Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
Кога рековме на состанокот пред 2 години дека ќе ги вратиме сите мислевме буквално. Нека остане за пример на сите идни ултаси и сегашни дека ентузијазмот на 7 луѓе се претвори во лавина!

Нека почиваат во мир двајцата Прилепчани, голема трагедија е за толку млади луѓе да си го одземат животот. :(

Не знам дали се на некој начин поврзани или секој во себе си водел посебни битки, но две самоубиства во една недела од кои едното е со самозапалување е страшно.

Да беа некои куравели еден месец ќе се јадеше гомна, милијарда пораки ќе се испратеа и Инстаграмот ќе фрштеше од видео обраќања на инфлуенсериве, ама затоа што се навивачи(мажи) никој не се замара со ова.
 
Attachments

  • FB_IMG_1672736534728.jpg
    FB_IMG_1672736534728.jpg
    75,9 KB · Прегледи: 57
Нека почиваат во мир двајцата Прилепчани, голема трагедија е за толку млади луѓе да си го одземат животот. :(

Не знам дали се на некој начин поврзани или секој во себе си водел посебни битки, но две самоубиства во една недела од кои едното е со самозапалување е страшно.

Да беа некои куравели еден месец ќе се јадеше гомна, милијарда пораки ќе се испратеа и Инстаграмот ќе фрштеше од видео обраќања на инфлуенсериве, ама затоа што се навивачи(мажи) никој не се замара со ова.
Може не е ова за овде, ама ајде, колку што разбрав и двајцата се коцкале, на големо и тоа, за жал ова е се почесто кај членовите на навивачките групи ширум Македонија, еден многу сериозен проблем кој треба да се искорени заедно со прекумерното конзумирање на алкохол и опојни дроги.
 
Тоа се случува кога во државата не функционира ништо.
Казина и кладилници на секој чекор, најдобрите спортисти ти се рекламни лица на места за давање на брзи кредити. Сите млади одбираат брз живот во кој додека си млад се правиш пепел секој ден, уплаќаш дојави по цел ден, брза пара, бесни коли, само нешто купуваш, препродаваш, образование нула. И на тие години имаш повеќе пари од сите што се мачеле да студираат, бавно да напредуваат кариерно, жртвувале дел од времето за забава, дупиш некои дрољи за пари.

После ќе спукаш дете на некоја таква или ќе имаш некоја мирна жена (безгласна буква) што ти е девојка од основно, ќе те трпи секој викенд да си излезен по кафани, да не гледаш ни деца ни ништо, ќе ставате новогодишни слики ко да сте најсреќни.

И после се самоубил на 30-40 години. Епа лека полека дел ќе се свестат, ќе се тргнат од тој живот, ќе сфатиш дека веќе не си млад и веќе не те игра никој во шемите, немаш контакти, се појавиле помлади кои се далеку пред тебе, друштвото пола се преселиле, пола се фамилијарни луѓе, парите ти ги јадат од дома, долгорочно не можеш ни школото да му го платиш на детето, заглавен си со кредити од секаде...

За жал, така се воспитуваат младите во Македонија, идоли им се деца на криминалци што ја опљачкале цела држава, сакаат да се како нив. И возможно е тоа, ама се' до оној момент додека не створиш фамилија и сфатиш дека веќе не одговараш само за себе, туку мислиш и на друг.
 
Од тоа што слушнав муабет јас од бивш член на Мајмуни тука, убеден е дека последното самоубиство е наместено и дека дечкото не би дигнал рака на себе. Баш првото самоубиство со самозапалување го коментиравме тука, знаев дека се работи за коцкање зошто само тоа бедата да размислуваш до тој степен, на такво самоубиство, мора да имаш некој огоремен револ кон себе или нешто појако од тебе за да го направиш тој чин, во секој случај трагично. Треба можеби да се поработи и на тоа во групите, наместо коцкање, тие саати може да се поминат на бесплатно одење на занает, исто една тема што ја теравме деновиве бивши коцкари тука :icon_mrgr: сите тие изгубени пари и време да ги поминеш во некој канал, кај некој што мести плочки или клими, ќе добиеш многу повеќе во животот. За образование да не ни правиме муабет.
 
Бедата во државава си го прави своето. Има зависници од коцка ама 90% од времето е поради сиромаштија... Нас тука како народ да не земат во Америка сите ќе не пратат по психијатри и по терапии. Последниве 4 години се доста мизерни и депресивни.

Самоубиство е многу сериозна работа, јака им душа на фамилиите. Нека им е лесна земја.
 
