фаќа око, за ниедна не ти треба опрема:

Кога ќе ги надминеш овие, почни во теретана, ќе имаш барем основа и брзо ќе прогресираш.

Доколку веќе имаш уплатено, тогаш цело тело, не би ти давал стрикна програма - најдобро е да се прилагодиш тоа што имаш на располагање/слободно во тој момент. Идејата е по една серија за секоја група, со тежина на која ќе можеш да направиш 12-15 повторувања, и ако е можно од различен агол (пример: рамен бенч Понеделник, Кос бенч Среда, Разбој со Летање во Петок), со ова ќе се опоравуваш полесно и побрзо. И најбитно, дај му на телото време од неколку недели пред да смениш некоја потешка програма, и да се спремни мускулите ќе им треба повеќе време на лигаментите и тетивите.
Еве ти некој пример на слична програма:

2. Не ти треба никаков суплемент, гледај во тие недели да ги вратиш навиките за исхрана, не летај по приказните за 1.5-2 грама протеин на телесна тежина во наредните 5-6 недели.

за 3то види второ.

Фала ти и на тебе. Како што гледам по нет тоа пуш пул легс е правење чучњеви, дедлифт и такви некои вежби со шипка кои мислам дека овде у теретанава не верувам да ги имаат и тие олимписки шипки и тегови со кој што ќе можеш да ги правиш тие вежби. Е сеа тие пуш пул легс вежби што се, можам наместо на шипка јас на справи (машини) да ги правам како за почеток наместо на шипка?

Немаш потреба од големи шипки, дедлифт можеш да направиш и со бучици, или рандом шипка, не се сили на големи килажи.

Чучањ исто, почни со своја килажа, после тоа може да правиш со бучици.

Со среќа!

Инаку на темава, дали некој од вас има земено HMB, и дали е навистина толку добар суплемент како што е рекламиран?
 
Последно уредено:
Здраво. Сакам да почнам со теретана, но тотален аматер сум по ова прашање. Може да препоачате теретана во Ченто, Автокоманда или Маџари, евентуално може и малку пошироко? Лично би сакал да се зачленам во теретана што има групни тренинзи/часови, и разбрав дека Training Room во Автокоманда е таква. Има подобар избор од Training Room?
 
Дечки фала ви на сите до еден за одговорите и советите. Од понеделник почнувам и ќе пишувам на темава почесто за апдејт до каде сум и што сум. :)
 
@Lester Freamon па може да се испроба HMB, ако се комбинира со витамин д3.
Кај мене го има 2 варијанти, за ефтината не најдов никакви студии, таа е некоја комбинација со калциумова сол (околу 40 долари за 200гр прашок), а поскапата за која тврдат дека е најчиста е на MuscleTech ама се продава околу 70АУД за 84 таблети (3 на ден се пијат, значи нема ни за месец).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom