Многу глупо да броиме повреди кога на сите позиции има адекваѕна замена. Единствено за Џејмс можеби, иако Аспиликуета и на тие години е екстра играч.
Менди-Кепа, не гледам кој е подобар
Чилвел-Кукуреља, овој вториов и при зрав Чилвел би играл пред него кај Потер сигурно
Броха апсолутно не е никаков репер затоа што на умрен Вернер не можеше да му земе место
Стерлинг од кога е дојден нема ништо одиграно, здрав повреден не гледам разлика
Пулишич не постои од кога е дојден во Челзи
Маунт ок, нема адекватна замена за него
Канте е отсутен цела година и моменталниов Челзи не е директно загрозен со неговата повреда.
Тирни и Томијасу до Нова година немаа двајцата заедно одиграно 10 утакмици, Зинченко константно повреден, Жесус ќе биде уште месец дена најмалце во аут без асална замена па ете на +5 од Сити се, значи се може. Три сезони му требаа на Артета да пркне, во било кој друг клуб ќе беше кикнат уште лани ама ете за среќа или не ќе видиме, остана.
Челзи има играчи за топ4 тоа што моментално се умрени е прашање за Боели или како и да се вика јенкито.
Моменталниот Челзи не е загрозен поради...отсуството на најдобриот нивен фудбалер. Мислам, океј е.
Пулишиќ е дел од ротација, каков и да е. На четири фронта се потребни играчи.
Стерлинг не постоел? Ако си го гледал Челзи двапати. Не е сјаен, но повторно е играч број еден од нападот на Челзи. Вернер кога играше, Броја беше на позајмица во Сотон. Дечкото има 21 година, да не зборуваме напамет сега.
Фофана проектиран за главен играч од задна линија покрај Силва, вкупно одиграни 300 минути сезонава. За Џејмс и Чилвел не сакам да разговарам. Единствена валидна замена и не толку чувствително отсуство е она на голманска позиција. Толку.
И повторно, Челзи од стартот на ланската сезона имал 96 повреди. Деведесет и шест. Па најумрените играчи да се повредуваат толку, пак бројката е поразителна и депримирачка. А не па играчи од топ тим и топ лига. Нема потреба да се лажеме.
Да, на Артета му требаа три години за да успее од Арсенал да направи достојна екипа за борба за титула (дури и во ваква сезона, не е тоа мала работа). Потер е четири месеци, соочен со повреди и тотално небалансиран тим, дури и слаб.
Еве, заборави дека е Челзи во прашање и заборави колку вредат на пазар одредени играчи. Сериозно Челзи е кадарен со овој состав за топ четири без никакви проблеми? Не сум многу сигурен.
Премиер Лига е многу силна и конкуренцијата е навистина голема. Седум, осум екипи можеш да ги вброиш во конкуренција за место во ЛШ, без претерување. Јунајтед со Тен Хааг изгледа сосема стабилно и коректно како екипа, па пак постои шанса да извиси за ЛШ. Ќе речеш средена екипа, а не па Челзи кој е сосема спротивното.
Десетта позиција на клуб од тој калибар е за исмевање, без разлика. Никој тоа не ви го одзема, на ваше место и јас би зборувал веројатно на тој начин. Но, кога веќе дискутираме за објективни околности и детерминати, тогаш чесно е да се каже како стојат работите.
Ставрогин од единаесеттиот профил вели OpraVduvaNja oPravduVanja.
Друже, дали јас или некој фан на Челзи тоа ќе го посочи и спомене, навистина не е важно. Тоа ќе стои, како и да е. Како што дискутираме зошто Арсенал игра најдобар и најубав фудбал во лигата и зошто е легитимен кандидат за титула, така дискутираме и за причините кои го довеле Челзи до ова дереџе. Не се работи за оправдување. Луѓе, на подфорум за фудбал, на тема за Премиер Лига...дискутираат. Непознат поим за ликови како тебе и ликови кои не ни гледаат фудбал, првенствено.
Кажал РАТМ или не, наведеното не е оправдување во таа смисла, наведеното стои, затоа што околностите се објективни. Имаш податоци, факти, од нив се извлекува заклучок. Не ги измислив јас 96-те повреди или десетте во моментов, ниту пак преседанот направен на почетокот од ланската година кога Челзи беше жртва на геополитички збиднувања и војна во Украина. Тие постојат и без мене.
Оправдување, во таа смисла, ќе беше доколку измислував теории на заговор, одев надвор од контекст, зборував за ситуации кои не се случиле. Вака, мислам дека е сосема јасно.