Тоа се случува кога во државата не функционира ништо.
Казина и кладилници на секој чекор, најдобрите спортисти ти се рекламни лица на места за давање на брзи кредити. Сите млади одбираат брз живот во кој додека си млад се правиш пепел секој ден, уплаќаш дојави по цел ден, брза пара, бесни коли, само нешто купуваш, препродаваш, образование нула. И на тие години имаш повеќе пари од сите што се мачеле да студираат, бавно да напредуваат кариерно, жртвувале дел од времето за забава, дупиш некои дрољи за пари.

После ќе спукаш дете на некоја таква или ќе имаш некоја мирна жена (безгласна буква) што ти е девојка од основно, ќе те трпи секој викенд да си излезен по кафани, да не гледаш ни деца ни ништо, ќе ставате новогодишни слики ко да сте најсреќни.

И после се самоубил на 30-40 години. Епа лека полека дел ќе се свестат, ќе се тргнат од тој живот, ќе сфатиш дека веќе не си млад и веќе не те игра никој во шемите, немаш контакти, се појавиле помлади кои се далеку пред тебе, друштвото пола се преселиле, пола се фамилијарни луѓе, парите ти ги јадат од дома, долгорочно не можеш ни школото да му го платиш на детето, заглавен си со кредити од секаде...

За жал, така се воспитуваат младите во Македонија, идоли им се деца на криминалци што ја опљачкале цела држава, сакаат да се како нив. И возможно е тоа, ама се' до оној момент додека не створиш фамилија и сфатиш дека веќе не одговараш само за себе, туку мислиш и на друг.
Како реплика и дополнување на твоево од мој аспект а побајаги време мислам да напишам збор-два за овие работи на форумов но не сум наоѓал соодветна тема или дискусија за да го споделам, па еве сега кога веќе се дебатира да се вклучам.

Младиве во Македонија се жртви на својата просечност, да не кажам глупавост, тотално се засенети од бумериве кои се најголемо дно, тие наместо да ги надминат како млади, со достап на интернет да видат како функционира светот, бунтовност, тие не само што не го победија тој лузерски мајндсет туку го набилдаа уште повеќе, со социјалните медиуми во Македонија сите мислат исто губитнички, генерации на кои треба да им се плукне по младоста, да дозволиш тотално да те засенат и да ти го наметнат нивното размислување генерации кои не направија ништо во животот е трагедија од невидени размери.

Целата филозофија на животот кај Македонецот е материјално, колку пари имаш, кој автомобил го возиш, фрижидери и полни маси, духовни работи како што е и навивањето каде што ова го дискутираме одамна се аут, затоа во таа неедуцираност која владее меѓу младиве се навлегуват на комар, разни финансиски гуруа и ситеми кои функционират како секти, брзи кредити за кои не мислат колку и како треба да ги вратат и да не редам, примерите си ги знаеме сите ги имаме насекаде околу нас, како крај спасот е барање виза за идење у Германија, каде што ќе си ги перат гомната што ги засрале тука а ќе продават ветар и магла по социјални медиуми.

Друго бумериве наметнаа на младиве дека успех е само напуштање на државата, значи ако си стигнал до Германија си успеал, ако останеш и успееш тука тоа не е вредно, тука си , надвор е поубаво, парите на тротоари растат, колку само луѓе со висок потенцијал и IQ потпаднаа на тоа и се сега дел од простата маса , кога ќе само кажеш дека имаш друго сфаќање за тоа што е животот, дека тука ти е поубаво и дека единствено ти фали среден систем и подобра работа , веднаш те стрелат со поглед, како тоа се осмелуваш да размислуваш поинаку од масата.

Се тоа на страна, главен проблем во Македонија е што нема никаква дискусија за овие болни прашања во општеството, ајде јасно е зошто на мејнстрим медиумите тоа го нема, но ние како држава немаме никакви алтернативни медиуми, немаме ниту еден нормален алтернативен подкаст на You Tube или било кој социален медиум каде тоа може да се дискутира, порано Кајгана беше таква се до "револуцијата" oдтогаш и таа изгуби смисла, нема место каде што ќе се води борба против ова лудило да се извлечат младите од него , секогаш ваквите револуции доаѓаат од субкултури како што е и оваа за која дискутираме на темава, но кај нас тие се тотално вклопени од страна на сивилото.

И овие дикусии ќе траат ден-два како се во државата и се враќаме да го живееме неподносливото секојдневие како ништо да не било, одамна е време за алтернативни медиуми, организации, за гласно дикустирање на овие прашања , овие теми, јас искрено се надевам дека конечно еден проект кој го дискутираме 4 години ќе заживее, за да ја извлечеме младината од бездната и очајот, редно е да се стави крај на ова лудило и пропаѓање на едно општество, а дали тоа ќе биде или ќе си останеме кукавици времето ќе покаже, според мене бегањето од Македонија по секоја цена не само што не е решение, туку уште толку ја влошува бедата во која живееме како поединци.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom